Мхм. Појма немам ја, не знам како се развива темава у последно време, ама типично штабско однесување е тоа. Да се одговара со "во ваше време" за секоја нова глупост на секоја актуелна власт, да ти зборува за тиранија кон сопствен народ кога му зборуваш за етноцид. И ја не го прашував само него, ама го гледам најгласен, си викам може е и најзапознаен.
Aма морам да инсиситрам на ова со јавнава дебата. Затоа што е баш онаа демократска вредност со која се чукаше Заев у гради. Дебата, консензус, дебата, консензус, дебата, консензус....не умре со тоа. Го постави како врвна вредност и фундаментална разлика помеѓу него и тој другиот. Мене некој мора да ми одговори зошто не дозволи дебата и широк консензус за три неверојатно битни, клучни прашања во однос на образование(учебници по историја), уставен поредок(македонскиот Устав нема да важи за прашања од внатрешна природа/интерес на Република Бугарија), локална самоуправа(закон за јазиците), демографија(населување бегалци). И најново, референдумите за рудниците, кај што може еднострано да се укинат резултатите од референдумите, без дебата за значењето на референдумот како загарантирано право и последен збор на народот со сила на закон. И ако ова(јавната дебата, транспарентноста и консензусот) е темелот на кој тврдиш дека ќе го градиш твоето владеење, а го сереш одма по доаѓање на власт, за каков кредибилитет треба да разговараме?