Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.579
Поени од реакции
16.782
Социјална категорија е ако со неа не можеш да живееш.
Лесно им е на оние 1% со просечна плата од 300.000 денари да го врват месецот економски.
Но со плата од 10.000 денари а месечни трошоци од 30.000 денари мореа да се справуваат стотици иљади работници во Македонија. Тоа е веќе социјална категорија.
Да прашаш некој министер или преиерот од минатата власт колку кошта едно пазарење во продавница, колку изнесуваат месечни сметки... појма немаат затоа што тие живеат Економски, не плаќаат тие, немаат тие допирни точки со реалноста, службен шофер ги води каде сакаат во џепот службена картица, само ја врви на читачот а сумата на сметката ниту ја гледа ни чека ред по шалтери ни дома собира фискални да види каде потрошил и за што, не знае каков е вкусот на растителен кашкавал или посебна специјал салама, нема купувано 150 грама мелено па да му клаи дома уше 300 грама соја трошки за неделен ручек....
Тие живеат во друг свет, различен од оној на обичен човек, работник
пак спамираш тролу !!
Државата не произведува пари туку зема од народот. Плата е економска категорија во цел свет !!, а социална категорија е СОЦИЈАЛНА ПОМОШ !!
Може некој да има плата 12000 а да има други приходи 100.000 месечно, сега државата ќе му ги субвенционира тие 12000мкд ?????????
Најлош сценарио е идиотизмот, кобајаги спирала на раст на плати, само карање и незадоволство...ќе стимулирала владата свои фирми кој ќе давале 2х повеќе од просечна плата , 46.000мкд плата на ВСС кадар...
Е сега дури ќе има масовен егзодус во странство на кадар со спрема > од ВСС а кој не зема ни 30.000плата.
Истото го има и во фудбалски клубови, на Јанко ќе му дадат повеќе од Петко па Петко ќе си отиде ...
Друго, доста лажење, ете човекот убаво докажува, во ЕУ нема да влеземе по условите барем 30 години
Па и сите држави ОКОЛУ не ги исполнија условите, влегоа од политичко стратешки причини

Ако покажеше на времето Русија интерес за нас, може и ќе влезевме... арно ама едно разбраа дека со покажување интерес само ќе не втурнат во Нато, друго и поважно повеќе им значи на Русија Грција да биде и понатаму тројанец во ЕУ и Нато отколку ние да бидеме и база за руски подморници во Охрид:icon_mrgr:
Имаше некој обиди да ја притиснат Грција пред одморите, отиде и Хојт таму ама си доби корпичка во ФАЦА, исто како бушавиот 2008 во Букурешт.
Со најновата ситуација , сега кога Турција ги набрка од Ингирлик, а купува ракети од Русија, водата оди на грчката воденица... се друго е замајување и самолажење
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
Ако така мислиш.. ОК. Јас друго пишував и би те замолил да одговориш на соодветно ниво. Мислам дека аргументи доста дадов. Ако немаш материјал да напишеш нешто, не е во ред вака да го омаловажуваш квалитетот на дискусиите.
Секако дека не треба да се омаловажуваат дискусиите кои имаат било каков квалитет.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Прво не подржувам такви организации.Повеќето не ни постојат и не се активни, него се вклучени во политичкиот живот на нивните земји или се на долга робја.Сите делувале на своја територија односно во засегнатата држава,а не низ цела Европа.
Неделно во Ирак,Сирија,Авганистан гинат над 200 цивили од самоубиствени терористички напади.

Во Ирска се бореја за територија а не поради вера.Северна Ирска да се припои кон Република Ирска.
Европа постоеше и пред денешен ден и ќе постои утре
Тероризам постои и постоеше, дали на верска, дали на политичка основа, убивање и разнесување на цивили по улици, кина, авиони, шопинг центри железнички станици... имало и пред некој муџахедин да заколе некого и ќе има и понатаму. Европа има богата терористичка историја, во време кога во европа разнесуваа цивили по улици, во Авганистан, Сирија , Ирак било мирно и земјите биле напредни, ти би сакал да застане историјата во моменти кога тебе најмногу ти одговара и појќе да не мрдне. Тоа се глобални светски процеси и ќе си трајат, можеби слично со ЕТА или ИРА и со нив некој ден во иднина ќе се склучи некој договор и ќе се интегрираат во општеството како немилитантно движење. До тогаш, избегавај поголеми јавни настапи и патувања во ризични земји и места.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
пак спамираш тролу !!
Државата не произведува пари туку зема од народот. Плата е економска категорија во цел свет !!, а социална категорија е СОЦИЈАЛНА ПОМОШ !!
Може некој да има плата 12000 а да има други приходи 100.000 месечно, сега државата ќе му ги субвенционира тие 12000мкд ?????????
Најлош сценарио е идиотизмот, кобајаги спирала на раст на плати, само карање и незадоволство...ќе стимулирала владата свои фирми кој ќе давале 2х повеќе од просечна плата , 46.000мкд плата на ВСС кадар...
Е сега дури ќе има масовен егзодус во странство на кадар со спрема > од ВСС а кој не зема ни 30.000плата.
Истото го има и во фудбалски клубови, на Јанко ќе му дадат повеќе од Петко па Петко ќе си отиде ...
Друго, доста лажење, ете човекот убаво докажува, во ЕУ нема да влеземе по условите барем 30 години
Па и сите држави ОКОЛУ не ги исполнија условите, влегоа од политичко стратешки причини

Ако покажеше на времето Русија интерес за нас, може и ќе влезевме... арно ама едно разбраа дека со покажување интерес само ќе не втурнат во Нато, друго и поважно повеќе им значи на Русија Грција да биде и понатаму тројанец во ЕУ и Нато отколку ние да бидеме и база за руски подморници во Охрид:icon_mrgr:
Имаше некој обиди да ја притиснат Грција пред одморите, отиде и Хојт таму ама си доби корпичка во ФАЦА, исто како бушавиот 2008 во Букурешт.
Со најновата ситуација , сега кога Турција ги набрка од Ингирлик, а купува ракети од Русија, водата оди на грчката воденица... се друго е замајување и самолажење
Нема везе ова. Ти да видиш у Хрватска како е заникаде. А они се у ЕУ.:eek:
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Зато и ти велам, нба времето значеше нешто даден збор или ветувања. Тоа се највисоки органи на власта, ако меѓу нив има сомненија, лаги, подвали и превари, тогаш нека се воведе од сега да има нотарски заверена изјава за мнозинство.
Али уставот е таков и се до Иванов на никој не му пречело тоа. Секогаш поштено и спрема устав се формирани влади со мандатори.
Проблем немаше ни кога претседател бил Глигоров ни кога беше Црвенковски ни кога беше Трајковски. Проблем се појави со Иванов кој реши да го изигра уставот. Е сега пошто е претседател, тој може да изводи, оди ти пробај да го прекршиш уставот па за 24 сати ќе се најдеш во затвор. Но тој е претседател има имунитет, избран од народот како пример за чесен и паметен чоек но ете ги изневерил тие вербите.
Еден ден ќе одговара за тоа али ко ќе му помине мандатот.
Не е точно. Имаше проблем кога Глигоров сам реши да прави влада. Сам избра човек да прави влада. Односно, диктаторски.
Лет... збор може да важи само меѓу обични пријателски односи. И Алија Ахмети бараше нешто, збор си дадоа за „победник со победник“, ама бесата кај Али не била беса. Мивка. Јас побргу би се повлекол отколку да ги лижам сопствените плукања. Да испаднам крпа за бришење. Тоа е збор Лет. Ако не можеш да го исполниш... чесно го признаваш и се повлекуваш. Затоа, само пишан закон важи, другото е дрн-дрн. Па Заев колку збора даде, а ги прекрши? Оставка најавуваше ако изгуби. Ејјјј... Кој образ има сега? Па лаги дека нема тиранска платформа.. па еве, гледаме како трча да ја исполни. Итн... Само закон и ништо друго. Ако не е добар, нека се менува, додека е на сила, да се применува.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.310
Поени од реакции
15.471
Нема везе ова. Ти да видиш у Хрватска како е заникаде. А они се у ЕУ.:eek:
Hrvatska koga vleze vo vojna....zapadot odma i prefrli 200 milioni dojč marki...da i se najdat...

a nie koga vlegovme vo vojna so nivna pomoš...ni prefrlija nekolku pratki so naoružanje...ama na Šar Planina...da im se najdat na učkite

Golema razlika e toa vo "podrškata"
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
пак спамираш тролу !!
Државата не произведува пари туку зема од народот. Плата е економска категорија во цел свет !!, а социална категорија е СОЦИЈАЛНА ПОМОШ !!
скроз наопаку си поставен.
надлежен за закони и прописи за плати во Македонија не е министерство за ЕКОНОМИЈА туку за труд и СОЦИЈАЛНА политика
така да платата е СОЦИЈАЛНА категорија посебно овде во Македонија каде стотици иљади вработени земале плата 3 пати помала од месечни трошоци.
 
V

viktora

Гостин
ај иди прочитај уште еднаш, па врати се
Прочитав во право си бил.Не било за независност или за обединување на цела Ирска.Исто како во Краина каде православни и католици војуваа или во Босна каде муслимани,католици и православни се бореа за вера а не за територија.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Не е точно. Имаше проблем кога Глигоров сам реши да прави влада. Сам избра човек да прави влада. Односно, диктаторски.
Лет... збор може да важи само меѓу обични пријателски односи. И Алија Ахмети бараше нешто, збор си дадоа за „победник со победник“, ама бесата кај Али не била беса. Мивка. Јас побргу би се повлекол отколку да ги лижам сопствените плукања. Да испаднам крпа за бришење. Тоа е збор Лет. Ако не можеш да го исполниш... чесно го признаваш и се повлекуваш. Затоа, само пишан закон важи, другото е дрн-дрн. Па Заев колку збора даде, а ги прекрши? Оставка најавуваше ако изгуби. Ејјјј... Кој образ има сега? Па лаги дека нема тиранска платформа.. па еве, гледаме како трча да ја исполни. Итн... Само закон и ништо друго. Ако не е добар, нека се менува, додека е на сила, да се применува.
победник со победник нема нигде во закон. Не е уредено такво нешто.
А за мандат на влада и потребни услови си има во устав. Партија или ПАРТИИ со мнозинство во собрание. Можеше иванов да ги повика Ахмети и Груевски па заедно да кажат пред него дали имаат коалиција, можеше на груевски да му побара потписи, можеше да го натера да се заколни во библијата....

Друга работа е што и груевски тешко го прекршил уставот на ниво на предавство, имено уставот вели:

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Груевски по устав требаше од како го доби мандатот да состави влада и предлиожи на собрание да ја изгласа. Го зеде мандатот но не состави влада. Како од ова ќе се брани на суд?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А има масовно иселување од Хрватска во Германија и др. држави. Да се чуди човек.
Имаш иселување и од Германија во Америка. Да не значи тоа дека не чини Германија? :(
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Од што да напраиме отстапки? Некој автопат изграден во времето на Тито, целиот распаднат и со дупки, да не го викаме Александар Македонски? Или турскиот аеродром да не го викаме Александар Македонски? Или Вергина да престанеме да ја ставаме на капаци од шахти на канализација?
Проблемот со Грција ни го насукаа егејците во дпне, истите што беа широкоградо примени во Социјалистичка Македонија по егзодусот по граѓанската војна во Грција. Што им беа дадени станови, работа, ослободување од служење воен рок во ЈНА? Тие? Ќе ги враќале имотите во Грција - жими К ќе ги врата...кога Србите ќе враќаат имоти на Косово тогаш и ние ќе се вратиме таму. Од шо ве заболе за Егејска, си ја дадовте Западна, да не речам и цела Вардарска.
Многу сте патетични кога се палите на карти за голема албанија, а на карти на етничка Македонија оргазми доживувате. Малку потолерантен и помудар политичар овде, прво би расчистил со тие националистички идиотски идеи, па после би барал решенија надвор. дпне у последниве години не однесе у таков ќорсокак со антиквизацијата и со инфантилната надворешна политика со кошкање, да господ бог не може да извади поволна позиција за нас во спорот со Грција.
Кое сие така, си е така, ама...не паратеку. Еве например, jaска сум егеец, со 2 дукjани во Солун и еден во Костур. Со 5000 овошки, 2000 добиток и уште курци и палци. Ама не си ги сакам. И прадедо ми не ги посака уште во 21, па ги даде на Бугарската држава да си ги плати рапарациите, за една војна, дека свите знаели дека ке се загуби, ама немало како друго jaче. Решил дека тоа, дека го напраил во Америка-тоа. Братучедите во Скопje и Перт немае ни овошки, ни магазини, ни добиток. Тие станае комунјаци. Е те тие си ги сакве имотите. Во моjaта терминологиja седат збориви комунист и комунjак, кое се разни работи. Ако сакаш, некоj пат, да ти разкажам, како тоа се сторило по Егеjско и зашчо, понеге Лазето Т'рповче (и тоj братучед) не донесе во Костур комунизам, теку комунjаштина. Затоа, кога ке правиш анализ на денешна БJРМ и тие лугje, не вели Егеjци, вели Комунjaци.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
А има масовно иселување од Хрватска во Германија и др. држави. Да се чуди човек.
Mилиони руси мигрираа во Америка, само 20.000 руски научници заминаа да си работат во старата доба УСА
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Се праи пара во Македонија само сака работа, иновативност, предузимливост и многу труд.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Кое сие така, си е така, ама...не паратеку. Еве например, jaска сум егеец, со 2 дукjани во Солун и еден во Костур. Со 5000 овошки, 2000 добиток и уште курци и палци. Ама не си ги сакам. И прадедо ми не ги посака уште во 21, па ги даде на Бугарската држава да си ги плати рапарациите, за една војна, дека свите знаели дека ке се загуби, ама немало како друго jaче. Решил дека тоа, дека го напраил во Америка-тоа. Братучедите во Скопje и Перт немае ни овошки, ни магазини, ни добиток. Тие станае комунјаци. Е те тие си ги сакве имотите. Во моjaта терминологиja седат збориви комунист и комунjак, кое се разни работи. Ако сакаш, некоj пат, да ти разкажам, како тоа се сторило по Егеjско и зашчо, понеге Лазето Т'рповче (и тоj братучед) не донесе во Костур комунизам, теку комунjаштина. Затоа, кога ке правиш анализ на денешна БJРМ и тие лугje, не вели Егеjци, вели Комунjaци.
Не те разбрав многу. Каде живееш? Од каде потекнуваш?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
победник со победник нема нигде во закон. Не е уредено такво нешто.
А за мандат на влада и потребни услови си има во устав. Партија или ПАРТИИ со мнозинство во собрание. Можеше иванов да ги повика Ахмети и Груевски па заедно да кажат пред него дали имаат коалиција, можеше на груевски да му побара потписи, можеше да го натера да се заколни во библијата....

Друга работа е што и груевски тешко го прекршил уставот на ниво на предавство, имено уставот вели:

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Груевски по устав требаше од како го доби мандатот да состави влада и предлиожи на собрание да ја изгласа. Го зеде мандатот но не состави влада. Како од ова ќе се брани на суд?
Во ред е. Уставот го цитираш. Ама многу пливаш „по потреба“. Сега, збор е битен или закон (устав)? Одлучи се еднаш засекогаш. Каде е напишано дека претседателот треба да повика некого да докаже мнозинство. И како ќе го докаже тоа мнозинство. Не е дефинирано. На збор? Или по устав? Јас велам дека треба да се прецизира. Сериозен момент е тоа. Мнозинство може да се докаже само при гласање. Пред тоа е претпоставено мнозинство. Кој можеше на Тачи да му забрани да побара мандат со тврдење дека има мнозинство. Врз база на што би го одбиле, или прифатиле?
Единствено верификувано мнозинство е победа на избори. А и тоа не е сигурно при гласање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom