Па теле едно имаш ли ти појма колку луѓе планираа да ја напуштат државава губејќи ги работните места во 90те?Колку рекети колку ТАТови и останати страња од твоиве комунистички богови им се десија?
TaТ беше инсцениран од ВМРО ДПМНЕ.
Владата на Македонија нема надлежности во контрола на работата на банки и штедилници. Тоа е во исклучива надлежност на НБМ кое е независно и чие раководство се бира надвор од власта и владата.
Кој беше вицегувернер на НБМ во време на ТАТ?
Кој беше тој шо потпишувал и прогласувал дека ТАТ ги помина сите контроли и дека работи без проблем и со успех?
Судска постапка се водела и против
Вицегувернерот на Народната банка Томе Неновски за з
лоупотреба на службената положба и уништување на документи, но таа не резултирала со никаква пресуда или казна. Според наводите во обвинението, Неновски не ги исполнувал задачите така што не дал наредба за целосно контроли на работењето на штедилницата ТАТ од Битола.
Неновски знаел дека во штедилницата бројот на штедачите бил поголем од евидентираниот и дека
имало неевидентирани договори и кредити. Тој во отсуство на Гувернерот,
потпишал документи и давал инструкции како да се менува званичната eвиденција во Штедилницата. На тој начин
ги прикривал своите наводни штедни влогови и се
стекнал со противправна имотна корист од 1.776.000 денари. Неновски
склучил фиктивни договори за орочување на денарски и наменски средства, а во 1997
дал усни налози на сопственичката на ТАТ, Соња Николовска да исплати пари на Алмако банка, за отплата на кредит за два стана на улицата Железничка во Скопје. Истата година кога штедилницата била под засилен надзор на Народната банка, Неновски испратил писмо до Соња Николовска со
инструкции за тоа што треба официјално да објави за неговите штедни влогови.
Томе Неновски, зет на Никола Кљусев (првиот премиер на македонија и висок функционер на ВМРО а и самиот симпатизер на таа партија.
ТАТ немаше никогаш да се случи да имаше професионални и стручни контроли на нејзиното работење. Неновски ја криел незаконската работа на ТАТ се до момент кога пропадна.