Прв пат слушам за таа работа да се бара посредник, а нема потреба. Сфативме дека имаш произход, само важно е да имаш таков произход кајшо ти пишува дека е наменет за "постојанно пребиваване". Ако немаш таков, ќе треба да побараш во ДАБЧ, пробај да ги замолиш да ти го издадат побрзо. Откако ќе го имаш тој документ, ќе ти требаат околу 250 евра за сите трошоци, од моментот кога ќе поднесеш за виза во амбасада/конзулат, целата процедура ќе ти трае 3-4 месеци. Мене толку ми одзеде. Друга работа, во текот на процедурата ќе ти требаат и најмалку 1500-2000 евра позајмени (ако ги немаш), ама тие ќе ти бидат само за да ги уплатиш во банка за да докажеш дека имаш доволно пари, после одма можеш да ги вратиш таму од кајшо си ги зел на заем.[DOUBLEPOST=1502905063][/DOUBLEPOST]
Леле друже аман, знам. Ама размисли малце - штом има произход за државјанство, значи дека веќе ја поминал тешката процедура и чекање за да го добие, сега веќе може брзо и лесно да добие и дупликат произход наменет за постојан престој.