Како смирено, со аргументи Професорката ги разреши двајцата, секоја чест.
Секоја и` чест на професорката, единствено ја жалам бидејќи се бори за националниот интерес на неблагодарна нација, во спротивно македонската нација би излегла од прв до последен позади нејзе во нејзината одбрана на националниот интерес на македонската нација.
А Билјана Секуловска беше и остана најобична сенка од јавна личност, не исполнува услови ниту за да биде прогласена за новинарска сенка.
Кој знае, можеби сега со нејзиниот поранешен работодавач - сватот на Фијат Цановски - кој најавува рестартирање на неговата телевизија затворена поради неплатени даноци, Секуловска конечно ќе дочека да биде шефица на партиската пропаганда на плавите жолтици - на приватна телевизија, се разбира.
Барем со пвеводбениците знаевме дека се` што се емитува на МРТВа е чиста пропаганда, а бидејќи останатите национални телевизии само ја копираа и ре-емитуваа пропагандата од МРТВа, знаевме дека и на нив не може да им се верува.
Вака со приватна телевизија за партиска пропаганда и со Билјана Секуловска како шефица на пропаганда или Борјан Јовановски како шеф на пропаганда, Јосеф Гебелс ќе си има веродостојни наследници во Македонија.
Имаме советници во општини, градоначалници, вработени во јавни установи, пред се МВР, пратеници па би рекол и министри кои не знаат да говорат македонски и вие се фативте за докторка која ќе работи со ранлива категорија?
Тие се јавни функционери, граѓаните гласале за нив, исто како што гласале и за еден Елвис Бајрам со неговото образование.
Но за вработените во државната и јавната администрација - вклучувајќи ги и државните здравствени установи - важи македонскиот јазик како службен јазик согласно со Уставот на Македонија, така да лекарите и медицинските сестри треба да го говорат македонскиот јазик бидејќи тој е јазикот кој го говорат мнозинството даночни обврзници од кои ги примаат платите.
Мене ме имаат услужувано службеници кои не се Македонци по националност кога сум вадел лична карта, пасош, возачка дозвола и слични документи, па сепак сум се разбрал со нив на македонски јазик без потреба од преведувачи.