Битола

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.964
Градот оди во ист правец каде што оди и републиката. Ништо не заостануваме во таа насока.
:pos::tapp::pos::tapp::pos::tapp::pos::tapp::pos::tapp::pos::tapp::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: @мкд владе
А стадионот, а велосипедската патека, а копанки, а затворен базен?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Не не имаш визија, збор да нема за тоа (y)
Сеа не сум, а и не сакам да бидам адаптибилен као тебе, не дека не моажам, лесно е тоа.
За визија признавам, ненадмината досега креативност на наши простори прикажа претходната власт.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.964
Сеа не сум, а и не сакам да бидам адаптибилен као тебе, не дека не моажам, лесно е тоа.
За визија признавам, ненадмината досега креативност на наши простори прикажа претходната власт.
Тоа твоето се вика со глава низ ѕид, ама ако не те боли терај. Додуша реално вака форумски револуционери колку да сакаш. Имаш тука и врвни ебачи, врвни. бизнисмени, врвни шофери. Абе цела елита е собрана на форумот.
Во право си за креативноста на прошлата власт. Сега малце да одмориме и да се подосадваме. Шо се вика здив да земиме некоја година.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Абе стварно женски дуел ќе имало или Двојче ќе го кандидираат немиениве?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839

Не се прај ништо со плата, макар била и 3000 евра месецо, секој чесен човек го знае тоа.
Можи само ако во тоа пежото искршено влези најлонска црна вреќа полна со евра, со сума на пари шо пола Битола не можи да ги спечали и потроши во десет години со платите од Крмоберт и Шуберт. Во време на режим, од режимски бизнисмени.
И да се делат како шо лешинари вртат околу леш.

Да ти дадат концесија на плажа, да имаш кафичи кај шо се пуши кој кај сака, кај шо не се дава фисклана никогаш, и како борец за правда и демократија да бидиш нелегална, нечесна кокуренција на останатите угостители во градот.И ова во време на режим, да не занј на шо да помисли чоек :)

[DOUBLEPOST=1505042104][/DOUBLEPOST]
Тоа твоето се вика со глава низ ѕид, ама ако не те боли терај. Додуша реално вака форумски револуционери колку да сакаш. Имаш тука и врвни ебачи, врвни. бизнисмени, врвни шофери. Абе цела елита е собрана на форумот.
Во право си за креативноста на прошлата власт. Сега малце да одмориме и да се подосадваме. Шо се вика здив да земиме некоја година.
Тврдоглав сум. Уше првио пат кога напиша револуционер ме изнасмеа, сега пак, какви сака нека се.
За тие другите врвните не знам, експертски и не знам какви, не сум ни од нив, никој и ништо шо чкрта на форумот од време на време. Визија имам, ама имаат и многу попаметни и поначитани од мене, сум им ја видел, ама седат маргинализирани.

Имав прилика да ги видам проектните решенија за приодите во Битола, Технички Факултет од Битола, и колеги нивни од Хрватска и Словенија ги сработија, од нив ништо не се виде. Исто и во поглед на урбанизмот и просторното планирање, сум учел нешто ;)

Да се разбериме, дури не се средат јавните набавки и вработување, џабе е се, мора да има дисперзија на одговорност, кој одстапува од ова, доживотна забрана за работа во јавен сектор. Од сите советнички групи претставник во комисија плус општинари.

Дури не видам конкретни предлози со промоција нацел тим, кој сектор каде ќе води, џабе, иста песна пак значи.
Досга имаа време да си набават податоци, и да се направи акциски план и секој да кажи шо планира да реализриа и подобри во првите сто дена, првата година, во спротивно уше од сега да си најави оставка.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.964
Да се разбериме, дури не се средат јавните набавки и вработување, џабе е се, мора да има дисперзија на одговорност, кој одстапува од ова, доживотна забрана за работа во јавен сектор. Од сите советнички групи претставник во комисија плус општинари.

Дури не видам конкретни предлози со промоција нацел тим, кој сектор каде ќе води, џабе, иста песна пак значи.
Досга имаа време да си набават податоци, и да се направи акциски план и секој да кажи шо планира да реализриа и подобри во првите сто дена, првата година, во спротивно уше од сега да си најави оставка.
Мислам дека досега требаше да сфатиш дека неможеме да се разбериме. Проблемот е во секој еден од нас, така не воспитале, така сме растеле, така растеле и ги воспитале нашите родители и така ги растеле и ги воспитале нивните родители итн итн итн. Прво тоа треба да се промени матрицата, а за тоа да се промени треба да поминат неколку генерации барем делумно да се избриши менталитетот кој го имаме. Јас моментално не гледам ама никаква желба или идеја нити да се почни со некакви промени а не пак реализација.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Мислам дека досега требаше да сфатиш дека неможеме да се разбериме. Проблемот е во секој еден од нас, така не воспитале, така сме растеле, така растеле и ги воспитале нашите родители и така ги растеле и ги воспитале нивните родители итн итн итн. Прво тоа треба да се промени матрицата, а за тоа да се промени треба да поминат неколку генерации барем делумно да се избриши менталитетот кој го имаме. Јас моментално не гледам ама никаква желба или идеја нити да се почни со некакви промени а не пак реализација.

@мкд владе морам да те поздравам со едно холивудско видео, со хероизмот на битолските пожарникари :)

Гледај како се борат да го спасат москвичот, по поло мајчиња се фрлаат како арслани, замисли за љуѓе да се работи, в`оган ќе се џитнат одма.

Него еве една кандидатка за градска мајка (или маќеа ќе покажи времето) е позната, се чека на другата, имаат и по една „независна“ листа и по еден „независен“ кандидат, колку да не биди аплата работата :)

Јас миселв ќе има бич фајт, арно ама погодена работата никако гомненици да не испливаат на површина, ничии, демек да се задржи некое ниво, а уствари цела работа е да се одржи некаква привидна поделба, да не се открива корупција шо уствари е заедничка, лека, полека станува јасно дека постои криминална спрега.

Глеам пак на менталитетот се вадиш, не дека не можиме, нејкиме да се разбериме.
 
А бре , а замисли да имаја грчки термо гаќи. Со раце ќе го изгаснеја :).
Менталитетот е најлогично објаснување само што не сакаш да ја прифатиш реалноста. Кога со тоа ќе се помириш да видиш како лесно ќе се разбериме. Вака како на некој Швеѓанец кој прв пат во животот стапнал на балканот да пробвам да му објаснам некои работи. Не оди таа работа.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.964
@Klin да не се пријави доброволец случајно пошто гледам нешто Пелистер како да гори.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
@Klin да не се пријави доброволец случајно пошто гледам нешто Пелистер како да гори.

Еве на пат сум, качвам нагоре,

П.С Знам дека не идиш ти, нема субвенции за ова ;)

Attachments

Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.964
Еве на пат сум, качвам нагоре,

П.С Знам дека не идиш ти, нема субвенции за ова ;)

Кај сакам да му го земам лебот на пожарникарите.А и не сум нешто патриотически расположен па да се пријавувам доброволец па уште и за пожар да гаснам.
Туку бреј мајката многу пожари оваа година и сите сами од себе се запалија. Хммм
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
577
Поени од реакции
830
Добро бе дали некогаш ќе запре ова лудило.

ТАЛЕСКИ ГО РУШИ ШАДРВАНОТ, СИМБОЛОТ НА ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

Шадрванот е во напосредна близина на Јени џамија, останат е од отоманско време и без разлика што во последните години ја имаше изгубено функцијата на фонтана, односно од него не течеше вода, сепак беше симбол на Битола (Фото: СДК.МК)

Работници од денес наутро го рушат шадрванот во центарот на Битола. Работниците ни рекоа дека ќе ги отстранат сите камења од кои е граден постепено зашто градот ќе градел нов и поубав.

Од Oпштина Битола не одговорија на нашите телефонски повици.

Шадрванот се наоѓа во напосредна близина на Јени џамија чија реставрација е во завршна фаза. Останат е од отоманско време и без разлика што во последните години ја имаше изгубено функцијата на фонтана, односно од него не течеше вода, сепак беше симбол на Битола.

Шадрванот како и чешмата што е во негова непосредна близина се опеани во една од омилените песни на Кемал Ататурк која на Интернет е слушана над 1,6 милиони пати. Таткото на модерна Турција Ататурк во Битола завршил воена гимназија пред повеќе од еден век кога постоеле шадрванот и чешмата.

Битолчани чекаат одговори што Општината планира да прави на местото на шадрванот и зошто ова градежните активности се одвиваат пред избори.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Проблемот со ромите во Битола – огледало на проблемите во нашиот град!

Последните години се провлекува проблемот родители македонци да не сакаат да ги запишат нивните деца во училишта каде што има деца од друга националност (во случајот роми). Уште потрагично е тоа што Советот на Општина Битола многу штуро се обидел да го реши овој проблем. И покрај одлуката за реонизација од 2009 година, сепак законот за образование им дозволува на родителите да го запишат своето дете во било кое училиште доколку таму не е пополнет бројот, а намалениот наталитет им го олеснува тоа.

Ставот на родителите македонци е проблематичен по ова прашање. Со чинот на запишување на своето дете во друго училиште, поради тоа што во училиштето каде што треба да учи има роми, примерот кој им го даваат на своите деца има потенцијал да изгради генерации полни со омраза кон другиот врз етничка, верска и друга основа. Непознавањето на „другиот“ е клучно за развивање на омраза. Овој проблем се интензивира последниве години, иако постоел и претходно и покрај тоа што до 2009 год. немаше одлука која ги обврзуваше родителите да ги запишуваат своите деца во одредено училиште, па сепак бевме сведоци на мешани класови. Ова покажува дека заедницата во Битола под притисок на околностите, подолго време гради дискриминаторски однос кон ромската популација, но вистинското прашање е зошто тоа се случува и како сме се дошле во оваа состојба на исклучивост во нашата заедница. Евидентни се лошите услови во кои живеат ромите, како и дискриминаторските практики низ кои истите поминуваат секојдневно. Ромите се системски втурнати во ситуација каде не можат да најдат работа, принудени се да работат „на црно“ што понатаму со себе носи и други последици на еманципаторски и културен план. Овој проблем си има своја историска и генерациска генеза, па затоа е илузорно да очекуваме дека дискриминација која се случувала децении наназад, може да се реши на едноставен начин и по пат на апелирање. Условите за живот ја диктираат свеста и однесувањето кај поединците и групите. Кај ромите тоа е и видливо и кај најмладото население. Затоа би било погрешно исклучиво да се обвинуваат родителите на децата кои одбиваат да ги запишат во исто училиште со роми, бидејќи тие се чувствуваат загрижени за своите деца (оправдано или не). Сето ова се случува во отсуство на посериозни државни политики за решавање на проблемот и за системско искоренување на дискриминацијата од нашето општество.

Државата и многу организации кои се занимаваат со ромски прашања само навидум покажуваат заложби за решавање на нивните проблеми. Често пати, нивните заложби се сведуваат на одбележување на денот на ромите и апстрактни пораки против дискриминација и за толеранција и соживот. Но, треба да се анализира коренот на проблемот, за истиот соодветно да се реши. Никој не се раѓа како криминалец, криминалец се станува. Општествените околности се тие кои влијаат на ромите да посегнат по криминал, бидејќи истите се втурнати во безнадежна ситуација и мораат да се борат за живот. Затоа, кога во оптек се стереотипите „сите роми се крадци“ или „ромите се нечисти“ треба да сме свесни за нивните животни услови и дали тие свесно одбрале да живеат на тој начин. Ние како левичари сме против таквите генерализации и сакаме да го најдеме коренот на проблемот, наместо да влечеме лоши заклучоци за некаква генетска предодреденост на ромите да бидат крадци.

Овој процес на дезинтеграција на заедницата и нејзино континуирано осиромашување се меѓу другото и резултат на системските недостатоци на капитализмот како економски модел. Но, ова осиромашување во претходниот период беше плодна почва за замена на тези. Осиромашувањето на мнозинството од населението беше процес кој започна уште со приватизациските потфати во раните 90ти и нашиот град ден-денес не може да се опорави од таа состојба. Како да не беше важно тоа што „Двојче“ го крадеше градот заедно со бизнис елитите туку стана важно дека ромите ни го „загадуваат“ градот или тоа дека албанците ќе ни „го земеле“ градот. Се поставува прашањето каде ќе го носат и како ќе го загадат веќе ужасно загадениот град. Сиромашното население е население чија што можност за еманципација е ускратена, а тоа е плодна почва за садење на семето на омраза кон другите. Оваа состојба на заедницата ја искористија бизнис елитите и претходната управа на градот за нивна доминација и богатење врз сметка на целата заедница, без разлика дали тие се македонци, роми или албанци.

Што да се прави? Не постои вистинско решение во рамки на постојниот систем, во вака конструирано општество нема да се случи некој да не остане на маргините бидејќи овај систем е заоснован врз нееднаквост. Единствено решение е заедничка борба, борба за ново општество во кое нема да има ромчиња низ битолските улици кои се принудени да питаат, нема да има сиромашни во Битола и нема да има разни „двојчевци“ и слични кои ќе управуваат со судбините и животите на сите нас во Битола.

Нашата должност е да застанеме одлучно рамо до рамо со ромите во Битола, како и со сите обесправени и маргинализирани на било кој начин. Национализмот и шовинизмот се само алатки на моќните за нивна доминација и нивно гоење со потта на сите нас, без разлика на која етничка група припаѓаме. Она што нас сите не врзува е нашата социјална положба, нашата класна припадност, ние немаме ист интерес со моќниците во нашиот град. Нашиот интерес е достоен живот за сите нас, услови за развој и еманципација на сите нас, а нивниот е профитот, нивниот е да ни ја исцицаат и последната капка пот и да не фрлат на буништето наречено раб на сиромаштија. Времето дојде да се обединиме врз основа на нашиот заеднички класен интерес, само така има иднина за нас, во спротивно и понатаму ќе ни ја пијат крвта! Време е да не паѓаме на нивните магли дека другиот е крив, кога криви се тие кои ги креираат погрешните политики и раководат со економијата! Битола е пропадната бидејќи системските околности тоа го диктираат. Околности во кои е важен само профитот на малкумина, за сметка на животот и интересот на мнозинството. Констатацијата дека нѝ ја украдоа Битола е точна. Само што, нема тие сами да ни ја вратат, треба со свои раце да си ја земеме назад!

Решението е сложено, но првиот чекор е да пуштиме вода и со неа да си го ослободиме умот, да расчитиме со затнатоста и малограѓанштината, да се организираме и да покажеме отпор. Непријателот не е другиот, непријателот е скриен во зделките во општинските кулоари, во тендерчињата на РЕК „Битола“, во профитерството и опортунизмот на елитите, во експлоатацијата на нашиот труд и во нашето обезличување и отуѓување. Другиот не е непријател туку другар и соборец со кој заедно треба да се бориме и да ја градиме иднината, иднина за сите нас, а не само за привилегирани моќници и ним слични. Заедно ќе победиме, а поделени ќе нѐ победат! Само обединети имаме иднина!

Битолчани обединете се! Кажете НЕ на наметнатите поделби!

Поинаков град е можен, поинаков град е нужен!

Левица – ЛО Битола
 
Kajgana Shop

На врв Bottom