Епа вака, цените беа "таман", во споредба со нашиве. За сместување, јас и девојка ми најдовме топ соба со брачен кревет, купатило клима, телевизорче и терасиче, освен кујна за 20 евра одма до градската плажа кај хотеливе Република и Пини. А и плус беше што не бевме во сезона, дека во Албанија, како што разбрав, сезоната им била во Август. Албанциве од странство им доаѓале итн. итн. па затоа повтино е тогаш. За цените во маркетите, се беше добро, некако приближно на нашиве. Вода на пример балонче од 6 литри беше 90 леки. Патлиџаните беа 80/1кг на пазар. Праските 100/1кг итн. Плажите се супер, градската што е поблизу до марината, на еден крај има поситен песок, на другиот крај е со поголеми камења. Плажата кај шеталиштето беше слична, само имаше едно како надувано теренче на вода за деца да се занимаваат ова-она. Бевме до Ксамил еден ден, на Бора Бора. Плажата е супер, посвежо е малку таму отколку во Саранда, но местото некако беше како за по фамилијарни луѓе xD немаше многу "луди забави", тоа може на некои од другите плажи. Но јас во Ксамил не би престојувал, оти некако наликува на село, и се` се стишува после 9-10 часот. А во Саранда имаш шеталиште скоро 1 километар. Имаш ресторанти, забави на некои од плажите. И се е живо барем до полноќ. Во главно, Саранда е уживанција, а ако одиш прв пат, и плус со автомобил, ќе си имаш премногу да прошеташ и да видиш. Во ресторантите, гиро сувлаки е 200 леки/100 денари, а 500 леки е растурено гиро во чинија (поголема порција). Пиците се од 400 леки нај едноставната па нагоре. За сместувањето не знам како ќе се снајдеш ама јадењето е евтино, во споредба со Грција. А да и најважното, во Саранда нема ниту еден комарец xD А во Ксамил има. Тоа сум се мислел, може да е поради јодот кој испарува насабајле околу 7 часот и вечер околу 10 (препорачуваат во тоа време да одиш на плажа и да вдишуваш барем 5 мин). Е сега тоа е проблем зошто во Саранда и навечер е вруќо xD затоа палмите им се преубави таму
. П.С. многу пати сум одел во Саранда.