Нема поента никаква за нас кои здраво размислуваме и расудуваме.
Не знам дали здраво размислувате.
Заканите на Ердоган кон ЕУ за отворање на границите за над 3мил бегалци ми изгледаат сосема реално.
„Повикувавте на помош кога 50.000 мигранти навалија на граничниот премин Капикуле (на турско-бугарската граница). Почнавте да се прашувате што ќе правиме ако Турција ги отвори границите“, изјави Ердоган во Истанбул.
Тој рече дека Турција е таа што храни меѓу 3 милиони и 3,5 милиони бегалци, додека Европа ги погазува своите ветувања.
„Слушајте ме добро. Ако одите уште подалеку, границите ќе бидат отворени“, порача турскиот претседател."
ЕУ си отвори триста проблеми со самиот прием на мигрантите,кавги и закани помеѓу самите членки,терористички напади и еден куп други работи.
Очигледно никој не ја следел конференцијата за бегалци помеѓу странските амбасадори на чело со Бејли и владата на црпнатиот Заев.
Нормално самите бегалци не по сопствена желба би останале во Македонија,него со самото затварање на границите од страна наСрбија,Хрватска,Австрија,Унгарија они ќе останат заглавени кај нас.
Во 1999г кога примивме над 400.000 бегалци од Косово добар дел односно помеѓу 50.000 и 100.000 останаа добиваќи државјанство.
Кој е од Гостиварскиот или Тетовскиот крај може ова да ти го потврди.
Значи една Гевгелија од 15,500 жители со сам приен на 500 бегалци скроз се мењава етничката структура.
Никој не очекува да 200.000 мигранти се примат,но сепак за земја од 2м жители и 10.000 се премногу.
Целата поента со потписи и дебати е да се промени планот на ЕУ за прифаќање на бегалци од наша страна а со нивни финансиски сретства да биде поткрепен целиот проект.Прашање на време е кога Ердоган ќе се предомисли,но и кризата на блискиот исток во догледно време нема да се стиши.Значи би имале дополнителни бегалци.