Подкровје - совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Подготовката на кровна конструкција за кров со керамиди и со лим е иста. Само цената од квадрат лим - керамиди и лим работна рака - керамиди работна рака е различна. Керамидите се поскапи:)
Не мора да е така, со оглед дека лимот е и 10 пати полесен од керамидите кровната конструкција која треба да го носи може да биде и поефтина и со помалце материјал
 
Па добро, за лим може и помалку летви да се користат и тоа поставени на поголемо растојание, но во однос на одредени прописи горе доле слична е кровната конструкција за кров покриен со керамиди и со лим. Но како и да е, воглавно кров покриен со керамиди поскапо фаќа отколку кров покриен со лим.
 
Фала друштво, се одлучив за лим, само се мислам дали железарски или обичен, и луѓе што продаваат лим ми кажаа дека наводно тој со боја/гума (како и да е обложен) не бил добар бидејќи таа изолација со тек на време скапувала на надворешните влијанија па се собирала вода под неа и го скапувала лимот.
Дали е тоа така, или?
Сепак тој со таква обложеност не е толку бучен кога врне.
Инаку за секој што бара материјали, после долго истражување, најефтини градежни материјали има во Пинтија Бујо градба или Шутка Џиди комерц. Чисто како информација ако некој бара.
Дали некој знае каде има речна ситна песок како вардарска и по која цена?

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 
Па воглавно добар квалитетен пластифициран лим не би требало долги години да пројави оштетување на пластифицираниот слој за да дојде до нешто такво, но во секој случај е многу подобар од обичниот лим, што се однесува до кров на куќа.
 
вака на форум може само општо да добиеш информации, најмногу зависи од куќата каде планираш подкровјето, како е изведена, дали има можност за подкровје (законска и градежна...) тоа најточно може да ти каже и пресмета градежен инженер кој ќе ја види куќата, дали е понова градба дали се со столбови или со носечки зидови....
 
Па воглавно добар квалитетен пластифициран лим не би требало долги години да пројави оштетување на пластифицираниот слој за да дојде до нешто такво, но во секој случај е многу подобар од обичниот лим, што се однесува до кров на куќа.

Тој јас што го гледав е обичен во однос на пластифицираното, ама е железарски што знам дека е најдобар.
Не ги рачунам сендвич лимовите до изолација што се по 16е м2.
Што мислиш за обичен железарски Сунѓеру? :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 
Тој јас што го гледав е обичен во однос на пластифицираното, ама е железарски што знам дека е најдобар.
Не ги рачунам сендвич лимовите до изолација што се по 16е м2.
Што мислиш за обичен железарски Сунѓеру? :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
Види ако е квалитетен обичниот лим ќе трае, но со текот на годините ќе го изгуби својот сјај, на некои места може и да зарѓа, да зацрни, т.е. да ја промени својата боја. Сега нормално тоа е можно да се случи и кај пластифицираниот лим, но сепак пластифицираниот има свој заштитен слој, а и естетски многу подобро личи, што е многу битно за еден кров на една куќа.

А си размислувал ли за шиндра?:)
 
Шиндрата за наше поднебје има проблем со сонцето, многу ја гори и ја оштетува. Таа е повеќе за Англија и Скандинавија.
Па на крај и керамиди ќе му акнам да не ме боли глава :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 
Шиндрата за наше поднебје има проблем со сонцето, многу ја гори и ја оштетува. Таа е повеќе за Англија и Скандинавија.
Па на крај и керамиди ќе му акнам да не ме боли глава :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
Според мене и една квалитетна шиндра може долги години да опстои, плус ако фирмата ти нуди и гаранција од по 25 години како што кажуваше @Sale77, тоа би ти било многу подобро решение. А што се однесува до керамидите, одлично и трајно решение се, само најди добар мајстор кој добро и правило ќе ги нареди. Чисто разгледај го начинот на поставување на керамидите на Tondach и Bramac на Јутуб, па ќе видиш колку грешки прават нашите мајстори.
 
Шиндрата за наше поднебје има проблем со сонцето, многу ја гори и ја оштетува. Таа е повеќе за Англија и Скандинавија.
Па на крај и керамиди ќе му акнам да не ме боли глава :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
Лимот е побучен ког врни дожд, на некои луѓе тој звук му е пријатен, од друга страна на лето лимот многу побрзо се лади така да после заоѓање на сонце после сат два престанува да зрачи топлина, керамидата многу подолго ја задржува топлината и подолго ја зрачи и нанадвор но и навнатре (нешто како термоакумулациона печка). Секако се става топлотна изолација и кај двете покривки но и таа не е совршена и не може потполно да спречи загревањето на просторот кога е цела покриена со материјал кој постојано зрачи топлина, лимот правилно поставен е спрема мене е и теоретски непропустлив за дожд со години и децении, додека кај керамидите, секоја керамида која со тек на време ќе се помести или ако не е добро поставена преставува ризик за прокишнување.
И двата материјали имаат предности и мани, на човек е да размисли и процени што му е побитно.
 
Дечки, ситуација поктовје. Кои се чекорите, што и како по редослед да се мести? каква изолација и слично?
 
На бетонската плоча се хидроизолираат со битуменски маси оние делови на кои ќе лежи дрвото. Потоа се поставуваат венчаниците, па роговите, па носечките греди (освен ако веќе немате дигнато и бетонски столбови), па се става патос (ОСБ табли или оплатни штици), па се поставува хидроизолациона фолија, па се поставуваат контралетви и летви и врз нив се редат лимот/ќерамидите, освен ако не ставате шиндра, па врз летвите да се стави ОСБ табла, врз неа хидроизолациона хартија, па потоа да се реди шиндрата.

Кога од надвор ќе се заврши кровот се оди од внатре. Од внатре се поставува прво во конструкцијата парапропусна водонепропусна фолија, но и не мора, па се поставува тервол (10цм, но може и повеќе), па се става парапропусна водонепропусна фолија, се коваат преку фолијата на дрвената конструкција контралетви и сето тоа се затвара со гипскартон.

И тоа би било тоа. Ако треба нешто друго слободно прашај:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom