Советувалиште за родители, деца и млади

Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
”Mladite i sexot”
(nameneto za roditelite)

Mnogu cesto, roditelite i ne pomisluvaat deka nivnite ”mali” deca razmisluvaat za sexot. No,tie ne samo sto pomisluvaat,tuku i go praktikuvaat. I koga roditelite ke cujat vakva izjava,se plasat,se branat so izjavite: ”moeto dete e uste malo”,”nego ne go interesira toa seuste” i sl.

I tuka ja pravat osnovnata greska.

Mozebi nivnoto dete i navistina seuste ne e navlezeno vo tie vodi,no sigurno e deka go interesira temata,saka da se informira,da doznae,da istrazuva. Plasejki se od reakcijata na roditelite,decata najcesto osnovnite i prvicni informacii gi dobivaat od svoite neuki i neiskusni drugari i drugarki,so koi si gi razmenuvaat najintimnite zivotni momenti. Cestopati i se sramat da gi prasaat roditelite za sexot,pa ostanuvaat kusi za informacija i znaenje,osobeno za preventivni merki na zastita.
Kolku i da izgleda neverojatno,denes ne e cudno ako devojce na 15 godisna vozrast koe nemalo seksualno iskustvo,se smeta za ”prestareno”. Granicite na vozrasta na koja se zapocnuva so sexot se drasticno pomesteni kon nadolu,pa taka denes, decata na svoi 14 godini vece se falat so svoite sexualni dozivuvanja i iskustva.

Za da ne dojde do ova i za da roditelite uspesno gi podgotvat svoite deca za zivotot,a osobeno za ljubovniot zivot,treba navremeno i soodvetno da razgovaraat so svoite deca na temata sex. Mozebi ke bide neprijatno za dvete strani,no samo na pocetokot. Potoa ke sledat bura na prasanja,na koi duri i ke se iznenadite i ke se fatite sebe si deka i ne gi znaete bas site odgovori.
Vakvite otvoreni razgovori treba da zapocnat nekade okolu 12-13 godisna vozrast na deteto,iako ne projavilo interes.(neka vi padne na pamet deka ne projavuva interes pred vas). Treba da bidat lezerni i nonsalantni, neusileni i slobodni. Ne zboruvajte za sebe i svoite iskustva,toa decata gi odvraca od razgovorot i istiot go dozivuvaat kako ”lekcija”.
Zboruvajte otvoreno,iskreno,pottiknete razgovor vo koj zaednicki ke participirate,a nema samo vie da zboruvate. Upotrebuvajte gi zborovite: sex, ljubov, odnosi, penetracija, predigra, zastita, eden ili poveke partneri...Ne odete vednas kon posledicite. Toa ke gi isplasi i nikogas poveke nema da ve prasaat ili da vi se doverat.
Bidete ednakvo neiskusni vo tekot na razgovorot kako i vaseto dete i razgovarajte na negovo vozrasno nivo,izbegnuvajki gi vozrasnite razliki i barieri. Osobeno izbegnuvajte gi izjavite: ”…e vo nase vreme..”!

Najdobro vreme za vakvite razgovori so vasite deca se kafe-pauzite, dobar film koj moze da vi posluzi kako osnova za muabet,statija vo vesnik ili informacija dobiena od internet. Ke se zacudite,ako se zaclenite na nekoj od makedonskite forumi na Internet,kolku mnogu mladi razmenuvaat informacii i iskustva na ovaa tema.
Vklucete se vo internet prostorot,bidete blisku do svoite deca,citajte sto citaat,gledajte sto gledaat,slusajte sto slusaat. Koga ke pokazete razbiranje za nivnite interesi na drugite polinja,iako mozebi kosa vi se kreva na glava, ke go steknete nivnoto vnimanie i doverba. Ke imaat vpecatok i ke bidat srecni sto imaat ”inn” roditeli,koi se vo trend i ke sakaat da razgovaraat so vas. Ke bidat slobodni bez strav i sram da vi se otvorat i doverat.
Ne im se smejte,ne pokazuvajte pred niv strav,ne gi ironizirajte.

I na krajot,pozelno e posle vakvite intimni muabeti,da go gushnete svoeto dete,da go pottiknete povtorno da se vrati vo vashata pregratka kade ke se cuvstvuva razbrano,bezbedno i sigurno.

Sekoe dobro!


IM KAZAV NA RODITELITE.:)
GI MOLAM, MENE, DA MI KAZAT MLADITE!!!
(vie ste na red) - fala.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Ништо не може да ја замени живата комуникација
Родителите само создаваат проекција дека на детето му обезбедуваат сe што му е потребно, наедно искупувајќи го сопственото чувство на вина!


Во поново време сведоци сме на една контрадикторност: се почесто се зборува за недоволна материјална сигурност на семејствата, а од друга страна, една генерација деца, добива од своите родители се што ќе посака. Каде ги гледате корените на овој феномен?

-Можеби ќе звучи малку драстично, меѓутоа јас лично и професионално сметам дека корените лежат во неизживеаноста на родителите, кои сега наеднаш се дојдени во ситуација да имаат и да им го овозможат на децата тоа што тие го немале. Следејќи го сопствениот модел на немаштија, на чувство на незадоволство предизвикано од немањето на се што се посакало, сега тие ги затрупуваат, буквално ги затрупуваат своите деца со се и сешто, и тоа што им треба и тоа што не им треба, предизвикувајќи кај нив презаситеност и чувство на инфериорност.

Дали на овој начин родителите се обидуваат да купат љубов од своите деца?

-Па, не секогаш. Повеќе можеби за себе "купуваат“ нешто, отколку за децата. Да речеме, на тој начин си обезбедуваат себеси повеќе самодокажување, самоактуализирање, отколку што "купуваат“ љубов кај децата. Ова, секако, важи за слојот што моментално е во ситуација да има материјални средства, за разлика од другите кои, најблаго речено, се хендикепирани во тој поглед.

Но, колку во современиот живот, опсипувањето на децата со скапи подароци не е и начин за надоместување на недоволната посветеност спрема децата?

-Се случува и тоа, но повеќе кај луѓе што обично се занимаваат со долготраен семеен бизнис, во континуитет, па одеднаш доаѓаат во ситуација да сакаат да формираат семејство, дом во кој има спокојство и хармонија, а не успеваат да го постигнат тоа, бидејќи се зафатени со трката по заработувачка. Во тој случај, можеме да зборуваме за "купување“ на детето во смисла на внимание, на грижа. Меѓутоа, тоа, дефинитивно, е погрешно, бидејќи тоа не е начин за да се обезбедат љубов и внимание. Детето има недостиг од жив збор, објаснување, комуникација, недостиг од прегратка, од топлина. Родителите на овој начин само создаваат проекција дека му обезбедуваат на детето се што му е потребно, наедно искупувајќи се себеси, односно сопственото чувство на вина.

Во светски рамки, основниот виновник за разгалените деца се смета задоцнетото родителство. Во која мера тоа е случај и кај нас?

-Според искуствата што ги имам, во помалку од 50 отсто од случаите, што е прилично голем процент, задоцнетото родителство произведува незадоволни деца, малку поагресивни во однесувањето, подевијантни во секојдневјето, за разлика од другите, кои се нормално, навреме добиени. Родителите што долго ги очекувале своите деца, покрај љубов, грижа и топлина, им овозможуваат и материјални добра во прекумерни количества. Резултатот кај сите деца е ист, без разлика од која типологија произлегува прекумерното обезбедување материјални добра од типот компјутери, мобилни телефони на возраст на која конгнитивниот развој не е завршен (на пример, во четврто одделение) и други производи што се во тренд, па оттука произлегува и злоупотребата на таквите добра, што ако се на соодветна, адекватна возраст дадени, би предизвикале позитивен резултат.

Денес се почесто се среќаваат семејства со само едно дете. Дали повеќедетните семејства би ја вратиле нарушената рамнотежа?

-И лично, а и како професионалец, сметам дека повеќедетните семејства, дефинитивно, имаат поразлична атмосфера за разлика од еднодетните, затоа што децата, сами по себе, создаваат поинаква динамика, а меѓусебните односи се развиваат низ жива, активна комуникација, што постои дури и да не се присутни родителите. Во еднодетните семејства, пак, детето е препуштено само на себе или на училишната средина и, нормално, му недостига живата комуникација.

Колку при процесот на воспитување треба да се дозволи преговарањето со детето?

- Многу повеќе договарањето, би рекла. Договорот е многу важен сегмент во воспитувањето, бидејќи детето учи да го почитува, а со тоа гради поквалитетен систем на вредности, и во однос на пошироката средина, и во однос на пријателствата.

Како би требало да изгледа современото воспитување во рамките на семејството, при што не би се нарушиле правата на детето и мирот во куќата, од една страна, а и не би се заборавило на постоењето на одговорноста во периодот на детскиот раст и развој?

- Тајната е во организација на времето и просторот во семејството. Семејството е најважната, популарно наречена, микросредина во која детето расте, треба да се чувствува спокојно и безбедно, да ја чувствува хармонијата меѓу родителите, како и блискоста со нив, за да може да им се обрати кога има потреба, проблем, или во секојдневната комуникација.
Ние инсистираме, и покрај преоптовареноста со работни обврски, родителите да направат напор и да си го организираат времето, наоѓајќи секојдневно по час или два што активно би му ги посветиле на своето дете. Тука, секако, не говорам за физичкото, кога мислите "летаат“ некаде настрана, туку за една комплетна посветеност. Децата тоа го чувствуваат како отсуство, првенствено во комуникацијата со родителот, што е неопходна. Затоа, советуваме родителите да им пристапат на своите деца, со објаснување на ниво на возраста на детето за своите професионални ангажмани.
Во таков случај, детето во својот систем и развој ќе вгради разбирање за родителите и поради тоа уште повеќе ќе ги сака.
Еднаква е потребата и на децата и на родителите да знаат со што се занимава другиот, кога е надвор од дома. Со размената на информации од овој тип се избегнуваат меѓусебните проблеми и акумулирањето на негативни чувства, најчесто кај детето.

Веројатно процесот на воспитување ја подразбира и казната. Би можеле ли да зборуваме за идеална педагошка казна, што не би ги збунила ниту детето, ниту родителот?

-Со оглед на тоа што не живееме во идеални услови, не можеме да зборуваме ни за идеални постапки, но, во секој случај, постојат некои мерки, не сакам да ги наречам казни, што во извесни ситуации би требало да бидат преземени од родителите. Особено заради еден момент што е многу важен за детето во развој: тоа мора да научи што е добро, што не чини, што може, што не може, што смее да прави, а што е забрането. Ако детето направи некоја општо неприфатлива, недозволена постапка, родителот мора да преземе мерка во вид на разговор, договор или ускратување на некое од детските задоволства или хобија, што значи не станува збор за застарени казни од типот на физичката, која во никој случај не ја препорачувам. Доколку по некоја таква постапка не уследи санкција, детето ќе мисли дека и тоа му е дозволено, па еден ден, не е исклучено да се судри со законските норми и да настане една диспропорција во вредносниот систем кај него.
А ако постојат санкции и казни, пропорционално мора да постојат и награди за неговите позитивни постапки.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА Еве јас го отварам.Добредојдовте во нашето Кајгана советувалиште,каде што ќе можете да прочитате и по нешто интересно, а и по нешто неинтересно,но потребно.

Доколку имате ситуација,проблем,дилеми,дома,со родителите, внатрешни размислувања и сомневања,ПИШЕТЕ! Ќе одговориме!

Доколку има родители кои имаат „проблеми” со своите деца,нејасни состојби во кои нивните деца се наоѓаат,проблем кој не умеат во моментот да го решат,прашања,размисли,нека пишат,ЌЕ ОДГОВОРИМЕ!

Ајде заедно да споделиме,да разговараме и да се посоветуваме,како да ги надминеме секојдневните животни ситуации кои атакуваат врз нашиот мир и семејна хармонија.
Многу е едноставно,а понекогаш се чини дека нема излез, ИМА!
Тука е,во нашето советувалиште!
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
191
Поени од реакции
0
Незнам дали му е место на прашањево овде но сепак ке го поставам зашто верувам дека многумина родители се нашле во слична ситуација.Во продавница со 6год. девојче и стоиме на каса и ги здогледува презервативите и прашува а што е ова?Во моментот останав без текст не бев спремна на тоа прашање и само реков гумички,ама згрешив вероватно бидејки се надоврзаа милион прашања и на ниедно од нив немав одговор,ја менував темата некако успеав да го одвлечам вниманието од тоа.Кога следниот пат ке го добијам истото прашање како да постапам, што да одговорам.
Се надевам нема да ви делува ова смешно меѓутоа на таа возраст па и неможеш баш лесно да објасниш.Дајте совет.
 

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
Мислам дека таа возраст е сеуште прерана за директно да преминеш на конкретниот и точен одговор. Девојчето е сеуште мало и дури и да му објасниш мислам дека не би сфатило. НАјдобро би било да одговориш дека тоа не е за деца или пак дека е некоја гумена играчка. Барем, јас така би постапил. =)
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
191
Поени од реакции
0
Да во никој случај не би објаснувала за што служи туку немав баш онака одговор да кажам и веке да не бидат поставувани потпрашања,ама стварно како баш поред каса ги ставаат тие работи зошто не ги стават барем во делот за лична хигиена.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
bosab напиша:
Незнам дали му е место на прашањево овде но сепак ке го поставам зашто верувам дека многумина родители се нашле во слична ситуација.Во продавница со 6год. девојче и стоиме на каса и ги здогледува презервативите и прашува а што е ова?Во моментот останав без текст не бев спремна на тоа прашање и само реков гумички,ама згрешив вероватно бидејки се надоврзаа милион прашања и на ниедно од нив немав одговор,ја менував темата некако успеав да го одвлечам вниманието од тоа.Кога следниот пат ке го добијам истото прашање како да постапам, што да одговорам.
Се надевам нема да ви делува ова смешно меѓутоа на таа возраст па и неможеш баш лесно да објасниш.Дајте совет.
Раскажи приказна во која ќе се зборува за двајца големи кои се сакаат.Па едниот фатил грип и кога се бакнувале и таа се разболела.Примала инекции,кашлала и имала температура.
Е кога се сакаат двајца,треба да мислат и на своето здравје и на здравјето на другиот.Да внимаваат да не си пренесат вируси, инфекции и болести.
Тие гумички служат за заштита на здравјето на двајцата вљубени,ама не само од грип и кашлица,туку и за да не се случи да добијат такво исто како неа бебе,кога уште не се спремни да бидат родители.

Ќе има прашања безброј,како и обично.Не ги избегнувај.Одговарај другарски,низ приказни,но избегнувај го родителскиот тон и призвук. Не дозволувај да прозвучи како забранета тема.Затоа што не е.Тогаш кога детето пројавува интерес за темата,тогаш е вистинското време и на време,да се даде објаснување.Да се разговара,да се информира.
Иако има 6 години,ќе ги имплементира сознанијата од таквиот разговор,кои еден ден ќе и бидат сосем нормални и јасни,а нема да знае од каде.:)
 
Член од
20 декември 2005
Мислења
179
Поени од реакции
1
Roditelite zaboravija na svojata roditelska obvrska.
Denovive citam vo eden stranski vesnik: 8 godisno dete pukalo od pistol vo 7 godisno dete. Mesto na nastanot e detska gradinka a imeto na gradinkata ” Za decata se grizime”, ”For children we care”.
Osumgodisniot potencijalen ubiec go zemal pistolot od doma. Zosto, so koja cel, verojatno, doprva ke se istrazuva. Za sreca, deteto vo koe se pukalo bilo pogodeno vo raka i se naogja von od zivotna opasnost.
I se razbira, na krajot od napisot, kako sto najcesto mozeme da procitame, novinarot go postavuva voobicaenoto prasanje: Kako e mozno vakvo nesto da se sluci?
Ne e vazno vo koja drzava ova se slucilo. Ne e od javen interes koe e deteto koe pukalo nitu koe e deteto vo koe se pukalo. Najstrasno e sto voopsto se slucilo, osobeno sto stanuva zbor za deca od tolku mala vozrast.
Ovoj kus napis me natera da razmisluvam i navistina se prasav: ” Kako e mozno vakvo nesto da se sluci i zosto? Sto e toa sto gi tera ili inspirira decata na vakov cin!”
Se prisetiv na edno internet kafule vo Daljan, vo Ohrid, koe cesto go posetuvam koga sum tamu zaradi koristenje internet. Kafuleto e sekogas polno so maloletni deca od koi mnogumina se na vozrast od okolu 6, 7, 8 godini. Sto pravat tie tamu? Igraat na nekoj od petnaesette kompjuteri. Sami ili vo grupa. A igrite, tri dimenzionalni i sekoja od niv na tema ubivanje i krvoprolevanje. Frcat pistoli, avtomati, bombi, nozevi se zarivaat vo elektronskiot neprijatel, nasite gi gonat nivnite i krv, mnogu krv. Igrite se zastrasuvacki realni. Decata igraat ili ja sledat igrata od strana vozbudeni i vo neverojaten grc. Sto poveke ubieni, pouspesen igrac.
I dodeka tie deca igraat, vozrasnite, nivnite roditeli, doma ili nekade na drugo mesto si gi brkaat svoite raboti. Za da bidat raat ke im dadat po nekoj denar na decata i na toj nacin ke si ja otkupat roditelskata odgovornost i ke carat cas-dva mir. Decata, za zal, rastat sami ili ostaveni na babata i dedoto koi nikogas ne mozat da go zamenat roditelot i roditelskata ljubov. Nitu ednite nitu drugite, nemaat vreme, ne gi interesira ili pak ne se vo sostojba da se nosat so tehnikata.
Za zal, mora da se priznae, deka za onie vo koi se kolneme i za koi, tvrdime, deka sme vo sostojba se da napravime, vsusnost, mnogu malku pravime ili najmalku go pravime ona sto treba da go pravime. Decata zasluzuvaat mnogu poveke. Zasluzuvaat da im se obrne vnimanie, da se razgovara so niv, da se soslusaat, da se odi na prosetka so niv, da se guskaat, da ne se ostavat da zaspivaat sami, da im se raskaze ili procita prikazna pred da zaspijat.
Krajno vreme e da prestaneme da si ja otkupuvame roditelskata obvrska. Krajno vreme e da prestaneme da si ja kupuvame ljubovta so pari za igri vo internet kafulinja ili na domasni kompjuteri, drugi podaroci, hamburgeri namesto semejni ruceci, igroteki namesto prosetki ili zaednicka igra vo priroda…
Da gi otvorime setilata za decata koi gi ostavivme i zaboravivme i od niv da ucime. Decata se prekrasni i cesni i sakaat da bidat baknuvani, guskani, pofaleni, sakani. Tocno e deka i instituciite vo drzavite mora da storat mnogu poveke za decata, pa taka i Makedonskata. No, nikako ne smee da se zaboravi i odgovornosta na roditelite. Decata ke ni bidat onakvi kakvi sto ke gi naucime da bidat. Se plasam, deka nema da ne odminat vakvi tragedii kako onaa za koja pisuvav na pocetokot. Od prosta pricina, krenavme race od sopstvenite deca, od sopstvenata roditelska obvrska. A, posle, kako po pravilo, nekoj drug ni e kriv.

Zivotot e ubav no kratok a za kogo ziveeme?ZA NASITE DECA!!!
TIE BARAAT SAMO LJUBOV,NASMEVKA I RAZBIRANJE-da bideme roditeli
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Koga detstvoto ce zavrsi nasilno

Vo Makedonija se pocesto se slucuva maloletni deca
bez znaenje na nivite roditeli da go napustat domot.
Pricinite za nivnoto begstvo najcesto lezat vo
dolgotrajnata ekonomska kriza, vo koja zapagjaat se
povece semejstva, no ima i licen karakter.
Sekoja prikazna e razlicna, iako cesto megju niv ima mnogu
dopirni tocki.

Zelbata za "nesto poinakvo", za beganje od "zdodevnoto
sekojdnevie" i za pogolema prifatenost od okolinata,
se pricinite poradi koi maloletnicite najcesto begaat
od doma.

Najgolemiot del od niv se vodeni od laznata
euforija deka sega zivotot ce im stane tokmu onakov
kakov sto go zamisluvale. Pritoa tie ne znaat deka
"tamu nekade" nema podobar zivot, tuku stanuvaat samo pogolema
zrtva.

Koga ce sfatat deka pogresile, obicno vece e
docna: stanuvaat del od podzemjeto, pravat kriminalni
dejstva ili se prisileni da se prostituiraat. So toa
nivnoto detstvo zavrsuva nasilno i prerano.

Instituciite zadolzeni za griza za semejstvoto i
decata, socijalnite rabotnici, pedagozite... velat
deka vo posledno vreme se povece se zgolemuva trendot,
maloletni deca sami, bez znaenje na nivnite najbliski da
zaminuvaat od doma.


(prodolzuva)
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41

Vozrasnata granica koga najcesto se slucuvaat ovie
begstva, se dvizi od 13 do 16 godini.


Najcesta pricina poradi koja decata begaat od doma e
rezultat na akutni sostojbi vo semejstvoto.

Obicno stanuva zbor za semejstva vo koi se naruseni
megjusebnite odnosi na relacija megju samite roditeli i
megju roditelite i decata.


Losata ekonomskata sostojba vo opstestvoto predizvikuva nezadovolstvo kaj postarite, koe rezultira so verbalna i, za zal, mnogu
cesto fizicka agresija megju roditelite, na sto decata
se svedoci.
Depresijata, opstoto nezadovolstvo,apatijata na roditelite i nivnata neangaziranost, pri sto se namaluva emocionalnata i vospitnata klima vo semejstvoto, za decata e povece od dovolna pricina da
sakaat da izbegaat od takvata situacija.


Nivnoto beganje, vsusnost, e odraz na zelbata da se vratat vo
ubavite vreminja koga semejstvoto funkcioniralo
normalno. Pa, zatoa najcesto "zasolniste" naogjaat kaj
prijatelite koi ziveat vo ubavo, sredeno semejstvo.

Neretko, pri begstvata, ovie deca navleguvaat vo
devijantno, asocijalno odnesuvanje i zapagjaat vo
kriminal.

Ima slucai na begstvo, kade pricina ne
e nasilstvo, nitu pak agresija, tuku disfunkcija na
semejstvoto vo koe ima mnogu golema siromastija.

Konkretno 13-14 godisno devojce, koe sto ima potreba da pripagja na svojata generacija, da bide ednakvo so vrsnickite, da ima slicna obleka kako niv, mobilen telefon..., da go imitira, ako vece ne go
poseduva stilot na odnesuvanje na svoite drugarki,bega od doma.
Devojceto nekolku pati se obide da pobegne i toa sekogas zasolniste bara kaj ista prijatelka.


Vo tekot na rabotata konstatirame deka dejnostite,aktivnostite i interesite na nejzinata postara prijatelka, moze da rezultiraat so podveduvanje vo
maloletnicka prostitucija. Sosema e mozno drustvoto na
nejzinata prijatelka pod dejstvo na droga, ili mnogu silna alkoholizirana sostojba, da go zavede devojceto so vestacki sozdadena veselost, prijatna i harmonicna atmosfera.
A, treba da se znae deka, dete na taa vozrast, se uste e vo razvoj i ne moze da se ocekuva od nego, realno da ja sogleda sopstvenata psihicka,
mentalna i emocionalna sostojba, pa potoa i opstata sostojba i situacija vo koja se naogja".

Decata koi izbegale od doma najcesto ne sakaat da im se znae tragata.
Sakaat ednas zasekogas da se spasat, da izbegaat od nemastijata i od postojano istiot izgovor, koj im go davaat roditelite zosto ne mozat da
im go dadat toa, sto decata mislat deka im e neophodno za normalno da funkcioniraat vo sredinata.

Najcesto ni velat, deka sakaat da se spasat od siromastijata i od postojanoto 'baram, a ne mi se dava, ne mi se odobruva'. Od niv i ne moze da se ocekuva da razberat, deka roditelite ne se vo sostojba,da im go obezbedat toa sto sakaat da go imaat, ili cuvstvuvaat potreba deka mora da go imaat.

Pri rabotata so ovie deca, kaj niv otkrivame nezadovolstvo, strav, no vo isto vreme i mnogu silna potreba za poistovetuvanje, so onie kaj koi begaat i so koi sto begaat. Ovie deca imaat mnogu silna potreba od
cuvstvo da pripagjaat nekade, da bidat zgrizeni,sakani
... Ne deka tie cuvstva im nedostasuvale vo nivniot dom, tuku roditelite, koi zapadnale vo nekoja druga sostojba se pomalku mozat, vnimanieto da go nasocat kon deteto.

No, siromastijata ne e edinstvena pricina za begstvo,

Se slucuva da pobegne i dete koe poteknuva od dobro situirano i obezbedeno semejstvo.

Emotivnata zapostavenost, e pricinata poradi koja ovie
deca, begaat od doma. Nivnite roditelite se posveteni
na obezbeduvanje sredstva za zivot, postojano se vo
trka po pari, i cel den se otsutni od doma, a decata
se prepusteni na haj-tek opremata i samite na sebe.

Roditelite na ovie deca mislat, deka na toj nacin gi
osamostojuvaat, deka pravilno gi vospituvaat bez
pedagosko-vospitni merki, koi eden roditel moze da gi
primeni vo tekot na rastenjeto na svoeto dete.
Tie deca se cuvstvuvaat nedovolno zgrizeni, sakani..., i
najcesto begaat vo domovite na svoite prijateli, kade
ja prepoznavaat toplinata sto nedostasuva vo nivniot
dom.
Iskustvoto na lugjeto, koi rabotat vo instituciite na sistemot, veli deka decata koi begaat od siromastijata i od losite uslovi za zivot se vo pogolema opasnost da navlezat vo kriminalnite vodi.
Ovie deca, mnogu retko, direktno vleguvaat vo kriminal.

Deteto ne moze samoinicijativno da pravi kriminalni dejstva, kaj nego mora i pred toa da posti kriminalen potencijal. Kriminalnite grupi
postepeno gi privlekuvaat ovie deca, od pricina sto imaat potreba vo svoite redovi da vnesat novi lugje, novi pripadnici.
Decata najcesto pristapuvaat kon tie grupi, za da se cuvstvuvaat pomocni, bidejci ne moze do posakuvanoto da dojdat na normalen nacin, kakov sto vo sekojdnevieto go postignuvaat drugite deca.

Interesno e toa sto ljubovta kako pricina za begstvo od doma go ima najmaliot procent.
Najcesto, stanuva zbor za deca od romskata populacija i tuka ne
mozeme da zboruvame za klasicno beganje od doma. Stanuva zbor za
tradicionalno, obicajno pravo, koe nikade ne e zapisano i zakonski regulirano, no za mentalitetot, tradicijata i obicaite koi gi neguvaat Romite,
e mnogu normalno, 13-godisno devojce da se omazi. No, devoceto nema
sila da im soopsti na roditelite deka saka da se omazi (toa se placa), pa toa go pravi preku 'beganje'.

Vremetraenjeto na begstvata e mnogu varijabilno, taka
sto ne moze da se napravi statistika, ili da se
izvadi bilo kakov analiticki podatok. Vo nekoi slucai,
begstvoto trae od eden do tri dena, megjutoa, ima slucai
koga trae i mesec-dva.

Najtesko se otkrivaat slucaite koga deteto bega vo drug grad.

"Petnaesetgodinisna devojka koja tret pat bega od doma
poradi siromastija, bese zaminala kaj 'tetka', no koga
ja soocivme so roditelite, doznavme deka ne postoi
nikakva rodninska povrzanost so zenata, kaj koja otislo
devojceto. Toa se sooci so mnogu golema opasnost, da
zavrsi vo prostitucija, no za sreca so brzata intervencija na roditelite, policijata i od nasa strana, go sprecivme toa. Otprvin ne sakase da se
vrati doma, vo istata sredina od koja izbegala, i
pokraj golemata ljubov kon svoeto semejstvo. Sakase da
zivee na poinakov nacin. Ponudivme vremeno smestuvanje,
no roditelite ne se soglasija, plasejci se, deka taka
ce go zagubat svoeto dete.

Sredbata megju roditelite i devojceto bese mnogu teska, vo emocionalna i dramaticna atmosfera. Na krajot, devojceto sepak se vrati vo svojot dom".

Za razlika od devojcinjata, momcinjata mnogu poinaku reagiraat vo vakvi situacii. Tie se uceni, deka treba da bidat silni i samostojni, pa koga begaat od doma, najcesto dva-tri dena spijat nadvor, na klupa, pod
mostovi, dodeka ne pronajdat nekoj "prijatel", koj ce gi prifati.

Megjutoa, obicno tie "dobronamernici" gi voveduvaat vo kriminal, prostitucija, droga...
Maskata prostitucija postoi i kaj nas, a za nea malku se zboruva, bidejci povece vnimanie se posvetuva na zenskata prostitucija.
Vo posledno vreme, maskata prostitucija ako ne e ednakvo zastapena, togas e mnogu blisku do izednacuvanje so zenskata.

Isto taka, pricina poradi koja momcinjata begaat od doma, e i
homoseksulanosta.

Onie sto ja otkrivaat taa svoja seksualna sklonost, najcesto begaat
kaj prijateli, so istata seksualna orientacija. Tamu naogjaat razbiranje, ne se osuduvani, se cuvstvuvaat slobodno, moze da se odnesuvaat onaka kako sto psihata od vnatre im nalaga.

Celta e, da se vrati deteto doma i da go osposobime
semejstvoto da se nosi so problemite, da mu pomogne na
deteto, da go angazira celiot svoj potencijal na druga
strana, so cel toa da bide zadovolno od samoto sebe i
da pocne da se cuvstuva srecno sto zivee so svoeto
semejstvo, a ne bez nego.
 
Член од
15 февруари 2005
Мислења
69
Поени од реакции
2
Темава е одлична!

п.с. Тешко се снаоѓам на форумов.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Мислам дека не е на одмет, малку да поразговараме и за љубовта.

Ќе ја цитирам Фортуна,а вие ако имате свое мислење, повелете. :)


Напишано од FortunE


"Љубовта се развива споро, потребно е време за да засакаш некого. За да засакаш некој силно, со целото тело и душа потребно е време, денови, недели, месеци и години. Љубовта не паѓа од небо! За нејзе е потребно да се вложи многу труд, за да се одржи. Од друга страна, заљубеноста удира во глава (па и во тело). Не може да засакате некој после една средба, затоа што не можете таа личност за тоа време да ја запознаете доволно за навистина да ја засакате. Обично на почетокот луѓето облекуваат најдобро однесување и ставаат најдобри маски за прикривање на лошите особини, па затоа добро е да се размисли за онаа изрека: ЉУБОВ на прв поглед. Може да бидете привлечени од нечиј физички изглед, негово/нејзино однесување, реакции, но пред вас има долг пат додека ја засакате навистина таа личност.

Љубовта се фокусира на една личност, а заљубеноста на повеќе.
Кога сакате искрено и длабоко, сакате само една личност поради самата каква е во целина со сите свои мани и доблести. Заљубена личност може да биде истовремено заљубена во повеќе личности. На пример, девојка може да е заљубена во две сосема различни момчиња, бидејќи во нејзината глава тие се совршени. Во својот ум таа ги комбинира нивните особини и мисли дека е заљубена во двајцата - најверојатно не сака ни еден од нив.

Љубовта мотивира позитивно однесување, а заљубеноста деструктивен ефект.
Љубовта кај вас ќе има конструктивно влијание на вашата личност и ќе ви го открие и покаже она најдоброто во вас, а вие воопшто да не сте биле свесни дека го поседувате. Љубовта влева сигурност и доверба. Таа дава неверојатна и неопислива енергија, волја за живот, ја буди креативноста во вас. Ги засилува доживувањето на вредностите, ве мотивира да ги правите работите за кои само сте сонувале. На животот ќе гледате од потполно различен агол. Ви се чини дека сте почнале да дишете. Љубовта ќе ве насочи кон врвот, кон успехот. Животот добива смисол и цел. Ќе бидете со повеќе самодоверба и со еден збор - среќни!
Заљубеност? Знаете кога ќе ви кажат: Што е со тебе? Да не си заљубен/а?
Луѓето сакаат кога се заљубени, затоа што тогаш можат да му се препуштат на сонувањето кое е добро во умерени количини. Но, заљубеноста нема граници, заборавате на реалниот живот кој ве чека по враќањето од соништата.

Љубовта познава толеранција, додека заљубеноста...
Кога сакате некого не ви е важно како изгледа, вниманието ви е насочено кон карактерот, чувствата, идеите, амбициите, ставовите на вашиот партнер. Ќе си поставувате разни прашања кои ќе ви покажат колку имате заедничко, а што повеќе заедничко - тоа повеќе шанси за поголема љубов. Исто така љубовта ве води кон препознавање на доблестите и мани кај партнерот и кај себе. И што е најдобро, со тоа ќе помогнете да изградите зрела врска.

'Да се заљубиш не значи и да сакаш; може да се заљубиш и мрзејќи.'

Љубовта е несебична, а заљубеноста себична.
Љубовта содржи многу повеќе од емоции. Во љубовта не само што ќе имаш потреба за љубов, туку ќе имаш потреба да му го дадеш на партнерот истото она кое и тој тебе, па дури и повеќе. Заљубеноста е свртена исклучиво кон себе, повеќе си оптеретен со тоа што можеш да извлечеш од таа врска. Се чувствуваш одлично кога партнерот ти е во близина, затоа што повеќето твои емоции се поврзани со гордоста која ја имаш кога некој друг ќе сфати дека таа личност ти припаѓа тебе.

Љубовта дава сигурност, а заљубеноста несигурност.
Ако сакаш и ако си сакан, ќе имаш доверба и сигурност во врската. Нема да си преокупиран со врската, туку ќе имаш време за себе и други важни работи во својот живот. Од друга страна, заљубената личност ќе се бори со чувствата и ќе се обидува со посесивна љубомора да го надгледува својот партнер. А потоа и сами знаете дека следуваат расправии за ситници, солзи или нервирање до бесвест.

Хесе вели: "Сте биле заљубени, нели? И тоа повеќе пати, дали сум во право? Но сеуште не знаете што е љубов. Не знаете, тврдам! Ви се случило да плачете цела ноќ? И лошо да спиете цел месец? Можеби сте пишувале песни и по малку сте играле со идејата за самоубиство? Секако, знам како е тоа. Но, тоа не е љубов, љубовта е нешто друго..."

Љубовта ја препознава реалноста, а заљубеноста ја отфрла.
Кога има љубов имате здрав и реален пристап кон било кој проблем во врската. Но, тоа секако дека не значи дека љубовта се обидува да ја намали важноста на проблемот кој настанал, напротив, таа го согледува од сите страни и на партнерите останува да најдат адекватно решение.
Заљубеноста ги отфрла расните, образовните, карактерните разлики кои кога-тогаш ќе испливаат на површина. Заљубеноста вели дека тоа не е важно, дека ако се сакаат сето тоа само од себе ќе се реши. Но, нема! Можат некое време да се прикриваат, заљубениот пар преминува преку сите разлики.

Не знае секој да сака, да сакаш не е лесно. Повеќето луѓе се плашат од љубовта, сакаат да ја имаат - но се плашат. Односно, тие се плашат да се отворат пред некој, затоа што тогаш стануваат ранливи."


Сте разговарале со своите родители, брат, сестра, на оваа тема. Знам, затоа и ве прашувам за вашите мислења.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ - КУЛТУРА НА СИРОМАШТИЈАТА

Очигледно е отсуството на можности и алтернативи, кои возрасните, или институциите на системот, треба да им ги понудат на младите, во однос на квалитетот на слободното време на младите.

На прво место на ранг-листата на активностите на младите во овој дел од нивната егзистенција е:
1.-гледањето телевизија (81%)
2.-и слушањето радио (70,6%).
3.-на трето место се наоѓаат телефонските разговори,
4.-потоа дружењето,
5.-читањето весници
6.-и посетата на кафулињата.

7.-Интернетот, компјутерските игри
8.-и читањето книги се наоѓаат некаде на средината на табелата,

*-додека уживањето дрога и алкохол се покажуваат како најмалку омилена забава на младите.
*-Не се рангираат високо ниту дополнителното образование, учењето странски јазици и посетата на библиотеки и музеи.

Ваквите трендови во доменот на содржините на кои младите го ”трошат” своето слободно време, според аналитичарите, се показатели на владеењето на ”културата на сиромаштијата” и ”културата на резигнацијата” и се далеку од вистинските потреби на младите, како и од вредностите пренесени со традицијата.

Запрашани за тоа кој е нивниот идол,
-50,4% од младите се изјаснуваат дека немаат идол.
Најголема концентрација на позитивни одговори се воочува кај оние кои се изјасниле за
-спортист, како свој идол (14%),
-а исто така и кај определувањето за музичар, како идол на младите испитаници (10,2%).
-Само 5,3% од испитаниците како свои идоли ги посочуваат родителите,
-другарите (2,1%),
-а наставниците - со 2,4% - ”котираат” уште пониско.

Ваквата структура на одговорите е во контекст на согледувањата добиени со квалитативната анализа, што укажува на тоа дека младите во Македонија не се фасцинирани од авторитетите и дека инсистираат на својата особеност, како личности.
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
До некои 14-15 години родителите треба да ги советуваат и контролираат децата, и малку ќотек треба да се примени, но после тие години децата треба сами да си одлучуваат за својот живот, дали ќе пушат, пијат учат и слично. Во овие години родителите треба да ѓи посочуват децата кон правиот пат, но не и да им наредуват, казнуват, а камо ли да им креват рака.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
До некои 14-15 години родителите треба да ги советуваат и контролираат децата, и малку ќотек треба да се примени, но после тие години децата треба сами да си одлучуваат за својот живот, дали ќе пушат, пијат учат и слично. Во овие години родителите треба да ѓи посочуват децата кон правиот пат, но не и да им наредуват, казнуват, а камо ли да им креват рака.
Се сложавам со тебе родителот е оној кој треба да го посоветува детето, слободно да го скара, па и мал ќотек зошто да не.....Јас знам мои врсници од 17 години кои сеуште се плашат случајно родителот да не ги види со цигара...велат ако ме види мајка ми ќе ме отепа....Е еве ја грешката на родителот...Родителот требал да го посоветува уште во најкритичниот момент на неговото созревање-пубертетот..Да му каже:Синко цигарите не чинат, ама ако некогаш пробаш или почнеш да пушиш,,,гледај да ги намалиш.....
Голема грешка е што родителите во времето на созревање на младите пристапуваат со нив со голем авторитет, па не ги пуштаат да излегуваат.....Ма сето тоа ќе им се врати со лошо на родителите...Баш таквите деца прават најголеми проблеми кога ќе созреат................:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom