Убаво, кажи ѝ што треба да напише (или нека ѝ се даде готов текст), па нека го потпише. Што се заморувате со други мислења? Јас воопшто не ја „третирам“ како некоја важна. Како министер(ка) да е, па ни зависи судбината од нејзините одлуки и работа.
СЈО е алатка за уништување на ВМРО ДПМНЕ. Што има повеќе да се пишува? Неуставна институција. Уште ли ќе се заморуваме со очигледни работи? Се покрена акција за тргање на Груевски од власт, се спакуваа прислушувани разговори, се митингуваше, се премина и на делумно насилство, се комбинираше со албански гласови, а еден дел од таа акција беше и СЈО. Кога ништо не помогна во изборниот резултат, се забрани на ДУИ да коалицира и се постави СДСМ (Заев) за власт.
И сега треба за СЈО да се пишува. Познато е сé, за оној кој може и сака да собере и сложи едноставни факти.
Малку е надвор од твојата првична мисла, ама мислам дека е веќе „неинтересно“ да се третира СЈО. Како (нај)прво, уставниот суд треба да се произнесе за уставноста на законот за формирање на СЈО. Не знам зошто не се прави тоа речиси 2 години. Кој има дадено забрана? Дали е од надвор?