За ова - се оди на нотар, имај го изводот твој и од дедо ти (или извод од раѓање или умреница) и со двајца сведоци што не ти се роднини (можат двајца другари да ти бидат заедно со тебе, со нивните лични карти) - се потпишува изјава на нотар дека се работи за истиот човек. Кај мене беше разликата меѓу "ов" и "иев". Јбг, на времето во матичното како што ќе му се чуло на матичарот, така биле запишани. Во мојата фамилија има 4 различни презимиња изведени од едно и појма неам како досега фукнционирале и продолжуваат да функционираат.
Нотарите знаат за тој документ. Јас вадев таков, и тоа баш во Струмица. На нотарката и беше чиста формалност истово пошо има илјадници со слична ситуација.
Поздрав.