Тоа државно уредување кое не постоеше било каде на планетата си резултираше со таков економски и политички колапс и на дело демонстрираше дека таквото уредување не е одржливо на долг рок.
Допрва ќе треба да учиш и дознаваш, југославија имаше најголем економски раст во светот.
(пред да се исилиш со некоја глупост да ти кажам) и тоа во период кога ниту земаше странски кредити.
Во таа земја имаше разлика од словенија до македонија, секако сите тие имаа некоја своја историја и предходен развој, али Македонија пример, во тој систем од заостаната феудална земја стана индустриска, за 45 години се изградија фабрики електро централи автопатишта пруги мостови тунели болници школи факултети аеродроми.... Со нив и денес се служиме во најголем случај али ете да одиме на бројките
Невработеноста во Македонија беше 15% (Во Битола беше околу 8%)
Просечна плата во 1980 беше денешни 35.000 денари
Долгот на Македонија кога ја напушти Југослчавија беше 600 милиони долари
Здравството и лекарствата беа бесплатни, значи од капки за нос и аналгин па до операции и сложени терапии
Јас тоа го живеев, градев, работев и сега можам како очевидец да споредам двата системи. Овој сега (кој е за нас одржлив амо додека земаме кредити или странците сакаат да не одржуваат) и оној тогаш кога бевме некој и нешто во светот и многу работи зависеа од нас самите.
Ти си упште млад и не си прогледал како што треба. И тоа малку шо го назираш ти е чудно и несфатливо.