Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.320
Поени од реакции
4.598
Ова со Лешо ми изгледа "миле ми текна" потег, а да го стаиме на СВП, па после сам да се откаже, да излезе дека критики слушаме
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871

Јоци фали на твитер, да разбие монотонија :)
 
S

silmarillion

Гостин
Е тоа, од ружна ви е владата до секој ден влагање у истата за работа. Абе грам да се немало дигнитет. И дигнитет и кредибилитет се погазува кога натежнува сиромаштијата. Ваљда @Klin сега разбираш што мислам, а не дека ја сум некоја плава крв. Ама на сиромаштијата треба да се погледне и како проблем и како на причинител на проблем. Јебига, сурово ама тоа е.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Јоци, оф мори мајко...а шупакот би си го дала да се у обратна позиција со васиљ. Би ги џиткосал на глава у онаков исушен Вардар и двајцата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Абе дај, стокава беше врвот на партиските вработувања. Капак мислам дека беше она вчера кога пиша дека со мерак го слушал Бродски 91ва на СВП а тој не ни дошол тогаш :pos: проста раја, како што вика Џонтра Волта некои луѓе не ни знаат да бидат глупи како што треба. А и нека прекине да се претставува дека е од Струга, од Вевчани е.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.046
Поени од реакции
45.757
Interesen moment od statusot na shizoto joci

Не знам ти во кој подрум си бил, пред да се дочепаш до фотеља во зградата викана "ружна ви е владата", но еден куп народ, години наназад, не само што отворено критикуваше, туку и ризикуваше работни места заради гласноста против Груевски.
Ostanatoto e nebitno, moment koj sekoj sektash u momentov go ignorira i uste ja postira kaj stigne ... : ))))))))))))))))

Vo pravo e, kritika sekogas postoela, ama da ramnis kritika koja doaga so paket deka mater moze da i se ebe na cela tvoja familija, ne samo tebe, so kritika koja nema da ima takov efekt, treba da si vo najmala raka, shizofrenicar, sto vsusnost i joci e, ili ultra mega glup i neinteligenten, nesto sto bar joci ne e.
I kezharovski ako e za toa, sakase da kritikuva, pa vidovme kako zavrsi, go zamolcija na najdno nacin, go strpaa u zatvor, i sekojdnevno mu crtaa sto ke mu se sluci nego i na najbliskite ... ama ok e joci, isto bilo i porano, medikamentite si go pravat svoeto, pa se ignoriraat vakvi krupni raboti, brzo se zaborava, side efektot na tie apovi e sjeban.

Ako ovaa nova vlada postapuva na ist nacin, togas moze da se kaze deka Joci e vo pravo, do sega takov slucaj nema, niti pak nekoj trpel zakani po zivot, a Joci neka odgovori sto sve i se pisuvalo vo inbox samo dur go kritikuvala Gruevski i DPMNE, pa ke praime muabet dali e isto ko porano, ili ne.

Fakt, ocajno falese izdrzana kritika a bez pritoa da postojat onie stegi na strav deka mater ke ti ebat, Se dodeka vlasta toa go dozvoluva, i ne go ignorira, a pritoa ne si prepsuva cel da ja ubie kritikata na nacinot na koj DPMNE toa go pravese, oni kaj mene ke imaat plus, sto e sekako retardirana rabota, za vakvo nesto da im prepisuvas zaslugi, ej, zasto mozes slobodno da gi kritikuvas ...
Ova dovolno govori u kakva drzava sme ziveele do sega, i samata joci, ooo mrdnati sektashi, toa vi go objasni, so sekoe zborce kritika, shansite da trpis premnogu vo zivotot a so toa da ja povleces i svojata familija, stanuvale se pogolemi i poglemi vo erata na taznoto diktatorce grujo.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.856
Поени од реакции
36.889
Двајца се повлекоа од доделените функции поради притисок од јавноста. Во едно друго време сите функционери не се повлекуваа без разлика колкави катастрофи беа и изборот Груев беше безгрешен.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
До некаде си во право @silmarillion прашање е каде е тој условно речено независен приватен сектор, каде е таа пазарна економија кај нас кога се зависи од партиите, значи страшно до која мера е ситуацијата, така да разбирам зошто се дешаваат некои работи, немање невработен партиски војник или неуспешна партиска фирма си е маркетинг сам по себе.Нема знае/незнае или бива/небива.
Со исклучок на тие шо се е*ани за пример, пошто не сака никој бранување, а под тоа мислам терање правдина и сл.

Еве сеа Кежаровски, ни „наш“ ни „ваш“ како заврши?
Нема новинар бил, објавил вест, информација или сл, да беше од некоја тајфа како прво немаше ни да објави некои работи, а не пак да го насамарат така, а сето тоа колку шо знам немало врска со тој фамозен заштитен сведок.
И пак никој не се најде да го вработи а какви се не ликови и портали имаме кои некој ги финансира.

Битно никој не писна за договорот со Бугарија, за законот за употреба на јазици има по некоја црна овца, ама воглавно оп трт гевезен цу зајн е работата, лидерите одамна ја капариле. Пошто за МакедоЊа се работи :)

Коа ќе речат Швајцарија на Балканот, ич не мислат не животниот стандард, јас бар така мислам.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Двајца се повлекоа од доделените функции поради притисок од јавноста. Во едно друго време сите функционери не се повлекуваа без разлика колкави катастрофи беа и изборот Груев беше безгрешен.
Сепак тоа не ја намалува тежината на изборот first place.
И тоа сите се попалија по Дарета пошо појма немаат какви милиони можеше Зиков да натепа во ЕЛЕМ. Не дека културата е нешто што треба да се стави во втор план, ама ај.
Сепак, убеден сум дека најлошиот кадровски избор до сега е Анѓушев, за кој ни опозицијата на дпне нема легитимитет да јаде гомна, пошо тие го створија. А тој не потпадна на „притисок на јавноста“.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Јоци почна да постира репортажи за булеварите на Коце. Изгледа веќе влезе во предизборна кампања :pos:
Неам појма за шо се работи.

Двајца се повлекоа од доделените функции поради притисок од јавноста. Во едно друго време сите функционери не се повлекуваа без разлика колкави катастрофи беа и изборот Груев беше безгрешен.
И за Кочо Анѓушев се вршеше притисок и тоа со поголем интензитет, па не се повлече, и сеа шу праиме?
Некој шах игра, мене така ми изглеа, жртвува пиун за ловец, ловец за кралица.
 
S

silmarillion

Гостин
Двајца се повлекоа од доделените функции поради притисок од јавноста. Во едно друго време сите функционери не се повлекуваа без разлика колкави катастрофи беа и изборот Груев беше безгрешен.
Споредено со претходните, ова е да не кажам Скандинавија за нив.

До некаде си во право @silmarillion прашање е каде е тој условно речено независен приватен сектор, каде е таа пазарна економија кај нас кога се зависи од партиите, значи страшно до која мера е ситуацијата, така да разбирам зошто се дешаваат некои работи, немање невработен партиски војник или неуспешна партиска фирма си е маркетинг сам по себе.Нема знае/незнае или бива/небива.
Со исклучок на тие шо се е*ани за пример, пошто не сака никој бранување, а под тоа мислам терање правдина и сл.

Еве сеа Кежаровски, ни „наш“ ни „ваш“ како заврши?
Нема новинар бил, објавил вест, информација или сл, да беше од некоја тајфа како прво немаше ни да објави некои работи, а не пак да го насамарат така, а сето тоа колку шо знам немало врска со тој фамозен заштитен сведок.
И пак никој не се најде да го вработи а какви се не ликови и портали имаме кои некој ги финансира.

Битно никој не писна за договорот со Бугарија, за законот за употреба на јазици има по некоја црна овца, ама воглавно оп трт гевезен цу зајн е работата, лидерите одамна ја капариле. Пошто за МакедоЊа се работи :)

Коа ќе речат Швајцарија на Балканот, ич не мислат не животниот стандард, јас бар така мислам.
Независниот приватен сектор е една огромна непозната. Нешто околу што си ја тупат глаата и едните и другите. На последните избори тој даде глас на СДС, во 2006та даде на ВМРО. Бројките варираат плус минус, и нормално не е тоа партиско гласачко тело па да споредуваш списоци после кој гласал кој не и да тепаш со стап. Поентата е како ќе се измотивираат.

Превише беше наивно да се полагаат надежи во тоа дека државата нема да продолжи да биде број 1 вработувач во и онака умрениот пазар на труд. Не постои една дејност, ни една дејност каде што не кубурат со квалитетен кадар. Од доктори до IT преку физички работници. Економисти и правници сите тие бараат чаре у администрација. Владата мисли дека со неповратни грантови од 5000 евра ќе стимулира стартапи и ќе поттикнува претприемачи кои ќе ги тарифира после со разни казни почнувајќи од обука за ПП апарати до квалитет на воздух.

Незнам дали е рано за локалниве али ја најсреќен би бил со макс 15% излезност. Поготово ако дојде време да бираме меѓу Коце и Муки/Шилегов за Скопје.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.279
Поени од реакции
15.405
И за Кочо Анѓушев се вршеше притисок и тоа со поголем интензитет, па не се повлече, и сеа шу праиме?
Некој шах игра, мене така ми изглеа, жртвува пиун за ловец, ловец за кралица.
Kočo Angjušev vleze vo vladata da ja proturka liberizacijata na strujata, što ke dovedi do poskapuvanje na strujata na domakinstvata( toa ne go tangira) i sloboda firmite da kupuvaat struja od kade sakaat....a toj tuka gleda šansa
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.150
Поени од реакции
83.863
БЕЗ УНИТАРНОСТ, МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ФЕДЕРАЦИЈА

Унитарниот карактер на Македонија одамна е доведен во прашање. Моментално, тој единствено се манифестира преку улогата која ја има македонскиот јазик, кој остана негов единствен столб. Токму затоа е сега тој на удар. Чекор по чекор, од едната страна свесно и плански, а од другата (македонска) без да се сфати суштината, сите други елементи се веќе – елиминирани. Затоа есега целото внимание на Албанците и Американците свртено кон двојазичноста. Таа неизбежно води во федерализација на земјата, за што нема никаква легална основа. Тоа ќе биде држава на два народи кои ќе имаат и право на отцепување. За Македонците тоа ќе биде само формално бидејќи немаат никакви големо државни опции. Албанците, пак, се’ што правеа од распадот на Југославија, преку Илирида, војната од 2001-та, ОРД, “Тиранската платформа“…та се до денес, цело време имаат само една идеа – Голема Албанија. Благодарејќи на САД и тој сон им се остварува. А Вашингтон, како наш голем “стратегиски партнер“, без да трепне ги жртвува Македонците. Амбасадорот Бејли ја руши Македонија и одлично си ја врши работата за која е платен а што “нашите“ му дозволуваат да ни прави ’ршум, не е негов проблем. Во историјата, промената на карактерот на државата секогаш се правел или со војна, како што Албанците со помош на САД ни направија во 2001-та, или со револуција. Ова што сега се обидуваат да го постигнат, повторно со отворен американски ангажман, е нешто невидено во светската политика и дипломатија. Затоа тоа не важи за Унгарците во Романија и Словачка, за Русите во Естонија и Латвија… За Ромите и Турците во Бугарија… По истата логика и Турците во Германија можат да бараат турскиот јазик да биде еднаков со германскиот. Или Арапите во Франција, арапскиот со францускиот… Под диктат на САД, кај нас се прави невиден експеримент на штета на Македонците, и никому ништо. Бродот тоне а ние по поделени од секогаш, ќе се изедеме меѓу себе. Неспорен факт е дека македонизмот не се вклопува во американските планови за Балканот. Затоа не оставија како нешто недоречено, како отворено прашање. Со понижувачкиот договор од Охрид (2001) скоро целосно го избришаа македонскиот карактер на
државата. Сега (2014 – 2017), на груб и нецивилизациски начин ја сменија власта бидејќи не беше спремна да капитулира и да прифати прекрстување. Доведоа послушници кои не даваат ни пет пари за фундаменталните, стратегиските и историските интереси на македонскиот народ. По американски диктат, тие прифатија срамен и навредлив договор со Бугарија и, што е најстрашно, на пат се преку нов закон за албанскиот јазик да го докусурат македонскиот карактер на државата. Ова што сега ни се случува не треба никого да изненадува. Тоа е сценариото кое упорно и неверојатно посветено госпроведуваат САД веќе 25 години. Клучен дел од тоа е прекрстувањето на државата што, во дадениве услови ќе се наметне како логичен и неизбежен чин бидејќи новата федерација во никој случај не може да остане со сегашното име. Со еден мастраф, САД ќе го затворат “Македонското прашање“, кое со векови го мачи Балканот, и ќе го финализираат најголемиот дел од големоалбанскиот проект кој, со независноста на Косово, веќе е со преку 70 проценти завршен. По распадот на Југославија, Албанците се главни американски партнери и сојузници на Балканот кои, за возврат на своите локални услуги, ја добиваат премијата наречена “Голема Албанија“. На ист начин за нивната соработка им се реваншира и Мусолини, за време на Втората светска војна: им го подари големоалбанскиот проект, кој се протегаше до Групчин. Прекројувањето на поранешна Југославија се приближува кон крајот. Сега Македонија е на ред. Прво беше разбиена БиХ, која од унитарна стана федерација (дали истата формула ја применуваат сега и во Македонија?). Потоа, од Србија го отцепија Косово и се создаде втора албанска држава. Спротивно на сите меѓународни постулати, сето тоа беше направено со сила. Беа игнорирани Хелсиншките принципи кои, божем, ги штити ОБСЕ која е активен учесник во злоупотребата на сила, според интересите на САД. Србија го загуби Косово ама, сепак, ја доби Република Српска, што е солидна компензација. Прикаската за БиХ не е завршена и тешко е да се предвиди што ќе следи. Можат да не третираат дури и паралелно – како две не функционални федерации. Слободно може да се заклучи дека сето ова е продолжение на пост-југословенското прекројување на Балканот, според плановитена САД. Албанците ја добиваат главната премија – да живеат сите заедно а Македонците ја губат својата држава. Така се затвора и “Македонското прашање“ што ќе ги неутрализира историските синдроми и аспирации на соседите кон нашиот народ и ова парче земја. Голем хендикеп е што не знаеме, а никој не истражува, зошто македонизмот не е прифатлив за САД? Зошто САД направија се’ за да ги прекрстат Македонците и зошто не успееја? Не е јасно, на пример, кои се крајните планови и замисли на САД за Македонија? Дали, веќе прекрстена, вештачката федерација која ја создаваат ќе ја здржат во истите граници? Како ќе функционира таа? Кои се другите опции на маса? Бројни прашања немаат одговор. Сега се обидуваат да не неутрализираат преку албанското малцинство кое политички го изедначуваат со македонското мнозинство што н емора да даде позитивни резултати а може да создаде хаос. Планот, преку зголемениот наталитет, Албанците со време да станат и најбројни во државата и така целосно да ја преземат, веќе не е реален. Наталитетот им се намали а тие масовно и се иселија и сега се најверојатно под 20 проценти. Затоа не дозволуваат попис. Немаат шанси ни обидите на САД за создавање на некаква политичка нација која би се претопила во – албанска. Може да се тврди дека САД нема да се осмелат физички да ја делат Македонија бидејќи тоа не е возможно без нова балканска војна, пострашна од сите претходни. Сите соседи имаат свои есапии во случај на делба сите тие ќе се активираат. И Србите и Бугарите започнаа да ги острат ножевите. За среќа, стравот ќе го чува лозјетошто е најдобра гаранција за територијалниот интегритет на Македонија. Сите други опции, меѓутоа, се отворени. По распадот на Југославија, во својата основа, политиките на САД на Балканот се длабоко – погрешни. Тие не се свесни дека најголеми проблеми во менаџирањето на регионот ќе имаат со Албанците. Големо албанскиот проект, кој упорно го реализираат, ќе им создаде несовладливи предизвици. Од таму ќе доаѓаат сите безбедносни ризици на Балканот. Албанците се единствени окол унационалното прашање, што импресионира, ама на внатрешно – политички план сите нивни политички лидери, и во Албанија, и на Косово, и во Македонија, се гледаат преку нишан. Тоа се’ повеќе ќе ескалира бидејќи меѓу нив доминираат бескомпромисност, лични и партиски интереси, кои се на штета на државата. Така беше неодамна во Албанија, сега е на Косово (лето, 2017)… Регионалните амбиции на Албанците веќе загрижуваат а со трета албанска држава во Македонија, која е на повидок, тие ќе експлодираат. Албанските општини во Црна Гора и Јужна Србија (или Источно Косово, според албанската терминологија), ама и Чамирија во Грција, неизбежно ќе бидат дел од нивните политички аспирации. Во Грција веќе сигурно има околу 1,5 милион Албанци кои, порано или подоцна, ќе станат и политички фактор. Тамошната албанска мафија остварува огромни приходи, кои лесно можат дасе канализираат на политички план. Опасноста од нови албански агресии, како нашата во 2001-та и косовската од 1999, ќе бидат реална закана. За да го тргнат вниманието од домашните политички конфронтации, тие ќе прават проблеми во регионот. Во новите услови и улогата на САД ќе бледнее. Ем нема толку да им требаат на Албанците, ем интересите ќе им се спротивстават. Голема е можноста ексклузивното партнерство со Албанците скапо да ги чини САД и да им ги изгори прстите. Што порано ја сфатат оваа опасност, тоа подобро за сите. Пред се’ – за нив. Жалосна е улогата на ЕУ во сите овие галиматијаси на Балканот. Целосно под американска политичка и безбедносна контрола, таа како да е од друга планета. Брисел има сопствени причини за прекинувањето на процесот на проширување ама и на Вашингтон не му одговара преостанатите балкански држави бргу да влезат во ЕУ. Прво сакаат да го завршат процесот на нивно внатрешно преуредување по сопствен терк. Посетата на потпретседателот Мајк Пенс на Подгорица целосно го потврди тоа. Состојбите во регионот дијаметрално би се промениле со отворањето на вратите на Унијата. Тоа ем ќе отвори перспективи засите ем ќе гo намали манипулативниот простор на САД. Законот за албанскиот јазик лесно може да биде погубен за Македонија и Македонците. Кога ќе се усвои, назад нема да има. Стекнатите права ќе бидат – неповратни. Двојазичноста е атомска бомба врз Македонија, а МАНУ никаде ги нема. За џабе ги плаќаме. Го отспаа договорот со Бугарија иако ветија дека кога ќе го видат текстот ќе се огласат. И самата таква најава беше целосна будалштина бидејќи тие треба да предупредуваат, да даваат насоки, да упатуваат и ориентираат а не да анализираат нечии шкрабаници.Од каде, пак, тие да знаат зошто албанскиот јазик не треба да биде прв во државава? Под палката на новата власт, по 73 години битисување, полека ама сигурно, современата македонска држава ја пее својата лебедова песна. Стотици илјади животи се дадени за оваа слобода која ја уживаме ама која, очигледно, не знаеме да ја сочуваме. Жалосно е што немаме лидер, државник кој ќе поведе и ќе каже – НЕ! на неправдите на кои сме изложени.
Кој е коефициентот ѕидов од текст да е полн со ретардации у правец - дојде апокалипса оти Груевски го тргнавме, леле спасувај се кој може?
Не, нормално дека не го читав.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom