мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 21.236
- Поени од реакции
- 26.927
Кромебрг колку што памтам работи повеќе од 3 години и бројот на вработени постојано се зголемувал. Првично било околу 150 души ако не се лажам. Од тогаш па до сега можеби поминале 10000 души, можеби помалце , можеби повеќе, но во ниеден момент не биле вработени повеќе од колку што има сега. Не останале најупорните 4000 пошто во ниеден момент до сега немало 4000 души туку тој број со тек на времето се зголемувал и ја достигнал бројката која ја има сега. Незнам за Новаци, Демир хисар и Могила какви текстилни фабрики имало и какви индустриски капацитети имало па што се затвориле специјално за Кромберт да можи да работи. Но за текстилните во Битола знам какви услови и плати нуделе. Работничките сами доброволно си заминуваа одтаму пошто тука имаат каде каде подобри услови за работа и плати. Можеле само да сонуваат за ова.за 3 години поминале 10 илјади работници а се задржале 4000 што немаат избор каде, идат од Могила,Новаци,Демир Хисар патуваат некои по повеќе од 3 часови дневно заради тоа што владата не им обезбеди работно место во местото каде живее, се испозатворија текстилни фабрики и стари капацитети во овие неколку години за да се овозможи работна сила за Кромберг
а во индустриска зона Жабени стојат празни барем 20 парцели кои чекаат инвеститори, зошто е тоа така и каде се повратниците од странство,грци,турци,катарци и што уште не што ќе инвестираше во Жабени ?
http://fokus.mk/najavena-nova-investitsija-vo-bitolskata-industriska-zona-zhabeni/
http://www.bitola.gov.mk/prvadomasnagradbazabeni/?lang=en
http://tvorbis.com.mk/?p=3345
Или ако сметаш дека сезонец во монополот, шијачка во Родон, продавачка во малска продавница е подобра прилика отколку стален во Кромбер тогаш е друг муабетот. Можеби тутун да садиш повеќе се исплаќа којзнае. Битно бројот на вработени постојано се зголемува.
Незнам ти како си ги сфаќаш индустриските зони и странските инвеститори па као мораат да дојдат оти имало празни парцели. Ами имам и јас една нива , така празна седи никој не ја обработува. Бери таму едно убаво фабриче , ќе остани и за паркинг место. Џабе ќе им ја изнајмувам. Ако знаеш некој странски инвестиорот што бара парцела кажи, процент ке ти дадам.


Дали некој нешто мери проверва тука по одредени правила и стандарди не знам, уше помалку компетентност.
Ќе си помисли човек имаат специјален оддел таму кој единствена задача им е да ловат луѓе по социјални мрежи што збораат лошо за фабриката.