Друшто ми треба совет што понатаму.
Во врска сум со девојката околу 6 години и во последниве 2 месеца чувствувам огромна несигурност и нестабилност во врската. Сме имале пречки и кавги за банални работи но мислам дека ова веќе преминува во нешто сериозно.
Пред 2-3 месеца девојката (односно до пред да почнам да работам во иста компанија со нејзе) беше многу позаинтересирана за мене, постојано говореше за иднината, за тоа каде ќе живееме, деца, работа, одмор итн. Не дека и во тој период немавме некој ситни пречки но се надминуваа.
Пред два дена таа беше излезена со роднина на прошетка па откако завршија со нејзе ја почекав па јас и таа продолживме. Шетаме јас, таа и нејзината роднина и паднавме на тема (пари), (работа), (добра заработувачка). Во еден момент девојката моја рече "Тие имаат многу пари" (ама оноа кажано како да им се восхитува). Отсекогаш сум мразел некој да го возвишува друг само поради тоа што има пари, па ја погледнав онака (на криво што би се рекло). Се движиме уште 2-3 минути и пак "Тие имаат пари", и јас и велам: Прво би се восхитувал на нивниот ТРУД со кои ги стекнале тие пари, а не за нивните пари кои сега ги имаат. И откако ја испративме нејзината роднина се скаравме и препиравме, зошто сум одговорил така, па следеше од мене обвинување дека таа почнала да гледа на парите итн. Ја испратив до дома. Другиот ден јас на работа за да ја олабавам атмосферата и пишав СМС "Ајде вечер ќе те земам со колата ќе одиме некаде да поседиме сами". Ми стигна повратна СМС "Може". Вечерта иако доцнеше 20/30 мин тргна добро. Седнавме муабет теми, теми, теми, Израел-Македонија фудбалот го изгледавме и (машко како машко) нормално е да се има потреба од "однос" решив да ја однесам некаде. Тука и станаа големите проблеми. Ја однесов на едно место кое не беше премногу сигурно за интимност (па наместо како девојка да рече добро ајде да најдеме друго место) оваа почна ти си како манијак било каде сакаш да имаме однос, се однесуваш како мало дете, само до тоа ти е дојдено, а јас седам во кола и не знам што да речам вријам. По кратката расправија решив да ја запалам колата и да ја однесам дома. По пат ме гледа дека бев лут направи обид од типот (добри ни оди нас само ова не ми се допаѓа што сакаш надвор да не е во домашна атмосфера итн итн). Велам добро да замолчиме ќе те однесам дома и нека заврши вечерта (јас лут со сменско работење не можеме добро да се видиме, ми недостасува, чувствував последниве 2-3 месеца незаинтересираност од нејзина страна, ми се пројави и љубомора и сомневање дека има некој друг или дека не ме сака како некогаш). Се паркирам кај нејзе во маало и пробав да и објаснам да се најде некаков компромис за тој секс (значи дека кога доаѓа тоа спонтано да се задоволиме, да уживаме, а не да поставуваме услови) и видов дека и беше се преку глава ми рече само "Јас не можам и излезе од колата".
Вечерта откако си дојдов и звонев да ја слушнам сакав да ја смирам атмосферата не ми се јави (знаев дека нешто има). Прва смена на работа бев и од мислите кои ме удрија дека можеби е крај не можев да заспијам. Цел ден уморен поминав. Пак да направам чекор во текот на денот и се јавив како да ја смириме атмосферата и така беше за момент си помислив. Бидејќи требаше со коле(шките)гите да се соберат во кафеана и реков пред да влезете во кафеана јави ми се да се слушнеме. Оваа ми пиша само СМС "Што правиш" ....... ме зачуди и јас и вртев. Гледам пред нив како да не сака да зборува ми беше сомнителна одговараше на секое прашање со "ДА" "НЕ". Не можев да издржам и велам "И за што се слушаме јас и ти за ДА, НЕ, ДОБРО, ОК" спуштив !
Си доаѓам дома поминуваат некои 5-6h и еве ја звони. Ја прашувам добро не можеше од таму да звониш да се слушнеме што како, планови, кои има таму?!?! Вели "Глупости ме праша не можев се да одговорам" , "аха" велам добро. Што ќе правиш ме прашува и велам ќе излезам со другари, а можеби очекуваше да и речам ајде да се видиме јас и ти покасно. Не можев тоа да и го речам премногу ладно се однесуваше последните 2-3 месеца како да не и е до врска, на секое мое лутење не ми одговараше со утеха туку со збор од типот (твој проблем е тоа јас не би се лутела на твое место) и толку беше од разговорот, убаво да си поминеш ми рече, ОК ФАЛА се слушаме и крај. Околу 00:30ч видов на ФБ била уклучена пред 5мин и пишав СМС "Да не спиеш", не ми одговори ништо ... Си велам може спие можеби ме тестира дали ќе ја молам па да ме врти околу малиот прст. По некој 15мин и пишав за тоа како не и е незгодно да ми се јавува после 6-7ч, а додека беше со колегите ништо како само тие да се битни јас сум втора лига. И не врати повторно ништо, океј еве можеби си легнала. Што да правам луѓе, чувствувам како да е разочарана од мене нешто, но и јас сум разочаран и со огромна болка сум во душата навикнат сум на нејзе да ја слушнам овака многу тешко издржувам.