Прво настапуваш од чисто анти САД позиција, шо е многу лошо за дискусијата, нејсе, не знам како очекуваш да речеме да правиме компарација помеѓу еве Канада и МКД?
Како може таоа што е применливо таму, да биде и тука, концепциски и во принцип можеби, ама разликата ја правиме ние, народот, не некој фактор однадвор, Англичанеци и Французин во Канада не е исто со Македонец и Албанец во Македонија.
Споредбата ја направи газда Бејли, не јас. Јас само ја коментирам, од аспект на демократските вредности кои истите тие САД така здушно ги промовираат во јавност (но само декларативно, никако и во пракса). Сеедно кој каде живее, нели демократските принципи се исти секаде?
А ако демократските принципи се исти секаде, тогаш какви се тие „правила“ кои важат само за Македонија. Какво е тоа правило дека најуспешната албанска партија МОРА да влезе во влада?
Зошто тоа квази правило не важи за најуспешните партии за другите народи, ете не само Македонците, туку и за Турците, Ромите, Србите, итн? Зошто тогаш воопшто постои концепт на давање мандат и формирање мнозинство? По таа квази логика влада/мнозинство треба автоматски да се формира од најуспешните партии, претставници на секој од народите кои живеат овде.
Тоа погоре го кажувам за да ја нагласам апсурдноста на „различните правила“ кои овде САД ни ги наметнуваат. Ни наметнуваат дека овде не мора да важат демократските принците кои важат секаде во светот, како тоа да е најнормалната работа на светот. Не е.
Во врска мојата „анти САД позиција“, не гледам како тоа е „лошо за дискусијата“. А за што да водиме дискусија, како најдобро да им се улижуваме на америчките хендлери? Нема да помогне, тие своите локални вазали не ги имаат одбрано врз основа на тоа дека најдобро пружаат политичко фелацио. Не, тие се одбрани заради други услуги кои ги обавуваат.
Македонците не можат да парираат никако, освен ако некако не знаеш како да не екстремизираш, да не направиш верски фанатици способни за сечење глави, убивање, силување, и сите други методи со кои Албанците се така успешни вазали за divide et impera стратегијата на САД во регионов.
Мојот став не е „анти САД“ од аспект на тоа дека не го сакам Американскиот Народ, или нивната култура. Јас сум противник на политиката која САД ја водат, политика врз која Американскиот Народ нема никакво влијание. Ниту па имаат влијание народните избрани претставници, како што гледаме од искуството на последниот POTUS, Трамп.
Во ред, еве Ердоган, Ал Асад, Орбан и Лукашенко се поштени?
Глеаш и сам дека иако целите се различни, методологијата за реализација на истите, горе долу сите влијателни земји ја користат истата?
А ако земеш и во принцип целите се исти, влијание и контрола, прашање е само дали ќе градиш секуларно и инклузивно или пак спротивно на ова, во секој случај релативно демократско опшество, така да излишна е дискусијата.
Дискусијата е излишна само ако се согласам (согласиме) дека изборот е меѓу одделните куклари. Не е.
Но дури и да инсистираш да размислуваш во вештачките граници на наметнатиот бинарен систем (САД или Русија), зошто би избрал изборот на партнер кој во старт отворено работи против твоите државни и национални интереси? „Партнер“ кој со пуч и секако ти менува влади, и кој подржува, финансира, вооружува, и контролира, внатрешни терористички елементи?
Но со ова влегувам во наметнатите граници за одбирање и размислување, а тоа не го сакам.
Чисто ете пошто си го спомнал, земи го за пример Ердоган. Од аспект дека менува предиспозиции (и партнери) во однос на менувањето на условите во геополитичката атмосфера. Беше со Америте, па кога овие почнаа да ги финансираат Курдите (и му направија обид за пуч), а еве го со Русите. Можеби ликот е корумпиран до коски, ама на Турците, и не само тие од курдски доминираниот дел, им е најважно дека државата нема да се подели (и сите човечки несреќи што со децениии ќе следат од таков развој на настаните).
еве иаме ние политичари лидери и што не, интергалактички патриоти имаа апсолутна власт, па не обратија некое посебно внимание ниту на ова, ниту пак на создавањето етнички чисти населени места, шо понатаму да се дискутира и со кој?
Си тераа бизнисот, по потреба по некоја исценирана меѓуетничка пиздарија и тоа беше се, мислиш дека ако беше ДПМНЕ дека нешто поразлично тек на настани би се одвивал?
Повторно работите ги поставуваш бинарно, црно или бело, сдс или дпмне.
Работите не се толку едноставни. Изборот е толку ограничен само ако одиме по нивното, да мислиме тоа што тие сакаат да мислиме.
Види сега вака, шовинистички истап не помага воопшто во дискусијата, сеедно кој е поводот за истиот, е сеа, дали или не е доволно инклузивен законот за јазици е прашање за дебата, аргументирана, мене лично се што е во духот на тој Рамковен договор не ми смета, тоа е некој компомис постигнат за градење соживот и тука нема одстапки.
Како нема отстапки?
Има многу отстапки, но отстапките исклучиво само од македонска страна.
Еве и сегашната постапка за менувањето на законот за јазиците зошто е?
За остапки на Албанците кон Македоците?
Затоа немој, те молам, да лепиш такви етикети како шовинизам. Што имаше шовинистички во моето мислење? Лажев нешто? Не бев доволно „политички коректен“ во изразувањето?
Па луѓето самите себе се нарекуваат Шќиптари, а јазикот Шќипе. Нели всушност им давам комплимент, со тоа што покажувам макар малку поголемо разбирање на нивниот јазик и култура?
А соживот нема да има се додека продолжат да се применуваат двојни стандарди. Вака со постојаните еднострани отстапки кон малцинството, ќе има само
привид на соживот. Глумење лудило, додека еднаш работите не излезат од контрола. Пошто дури и ваков кроток народ како Македонскиот има граница на трпението. Без разлика што многу од вас мислите дека не е така, но ако ништо друго настаните во Собранието ни покажаа старци и најобични луѓе како извршуваат насилство без контрола. Може кој сака може да рационализира преку објаснување кои се ликови го организирале тоа, но останува фактот дека крајниот извршител на настаните беше народот. 99.9% од луѓето таму беа обичен народ. Сеедно од кој биле подбуцнати, подбуцнувачите ги искористиле веќе постоечките чуства кои кај народот се присутни одамна. Кога ќе се достигне критична маса на незадоволството од срањата кои секојднево ни се случуваат, тогаш ќе нема запирање. Тоа го видовме во настаните во Собранието.
Само после ескалацијата, и укинувањето на двојните стандарди, кога ќе се престане со постојаното уценување и барање на секакви и се поголеми отстапки, само тогаш ќе настапи вистинска нормализација и соживот.