Доста ви беа 10 години. Не ја управивте државата, редно е некој друг да проба.
Пари се изнаграбавте, а народот скроз го заглибивте у калта.
Сега ќе ви се случува „народ“. Сега има сите да прозборат за се што правевте минатите 10 години.
Ова како на митинг да си.
[DOUBLEPOST=1503062220][/DOUBLEPOST]
Таравари: Нема да се користат сините картони
Па нормално. Непотребно е тоа.[DOUBLEPOST=1503062654][/DOUBLEPOST]
Историјата на Бугарија и македонија е позната во светски рамки, тие беа окупшатори и направија злосторства над Македонскиот народ и тогаш и пред тоа. Тука нема никакви промени и секој кој кажува поинаку е подржувач на крвожедните нечовечни односи на Бугарија кон Македонија во минатото. Таква историја има и Полска со Германија и Франција со Германија и Србија со Хрватска и Турција со Македонија и Шведска со Русија и Јапонија со Кина..... Во тој договор нема нишо што го спори тој факт, тоа е договор на две сегашни држави во сегашни услови кои се обврзуваат на добрососедство и приателство.
Бугарија е осудена како фашистичка окупаторска земја која правеше злосторства и во Македонија од светските сили и ни еден договор тоа не може да го поништи.
Македонија по тој договор не може да се меша во внатрешни работи на Бугарија за лица кои не се државјани на македонија, тоа значи дека ако Македонците од Бугарија земат Македонско државјанство, ние ќе можеме за нив да се интересираме, прашуваме и бараме права. Тоа е сосема нормално во односи на две земји..
Браво. Како се менуваат работите по партиски потреби. Јас не напишав ништо за историјата, ама и тоа ќе дојде на ред.
Која нормална држава не се грижи за своето малцинство? Јас не велам да се меша во внатрешните работи на друга држава, ама станува збор за култура, образование, идентитет, јазик... Ние се „закопавме“. Убо велиш, за наш државјанин смееме да прашаме „шо мака има во (мајка) Болгариа“. До некни КаПеЈу беше на готовс војна да им се објави на клетите Болгари (мамето нивно). Сеуште се прашувам кои ќе бидат сега „бугараши“ (па и „врховисти“)? СДСМ? И ДУИ (нив ги заболе за македонското малцинство во (мајка) Болгариа)?
Тоа со „партизани и германци“ (наши и фашисти) џабе го „везеш“. Уште малку љуѓето нема да знаат што е втора светска војна, окупација, НОВ и ПОЈ, другарот Тито... ама ќе остане она што тиквата муртинска прифати да потпишува. Кој му даде власт на потпросечно интелигентен тиквар?