Полицијата во Неготино поднесе три кривични пријави против градоначалникот, Ванчо Апостолов поради постоење основано сомнвеање дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластувања“.
Како што соопшти МВР, првата кривична пријава е поднесена затоа што пријавениот - во својство на градоначалник на општина Неготино во јуни 2014 година склучил договор со веб-портал од Неготино, а предмет на договорот било рекламирање во веб-порталот, објавување на огласи и конкурси, објавување на текстови за тековното работење и вршење други услуги од информативен карактер за општина Неготино во времетраење до први септемри 2014 година.
Втората кривична пријава е поднесена затоа што пријавениот, по поднесено барање од страна на ДПТУ „Рудна енергија доо“ од кавадарци од 14 декември 2015 година, до советот на општина Неготино за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на фотонапонска електроцентрала, издејствувал советот на општината во декември 2015 година да донесе одлука со која се одобрува барањето на правното лице.
Во третиот случај, пријавениот во октомври 2015 година донел решение со кое го именувал Љ. Д., вработен како одделенски наставник во ОУ „Страшо Пинџур“ за в.д. директор на ова основно училиште од Неготино.