The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 113
Не постои волшебен прирачник кој ќе ги упати родителите како да бидат добри родители. Подигањето на дете преставува голема одговорност, која обично ја прифаќаме како подарок и за тоа нема потреба од тренинг. Повеќето родители учат „во од“ како што наидуваат проблемите, под влијание на начинот на кој тие биле одгледувани или раководојќи се со она што го виделе или прочитале.
Родителите може да имаат различен стил, но нивната цел е заедничка. Сите родители сакаат нивните деца да израснат во здрави, среќни, добро прилагодени, успешни, задоволни, чесни, грижливи и одговорни возрасни личности кои ќе умеат да ги респектираат туѓите чувства, ќе бидат способни да соработуваат со другите и успешно да се справуваат со животните тешкотии. Исклучително е важна мотивираноста на родителите. Дали тие навистина сакаат да бидат родители или се чувствуваат неспремни и уплашени. Следните совети може да бидат од корист:
Родителите може да имаат различен стил, но нивната цел е заедничка. Сите родители сакаат нивните деца да израснат во здрави, среќни, добро прилагодени, успешни, задоволни, чесни, грижливи и одговорни возрасни личности кои ќе умеат да ги респектираат туѓите чувства, ќе бидат способни да соработуваат со другите и успешно да се справуваат со животните тешкотии. Исклучително е важна мотивираноста на родителите. Дали тие навистина сакаат да бидат родители или се чувствуваат неспремни и уплашени. Следните совети може да бидат од корист:
- Треба да бидете спремни дека како родители ќе доживеете различни чувства. Ќе има периоди во кои ќе чувствувате љубов, радост и гордост, но исто така и периоди со негативни емоции како лутина, паника и разочарување. Ваквите емоции може да предизвикаат чувство на кривица или да помислите дека не сте добар родител.
- Важно е да сфатите дека не се очекува да бидете безгрешни и дека секој (па и родителите) понекогаш прават грешки. Грешките се значајни само доколку ги повторуваме. Не губете време и енергија со тоа што ќе се чувствувате криви- изменете го она што не е добро.
- Информирајте се за она што не го знаете. Прочитајте литература за растот и развојот на децата, така ќе знаете што да очекувате.
- Имајте доверба во самите себе. Сослушајте ги мислењата на другите (така всушност се учи), но направете онака како што чувствуавте дека е правилно за вас и вашето дете. Верувајте во сопственота моќ на расудување.
- Кога зборувате со пријателите околу родителството, немојте да се жалите или кукате, бидејќи тоа нема да ги смени работите- обидете се да го смените пристапот.
- Немојте да очекувате премногу, од себе и од другите. Ценете се себеси заради мали работи. Вие работите исклучително важна работа - одгледувате дете.Немојте да се повлекувате ако згрешите (грешките се за да научите подобро, не за да се чувствувате лошо). Обидете се да предвидите како ќе се одвиваат работите.
- Прифатете ги сопствените чувства . Разберете дека мешаните чувства се нормална појава. Во време на промени или стрес, можеби ќе се чувствувате несреќни или криви. Помогнете си себеси така што ќе зборувате со партнерот, со пријателите, со членовите на семејството или со некој друг, кој не е вклучен во емоцијата.
- Наградете се себеси. Направете барем една работа во тек на денот која ви помага вам, да се чувствувате убаво. Побарајте некој да ви помогне така да имате време да направите нешто во што уживате – на пример да се искапите, да прочитате магазин, да играте фудбал, да прошетате, да зборувате со пријател/ка.
- Работете на вашите сопствени вредности. Ако вашите вредности и верувања се јасни, тоа е добра основа за воспитување на децата. Обидете се фамилијарните вредности да бидат заеднички со вашиот партнер, дури и ако се разликувате во мислењата. На тој начин ќе избегнете непотребна забуна кај децата. Ако вие и вашиот партнер се разликувате, обидете се да не се критикувате меѓусебно.
- Обезбедете си подршка . Ако нема кој да ви помогне, родителството може да биде навистина тешко. Ако се чувствувате сами а немате подршка од фамилијата, пронајдете пријател/ка со која ќе ги споделите грижите. Не се плашете да побарате помош- тоа не е знак на неуспех.
- Родителството е посебно тешко во услови кога имате проблеми, на пример насилство во семејството, проблеми со пари, здравствени проблеми и сл. Обидете се да ги разрешите проблемите, ако чувствувате дека не можете, побарајте професионална помош.
- Грижете се за вашите односи со партнерот и/или пријателите. Најдобро што може да направите за вашето дете е да се грижите за сопствените потреби за подршка и љубов. Веројатно е дека најблискиот однос ќе биде со вашиот партнер, но може и со некој специјален пријател/пријателка. Пронајдете време за вашите возрасни релации, да бидете заедно, да уживате во заеднички работи, да зборувате за тоа што се случило во тек на денот, да ги споделите идеите и чувствата или само да се релаксирате. Работејќи за себе, вие всушност работите во интерес на вашите деца, кои на овој начин најдборо учат за меѓучовечките односи.
- Справување со лутина. Најчесто родителите успешно се справуваат со ова чувство, но понекогаш може да се случи да ја изгубат контролата. Лутината е секогаш измешана со други чувства, како чувство на кривица, фрустрација, тага, чувство дека не сте сакани или дека сте употребени. Обидете се да се справите со тоа што го предизвикало теквото чувство. Ако чувствувате дека губите контрола, отстапете малку, излезете надвор, прошетајте. Внимавајте, ако ви се случило во моменти кога сте ја изгубиле контролата да го повредите вашето дете или сте биле насилни кон некој друг во семејството, побарајте професионална помош