Албанија - место за одмор

  • Креатор на темата Креатор на темата Marlboro
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да споедли искуство со Орикум и местата околу Валона, исто и за Драч. Во Ксамил и Саранда сум бил заинтерсиран сум за овие места за семеен одмор :)
 
Mе интересира дали го препорачувате Драч или некое место во близина за пензионерски одмор од 5 дена? :)
Смештај дали од тука да барам или на лице место?
 
Еднаш имам поминато низ Драч и најискрено катастрофа беше на изглед, плажата беше преголема и водата не личеше на морска вода...За околина таму не знам ништо, но ако сакаш ѕирни го Орикум, нешто како етно село е и го фалат многу местото и велат дека има убави плажи, ама нз ништо подетално за жал. :/
 
Еднаш имам поминато низ Драч и најискрено катастрофа беше на изглед, плажата беше преголема и водата не личеше на морска вода...За околина таму не знам ништо, но ако сакаш ѕирни го Орикум, нешто како етно село е и го фалат многу местото и велат дека има убави плажи, ама нз ништо подетално за жал. :/
Орикум е поранешна воена база на енвер Хоџа која била целосно забранета за влез. Повеќето се нови згради но има и стари. Најмногу фамилијарни луѓе одат во населбата пред Орикум-Радиме, и скоро сите вили имаат своја плажа и свои лежалки. Плажите се многу чисти
 
Mе интересира дали го препорачувате Драч или некое место во близина за пензионерски одмор од 5 дена? :)
Смештај дали од тука да барам или на лице место?

Не би ти препорачил да си одиш во Драч сега кога сега е најгусто со туристи. Напнато е не е за одмарање.[DOUBLEPOST=1499723090][/DOUBLEPOST]
Некој совет за годинава за одмор во Албанија? Место каде што нема гужви многу а солидни плажа? Како е со смештај, дали ако одам без резервација ќе најдам смештај или морам со резервации и колку би ме чинело за 7-8дена? Со цени како е таму?

Јас одам редовно во Tale.
https://www.google.mk/maps/place/Ta...5851a0e9fe7!8m2!3d41.6895789!4d19.58024?hl=en

Пречиста плажа, нема гужва ниту хаос, недопрена природа за спокој и релакс!
 
Како се движат цени за смештај у ксамил околу 3ти 4ти август инфо некој?
 
Od 30-40 pokraj moreto...do 10 evra po soba "kaj portokalite":vozbud:
 
тоа е на ридот....и кој сака добар смештај, прекрасен поглед на морето, но одење на плажа со кола...ете му ефтин смештај. на крајот од местото има плантажи со портокали и маслинки...па затоа тако ги нарекуваат местата што се на самиот крај од селото.

исто така има ефтин смештај и на другата страна према езерото...со поглед на него, но повторно плажите се далеку
тоа ми беше поентата
 
Само што се вратив од Ксамил на лице место најдов сместување до плажа за 25 евра од ноќ собата со брачен кревет,кујна , вц,нет,клима (вклучено во цена). Цени ко низ Скопје по маркетите исто за цените по кафичите. Плажите средени топ се само навечер се шетаа свињи покрај контејнерите , а еднаш ги видов и денски додека одев на плажа. Во принцип сум задоволен од одморот не е до толку ефтино ко што ми збореа ама не ни мнгу скапо.
 
Некој што бил на одмор во Албанија скоро да пише некој збор-два?
 
Некој што бил на одмор во Албанија скоро да пише некој збор-два?

Јас бев од 8ми до 15ти Јули во Саранда. Што те интересира поточно?
 
Епа вака, цените беа "таман", во споредба со нашиве. За сместување, јас и девојка ми најдовме топ соба со брачен кревет, купатило клима, телевизорче и терасиче, освен кујна за 20 евра одма до градската плажа кај хотеливе Република и Пини. А и плус беше што не бевме во сезона, дека во Албанија, како што разбрав, сезоната им била во Август. Албанциве од странство им доаѓале итн. итн. па затоа повтино е тогаш. За цените во маркетите, се беше добро, некако приближно на нашиве. Вода на пример балонче од 6 литри беше 90 леки. Патлиџаните беа 80/1кг на пазар. Праските 100/1кг итн. Плажите се супер, градската што е поблизу до марината, на еден крај има поситен песок, на другиот крај е со поголеми камења. Плажата кај шеталиштето беше слична, само имаше едно како надувано теренче на вода за деца да се занимаваат ова-она. Бевме до Ксамил еден ден, на Бора Бора. Плажата е супер, посвежо е малку таму отколку во Саранда, но местото некако беше како за по фамилијарни луѓе xD немаше многу "луди забави", тоа може на некои од другите плажи. Но јас во Ксамил не би престојувал, оти некако наликува на село, и се` се стишува после 9-10 часот. А во Саранда имаш шеталиште скоро 1 километар. Имаш ресторанти, забави на некои од плажите. И се е живо барем до полноќ. Во главно, Саранда е уживанција, а ако одиш прв пат, и плус со автомобил, ќе си имаш премногу да прошеташ и да видиш. Во ресторантите, гиро сувлаки е 200 леки/100 денари, а 500 леки е растурено гиро во чинија (поголема порција). Пиците се од 400 леки нај едноставната па нагоре. За сместувањето не знам како ќе се снајдеш ама јадењето е евтино, во споредба со Грција. А да и најважното, во Саранда нема ниту еден комарец xD А во Ксамил има. Тоа сум се мислел, може да е поради јодот кој испарува насабајле околу 7 часот и вечер околу 10 (препорачуваат во тоа време да одиш на плажа и да вдишуваш барем 5 мин). Е сега тоа е проблем зошто во Саранда и навечер е вруќо xD затоа палмите им се преубави таму :D. П.С. многу пати сум одел во Саранда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom