Сојузни избори во СР Германија 2017

Кој ќе биде Канцелар на СР Германија по изборите во септември?

  • Вкупно гласачи
    34
https://www.votebuddy.de/en/index
One third of those entitled to vote participate in elections - for lack of time or because they don't know who to vote for. On the other side there are over eight million adults, who are not allowed to vote. That is about 10 percent of the population, who are excluded from representative democracy, but want to take part in political decision making. VoteBuddy connects those people and arranges vote exchanges to create a win-win situation for everyone.

Значи имаш право да гласаш ама НЕ сакаш да гласаш за никој од понудените кандидати или поради ХХХ причини, пријави се и некој што нема право да гласа, ќе го добие твоето право :pos::pos: . Вин Вин за политичарите секако
Нема да има манипулации, тие се цивилизирани, не се како нас :lolzz:
 
Интересно ќе биде во недела и понеделник по изборите.

Очекувам Меркел и Шулц да си го продолжат дуетот со сигурна победа на Меркел.

Меѓутоа, најголемото изненадување и енигма на овие избори ќе бидат AfD. Анкетите им предвидуваат сигурен влез во парламентот со 10 до 13 проценти гласови со што ќе се позиционираат како најголема опозициска партија во Бундестагот.
Јас лично мислам дека процентот ќе биде уште поголем, можеби до кај 15-16%, од причина што многу Германци се плашат да кажат дека ќе гласаат за нив.

Е после во парламентот ќе биде интересно како ќе ја развијат нивната стратегија. Таму мислам ЦДУ за две три години ќе ги скрши AfD како партија.
 
Се согласувам но и исто време не ми е јасно, како успееа од AfD да "направат" крајно десна партија кога тоа не се.Да, поради мигрантите крајно десни сили ќе гласат за нив, но не се крајно десна партија.Правата крајна десница во Германија е NPD.
 
Па добро нивните изјави на повеќе високи функционери за имигрантите и флертување со настани од втората светска војна ги туркаат таму. Имам впечаток дека во AfD има едно умерено и едно крајно десно крило. Нивната релевантност е само имигрантската политика, и дали ќе продолжат да наградуваат на тоа ќе видиме после изборите. Меркел остави многу празно место десно од центарот.

NPD е веќе тешка категорија :)
 
AfD по тоа што читав од нивната програма на почетокот се дел од бранот партии кои себеси не се гледат лево-десно и со конкретна идеологија, туку своите политички принципи ги базират на моменталната состојба и потреби во државата.Пример кога ќе исчезне проблемот мигранти (иако тоа тешко во скора иднина) може комотно да се преобрнат и да станат партија која би била поблиска пример на центарот или благо лево настроена.
Искрено ваквите движења не знам колку имаат иднина, но ете ги има.Тука се и т.н. следбеници на Третиот пат, но сепак тие комотно може да се вклучат а и се дел од крајната десница, само одбиваат да се декларират како такви.
Во главно партиите како AfD се антиглобалистички настроени.
 
Тие партии се популистички кои се формираат поради игнорирање на некоја тема од политичарите како на пример УКИП во Британија чија едина причина за постоење на партијата беше излез од ЕУ. Сега кога Британија ја напушта ЕУ, партијата се распаѓа и нејзините гласачи си се прераспределуваат каде што припаѓале/гласале претходно (Конзервативната Партија пред се).
 
Не ја разбирам потребата да се излегува да се протестира против AfD. Демократијата треба да се прифати како таква и резулатите се глас на граѓаните. Треба да се анализира зошто граѓаните така решиле да гласаат а не да се влегува во конфликт.

Напротив, вакви протести може да вродат до уште поголем успех кај AfD.
 
Изгледа и дојде крајот на Меркел. Синоќа либералите одбија да продолжат да преговараат за правенње коалиција со ЦДУ/ЦСУ и Зелените. Со тоа опциите на Меркел драстично се намалуваат.
- СПД одбива да прави коалиција оти во тој случај иако би биле на власт би изгубиле долгорочно а веќе сега се со очајни 20%.
- Нови избори можно е да има а во тој случај не знам дали ЦДУ/ЦСУ со Меркел би добиле сличен резултат, значи најдобро би било при нови избори да одат со други кандидат.
- Малцинска влада: Нешто што досега го немало во Германија но напати се спомнува како опција. Иако Германија напати личи и на конзенсуална демократија, далку се од скандинавските земји и прашање на време е кога евентуалната малцинска влада би влегла во ќор сокак и на крај идеме пак на нови избори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom