Сите факти укажуваат на еклатантно предавство на твојот лидер:
И тоа што одби јавно да го објави дописот од Хаг,
и тоа што самиот кажа дека треба да се скрие предавството - правејќи го у сред лето и тоа што диригираше тоа да биде "округло па на ќоше",
и тоа што остана глув на притисоците на САД и ЕК по ова прашање
...
За што?
За ефтини дневнополитички ќар - гласање у оваа или онаа комисија, директорско или заменичко место у оној или овој ќош од администрацијата. Ефтино и предавнички.
Едноставно, оваа амнестија на воени злострства од страна на Груевски, ќе остане како единствен историски пример на жртвување на националните интереси, погазување на основните морално-етички норми, кршење на меѓународните легислативи и на крајот од краиштата и кршење на законот за амнестија од 2002, поточно кршење на членот три, кој вели дека воените злосторства не потпаѓаат под амнестија.
Твојата одбрана на неговото предавство, единствено во македонската и светската историја, не зачудува, со оглед на твоите умствени способности и флагрантното отсуство на етика и рационално размислување. Кога друг пат нешто ќе ти текне дека Заев им дал ова или она на Албанците, сети се на мавровските работници, киднапираните и други.[DOUBLEPOST=1502976529][/DOUBLEPOST]
СДСМ или било кој во Македонија, тоа време, воопшто не беше надлежен за хашките случаи.[DOUBLEPOST=1502976621][/DOUBLEPOST]– Конечно со ДУИ завршија преговорите, мој избор е веднаш да помине во Собрание амнестија на Хашките случаи. Ние ќе дадеме мислење од влада „округло па на ќоше“, а цела одгворност ќе биде на пратениците и Собранието.