Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
830
Поени од реакции
842
Како е друштво :pijanco:??
ВМРО од Гоце Делчев се сведе на Бетмен Велит, Јанко Бурек, Латас, Грујо и остала багра... А вие се замарате со договорот за Бугарија дали е штетен или не :pijanco:Јебала ве и Бугарија и договори..
 
Член од
2 август 2017
Мислења
29
Поени од реакции
9
Името ВМРО треба да се забрани во име на политичка партија по 2 причини:
1. Во ни еден европејски па и може би светски државен устав не се дозволуват револуции и револуционери. Се пак тоа подразбира насилствена смена на властта,
2. Има една 60 годишна пауза мегју така нареченото историско ВМРО со последен раководител декларираниот бугарин Ванчо Михајлов и сегашното ДПМНЕ со прв раководител етничкиот македонец Лјубчо Горгиевски па потоа Никола Груевски. Тие другите вмрота како народна на истиот Лјубчо и ова на Каракачанов не ги рачунам како по маловажни.
 
V

viktora

Гостин

Сериозно,не ти скурчи да лупаш глупости?Прсти да ти трнеат,очи да те печат или било што?
 
Член од
2 август 2017
Мислења
29
Поени од реакции
9
Ти барем еден аргумент да имаш наспроти?[DOUBLEPOST=1501715299][/DOUBLEPOST]Абе извини ама каков вмровец може да биде Латас чоек Тодор александров ке го стрелаше во првите 5 минути ако се сретнеа или пак Миленко Неделковски ма бегај молим ти се ке крши плоча на загинати бугарски војници много од нив со македонско потекло сеа незаконски поставена ама ке го стрелаше немам никакви сомнежи.
А па уредник на музејот на ВМРО ке биде етнички србин е сеа верно дека сме во ерата на помируванјето ама ми иде малце преку глава,
 
Последно уредено:

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Твое мислење, јас зборев за наредните ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, за овие локалниве нема да зборам дека сеуште незнам како ќе се одвиваат... а вака ако продолжат со ова темпо СДСМ, богами црно им се пишува на нив.
Мора да сватиш дека колку и да е добро што ги тргнаа Грујо и компанијата од криминалци од власт, толку е и лошо што дополнително го навлекоа гневот на македонското гласачко тело врз нив со последниве постапки.
Не знам како мислиш дека го навлекоа гневот гласачкото тело врз нив? со еден нормален соседски договор?..не знам од каде си искрено ама овде во Битола на луѓето толку му е смачено од Вмро и нивните криминали што дури сосила гласаат за Сдсм само нив да не ги гледаат..дури и мене ми се одвратни Сдсм ама ова што го правеше Вмро беше надвор од сите нормални параметри и илјадници луѓе се изгорија сите овие години поради нивните бесмислени закони..мислиш туку така лесно ќе заборават?...а тоа со гласачите лесно се регулира,ќе ја доведат ефтината струја и уште некој популистички закон пред избори и оп ќе видиш како се котат гласој..зарем не научи дека најпродаена нација сме?..

Изгледа не разбирате дека Груевски и Мијалков направија такви умноболни работи што луѓето не сакаат да помислат дека повторно тие би дошле на власт на било какво ниво,тие беа фатени голи на криминали од епски размери и ти мислиш дека со националистички говори ќе се вратат на власт во 21рви век?...Зарем не научивте досега како ги добиваа гласовите и какви притисоци му вршеа на вработените?..еве сега ќе си видите кога ќе немаат нивни директори и кога ќе нема притисоци како се гласа нормално и како ќе се спуштат автоматски испод 350.000 гласа..дури овие се премногу за нив во овој момент.
 
Член од
2 август 2017
Мислења
29
Поени од реакции
9
Тоа со ефтината струја ке проработи ама за кратко. Секое нешто си има реална цена. Ке морат да земат од друго место.Инаку Грујче многу претера.Според мене по 2 линии.
Возпостави речиси полна контрола над медиумите. Тоа секако остава еден горчив вкус во устата на многу луге. И другото се абсолутно идиотската надворешна политика. Бе не можеш ти да поставуваш услови се едно сите напираат да влегуват во Македонскиот Сојуз а не дека ти молиш да те примат во сојузот на богатите и демократски земи.Тоа со сваровски судството и идиотските закони со големи казни е дополнителен бонус.Антиката ептен засра работите.[DOUBLEPOST=1501718543][/DOUBLEPOST]А и друго се присетив, абе кога "идеолог" на ВМРО била и жена па дури и ваква шо изгледа како маж? Не дека сум против интелектот на жените еве паметиме примерно Маргарет Тачер ама ова глуперда да биде некаква интелектуална елита ебаго колку прост треба да си за да мислиш дека Джес Бејли или овој китаецот Хојт И може да направи нешто на своја глава? Собрали се се неква троица малоумни идиоти како миленко, мирка и ефтов и ова се некакви топ журналисти и некаква елита па да ти ебам елитата јас сум сигурен дека да земам 3 случајно избрани чистачи на клозети среде Скопие ке имат повеке ум во главата....[DOUBLEPOST=1501721658][/DOUBLEPOST]А да и последно пошо ниту паметам пошта ниту лозинка за овој ник но ако соберете пари за 2 автобуса луге и ги шитнете у ПМ животот во РМ многу ке се олесни. Во едниот да се стави така наречениот извршен комитет на ДПНЕ а во другиот мирка,миленко, ефтов, каракамишева, сотир костов онаа шушумига анита од НОВА целата алфа и таму овие идиоти од македонски манифест исто и Тодор Петров и овој педер "амбасадорот" Никоски таму целата куртонска багра... со светлосни години ке се скрати патот кон нормалноста и со илјадници тони маката:)
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Генералната проба за мењање на името пројде во најдобар ред. Наредна година и тоа ќе дојде во најава кога ќе се потпише ваков договор со Грција, ВМРО божем ќе сака да се побуни чисто колку да има 2-3ца градоначалници негде, али пошто му лепеше ручето на гарги ќе си ќутат. Исто како што беше и сега. Е останува да видиме дали конечно ќе се испазариме добро за името или и таму ќе ни го начукаат. Мада знаејќи дека Заев е премиер за покажување а конците ги влече амбасадата, чисто сумњам дека освен НАТО нешто друго ќе видиме.

И упорно овците мислат дека Грујо им е едини избор за лидер, а божем не сфаќаат дека партијата им иде у провалија со неговиот товар. Еве незнам нека каже Викторче војсковоџа или Владе или Жорж кое логично објаснување го имаат зашто Грујо ги праи сите "отстапки" у штета на угледот на партијата и патриотскиот дух ако не е фатен за муда за криминалите што ги има направено?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
@Ѓорѓи Н. ти вака ко експерт за политика, кажи збор два за говорот на Пенс. Што мислиш што сакаше да каже?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Колумна: Од училишна клупа во конфекција

.
Пишува текстилна работничка од Злетово

Следејќи ги на интернет излагањата на моите колеги вработени во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, со цел во јавноста да ја покажеме вистинската слика за тоа што се случува со работничките права во текстилните фабрики во истокот, решив и јас да пишам неколку збора околу тоа. Не ретко овде е случај по завршувањето на средното училиште веднаш да се влезе на работа во конфекциите, оние кои не сакаат да го продолжат своето образование или не се финасиски моќни (да, денес факулетот чини 200 евра, но запомтете, текстилната плата не ги покрива основните трошоци, не пак да имаш финансии да си го пратиш детето на факултет) најчесто после матурата одат да работат во конфекциите. Една од нив бев и јас. Значи на оние 5 години кои му се потреби на работодавецот да одлучи дали си ти добар работник или не, и дали ќе ти даде договор на неопределено време, претходно му беа потребни и дополнителни 6 месеци за да види дали треба да те осигура. Денес не е многу поинаку, ваквата пракса се уште се спроведува во фабриките, најмногу во оние за текстил.

Работејќи во оваа индустрија констатирав дека овде речиси не постои ден каде што нашите работнички права не се прекршуваат. Едно од најчестите прекршувања е одењето прекувремено на работа, во текот на неделата одиме по трипати до 17 часот и не се ретки случаите кога ја работиме и неделата. Денот на една текстилна работничка се состои од работа, работа и работа, ние немаме време за било каков одмор, немаме време да си ги погледнеме фамилиите, ние сме дома по неколку часа во денот, но исто како да не сме, изморени физички и психички. И оној одмор кој го имаме за да се одмориме, ние и не го добиваме како што е запишано законски. Од 20 работни денови годишен одмор, ние добиваме една недела заедно со државни празници и викенд. Има некои колешки кои земаат и подолг одмор, но тоа се поединци, додека мнозинството има право на одмор само една недела.

Мобингот овде е секојдневние, покрај напорната работа, неклиматизираните погони, лошата светлина имаме и плус навреди, како и без нив да не е доволно тешко. До душа кај нас е климатизирано, но нефункционално, не се вклучуваат климите и во погоните е пекол. Единствено што се одважија на нашите секојдневни забелешки е што добивме два вентилатори и со тоа го „решија“ проблемот. Овде не постои човечност. Ако сакате да видите како светот изгледа без човечност дојдете во текстилна конфекција. Деновиве добив наредба од шефицата да испеглам 150 парчиња, а нормата е 80, и кога и кажав дека такво нешто е невозможно да се направи, одговорот беше МОРАШ! Најстрашно е кога се врши утовар. Тогаш погонот ечи од „мижави ли сте вие што шиете“ или „ќоруши, слепуши каде гледате“. Можеби некому ова му е смешно, но ова е дури и ублажено.

Ако помисливте дека:”Штом уште работите под овие услови, сигурно имате добри плати”, ќе ви кажам дека се лажете. И таму сме дотепани, плата никаква, услови минимални, без менза. Ако случајно заедно со сите прекувремени, празници и недели платата надмине 12 000 илјади, се над тоа се добива во плик за да не избегне плаќањето на данок. Затоа се „газди“. Сигурно си велите зошто не пријавите? Каде? На кого? Кога доаѓа инспекција се одбираат неколку колешки на кои им се кажува што треба да кажат, инспекторите се задржуваат кратко, не ни влегуваат во погонот и НИКОГАШ не се констатира никаква аномалија во работењето. Трудовиот инспекторат треба да биде нашето прибежиште, а тој е всушност сигурносна заштита на работодавачите. И ете, се повеќе се охрабруваме и ги изнесуваме нашите животни приказни во јавност. Но ни фали храброст да се спротивставиме на неправдите кои ни ги нанесуваат нашите претпоставени. Тогаш би се сменила можеби состојбата која е иста децении наназад, но нема слога, нема солидарност, страв е во прашање. И таа плата од 12.000 денари ќе ја немаме.

Ете тоа е дел од правата вистина како изгледа еден работен ден во конфекциите на истокот. Ете така се станува искусен работник.

@мкд владе шо ќе кажиш?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
значи у кратки црти - да стиснеме зуби да го примиме мушки, а за се што ни пречи и што се по старо(како талат) криви се вмро и од заев нема што да се бара.
Во твојов заклучок погрешна ти е формулацијата е "да го примиме" - ние како народ и држава го имаме примено одамна. Криви се и едните и другите...и некако банално е некој да глуми поголем патриот и заради тоа државава, ем да праи отстапки, ем да трпи со изолации, затуцаност исл.
Сериозно погрешни перцепции ви се:
- Дека дпне игра тврдо и грубо против шипците (мал милион отстапки, амнестии, делење на министерства, пикање у администрација, ист закон за јазик)
- Дека имаме друга опција освен УСА и ЕУ. Нема таква. Путин сами си го бараа, a него к** го боли ако се зарокаме овде малку. Ќе ували некое старо за'рѓано ссср оружје, ќе сере на Russia Today како Америка "продава демократија", а ние ќе се крвосаме овде и тек тогаш ќе изгубиме. Тоа е опција за тебе?
Шо фајде видовте вие од "дип шит" колумните на мирко пијандурата, кога следниот ден, делегација на дпне идеше да дудла по состаноци со нив (ај тоа шо им плаќаше за тоа да не спомињам, пошо со наши пари го праеа тоа)? Што конкретно?
Нека смени дпне раководство и терајте конзерва која ќе биде прифатлива за повеќе луѓе - зачувување на култура, идентитет, патриотизам, а не инаетење, лажни вредности, антиквизација и национализам. Тоа финансискиот криминал ич да не го спомнувам - тоа како го замижувате, алал да ви е!
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
@Ѓорѓи Н. ти вака ко експерт за политика, кажи збор два за говорот на Пенс. Што мислиш што сакаше да каже?
Не го слушав, но можам да претпоставам. Нешто потчув во смисол „не ве оставаме на други“.[DOUBLEPOST=1501748353][/DOUBLEPOST]
Не ми се верува дека полицајците делувале „на своја рака“. Повеќе ми се верува дека некој ги „инструирал“ што да направат, им дал наредба, задолжение... Мислам на претпоставен.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.017
Како е друштво :pijanco:??
ВМРО од Гоце Делчев се сведе на Бетмен Велит, Јанко Бурек, Латас, Грујо и остала багра... А вие се замарате со договорот за Бугарија дали е штетен или не :pijanco:Јебала ве и Бугарија и договори..
А на што се сведе СДСМ, поранешна СКМ-ПДП или изворната КПМ? На Заев, на Шекеринска, на Шилегов, на Богоевски револуционерот?[DOUBLEPOST=1501749602][/DOUBLEPOST]
Генералната проба за мењање на името пројде во најдобар ред. Наредна година и тоа ќе дојде во најава кога ќе се потпише ваков договор со Грција, ВМРО божем ќе сака да се побуни чисто колку да има 2-3ца градоначалници негде, али пошто му лепеше ручето на гарги ќе си ќутат. Исто како што беше и сега. Е останува да видиме дали конечно ќе се испазариме добро за името или и таму ќе ни го начукаат. Мада знаејќи дека Заев е премиер за покажување а конците ги влече амбасадата, чисто сумњам дека освен НАТО нешто друго ќе видиме.

И упорно овците мислат дека Грујо им е едини избор за лидер, а божем не сфаќаат дека партијата им иде у провалија со неговиот товар. Еве незнам нека каже Викторче војсковоџа или Владе или Жорж кое логично објаснување го имаат зашто Грујо ги праи сите "отстапки" у штета на угледот на партијата и патриотскиот дух ако не е фатен за муда за криминалите што ги има направено?
Последно колку што проверив СДСМ се на власт. Прстот слободно можеш да го насочиш на друго место. Шо ти е криво ВМРО за изборната програма на СДСМ која мнозинството гласачи си ја одобрија и им дадоја доверба на избори. Некое време се крстевте во тоа 2/3 мнозинство кое го нема без ВМРО како божем некоја заштита. Е па и без СДСМ нема такво мнозинство така да џабе везеш. Подобро прави како и сите други, фали го и воспевајго генијалниот договор за добрососедство. За тоа го гласавте нели?
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.637
Поени од реакции
88.305
Не знам како мислиш дека го навлекоа гневот гласачкото тело врз нив? со еден нормален соседски договор?..не знам од каде си искрено ама овде во Битола на луѓето толку му е смачено од Вмро и нивните криминали што дури сосила гласаат за Сдсм само нив да не ги гледаат..дури и мене ми се одвратни Сдсм ама ова што го правеше Вмро беше надвор од сите нормални параметри и илјадници луѓе се изгорија сите овие години поради нивните бесмислени закони..мислиш туку така лесно ќе заборават?...а тоа со гласачите лесно се регулира,ќе ја доведат ефтината струја и уште некој популистички закон пред избори и оп ќе видиш како се котат гласој..зарем не научи дека најпродаена нација сме?..

Изгледа не разбирате дека Груевски и Мијалков направија такви умноболни работи што луѓето не сакаат да помислат дека повторно тие би дошле на власт на било какво ниво,тие беа фатени голи на криминали од епски размери и ти мислиш дека со националистички говори ќе се вратат на власт во 21рви век?...Зарем не научивте досега како ги добиваа гласовите и какви притисоци му вршеа на вработените?..еве сега ќе си видите кога ќе немаат нивни директори и кога ќе нема притисоци како се гласа нормално и како ќе се спуштат автоматски испод 350.000 гласа..дури овие се премногу за нив во овој момент.

Можеби за тебе тој договор е нормален и добрососедски, али ако пошироката јавност не мисли како тебе, ондак да... тука го навлекуваат гневот на граѓаните.

Види Мијалков и компанија полека се повлекоа, си ја имаат тие мувата на капата и моментално не им е приоритет да се занимаваат со партијата, значи тие се веќе една лоша историја. Грујо ако остана на чело, тој си купува време само и самиот знае дека е готов... еве ако се исполнат твоите предвидувања дека на локалните избори ќе им се деси дебакл (твое мислење), Грујо милум или силум ќе лета од партијата, дека го нема веќе братучедот да му штити грб.
Овие досега правеа зулуми, ама ете како им се врати, Ленче :love: и компанија им се зад грб и постојано им прети затворска казна.

Него муабетот ми беше за СДСМ, за тоа какви грешки направија овие 3-4 месеци, и зошто (според мое мислење) почнува да им паѓа рејтингот, а и онака се држеа на стаклени нозе.

Твитер/Фејсбук вработувања... Ветуваа живот во Македонија, а прво нешто ги вработија Лешо, Васиљ, Туфгњечнњиќ, Боки 13 и лидерот Павле Богоевски... овие цел живот потешко од пенкало немаат фатено, држава ќе ми водат. Па не сме Шведска, Норвешка, Германија со јаки економии па да си играме играчки тука да експериментираме, треба во владана да седат здрави и прави лица, а не уличари кои плачат по јакни и јадат гомна на социјалните мрежи. Мислам ОК нека има партиски вработувања, навикнати сме ние овие 25 години на тие работи, али барем нека стават некој поасален, колку да не залажат што се вели. Сашо Тасевски одкако ги исплука сите од ВМРО, го ставија за директор на драмски театар :facepalm:

Добрососедскиот договор...Пишував за ова предходно, ме мрзи да го барам постот али накратко ради ова губат кај населението
- Немаше расположение кај поголемиот дел од населението овој договор баш сега да се потпише додека сеуште е "жешка" атмосферата после оние дешавки во Април месец.
- Ултра, Мега, Гига лош момент да се дочека Бојко и компанија со највисоки почести во земјава... 2 Август Илинден, еден од најголемите празници за македонскиот народ
- Таљат на Мечкин Камен... :facepalm: Човекот кој дезертираше и убиваше наши дечиња во 2001 дојде да држи говор за соживот таму... мислам се виде колку народ имаше таму катастрофа, никогаш не било толку празно.

Друго што сакам да кажам, ОК се знаеше дека ќе се прави чистка, башка Таравари е од Алијансата на Албанците, али зошто побогу го избркаа Др. Сашко Кедев? Најспособниот доктор што сме го имале на овие простори. Каква бламажа, јесте да човекот беше близок до ДПМНЕ, али му немаше рамен на својата професија, со сила го бркаат надвор од државава што се вели.

Не ме држи за збор можда и грешам али го ставија Самка Ибраимовски инвестиции да ни носи до државава... САМКА Ибраимовски :facepalm:

И сега последно со пожариве низ земјава, гледам дека сеуште главен човек на Дирекцијата за заштита и спасување е... Ш-А-Б-А-Н С-А-Л-И-У !!! Како? Зошто? Оти? Овој го заборавија или пак не го бркаат дека е Ром по националност? Па јас да те фатам тебе за рака и да прошетаме низ Шутка ќе најдеме барем 1000 попаметни и поспособни луѓе од овој.
Значи ОК избркаа што избркаа, а овој уште мувла фаќа во фотељата. Немам зборови...

Еве ти неколку причини зошто овие од СДСМ не се ништо посебно, и ќе им паѓа во иднина рејтингот ако продолжат вака... Со судни маки ја избркаа фамилијата после 11 години, АЛИ ако продолжат со ваквото темпо на работа, нема да ме чуди пак да си седат во опозиција.
Неспособни бре, 11 години беа во опозиција и пак не им иде паметот, простаци, идиоти... имаа шанса да направат нешто повеќе после сите овие години, тие си играат уште курот.

Пу бре, ПУ, ПУ, ПУ, ПУ!!! Нека одат по ѓаволите сите до еден од ДПМНЕ, СДСМ, па се до небитните Поповска и Павле Трајанов.
 
S

silmarillion

Гостин
Последно колку што проверив СДСМ се на власт. Прстот слободно можеш да го насочиш на друго место. Шо ти е криво ВМРО за изборната програма на СДСМ која мнозинството гласачи си ја одобрија и им дадоја доверба на избори. Некое време се крстевте во тоа 2/3 мнозинство кое го нема без ВМРО како божем некоја заштита. Е па и без СДСМ нема такво мнозинство така да џабе везеш. Подобро прави како и сите други, фали го и воспевајго генијалниот договор за добрососедство. За тоа го гласавте нели?
Каква врска има тоа кој е на власт со анализата за твојата слепа сервилност кон пастирот Грујо кој ви ја урниса партијата? Секој договор со Бугарија и промена на име и незнам уште што мислиш дека ти иде у корист, е помалце штетно од 11 годишното крадење и малтретирање на народот од страна на фамилијата.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.017
Ти касни колумнистката едно 10+ години. Инаку од збор до збор ја опиша тогашната состојба во приватните фирми за што и јас сум сведок. Незнам како е во Пехчево, Злетово или во Благодарево ама ова во колумната нема допирна точка за твојот роден град така да на мислење сум дека единствено ти што имаш допирни точки со приватно или конфекција е кога си поминал покрај нивната ограда.[DOUBLEPOST=1501750355][/DOUBLEPOST]
Каква врска има тоа кој е на власт со анализата за твојата слепа сервилност кон пастирот Грујо кој ви ја урниса партијата? Секој договор со Бугарија и промена на име и незнам уште што мислиш дека ти иде у корист, е помалце штетно од 11 годишното крадење и малтретирање на народот од страна на фамилијата.
Па шо се буниш тогаш?
Шлапкај и викај супер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom