Обично во моите постови имам тенденција да прикажувам некакви анти-бугарски чувства, кои кај мене се развиле од икс-причини, иако тоа се коси со некои мои други ставови околу национализмот, етничките судири - против кои сум целосно како личност. Кога би зборел од апсолутна позиција, без овој политички контекст, кој се провлекува последните два века, кон Бугарија и кон Србија и народите кои живеат во нив, би требало да сите да имаме покоректен однос (а и тие кон нас), пред се поради културните врски и сличности во јазикот, обичаите, па до некаде и самата антрополошка врска, физиономии исл. Но, (едно огромно „но“) тоа не може да се гледа така, затоа што главното поле за мегдан за поткусурување на овие два народи се случувало токму тука и не можам да си дозволам да развијам поголеми симпатии ниту кон едните, ниту кон другите. Едноставно, постојат неоспорни ѕверства кон невино македонско население и асимилација кои ниеден фејк-историчар и политичар не може да ги избрише и тоа се тие аргументи кои не држат на дистанца. Тука е многу важен фактор и нивното инсталирање прво во историското ВМРО, па и понатаму преку лажните врховисти и автономисти, до денешните квази-врховисти љуБчо, антони исл.
Кога е тема Бугарија, има тука неколку активни членови на темава и форумов, што си држат една линија која мора да признаам дека многу ме потсеќа на сендвичарската во македонските редови. И нормално е, некој жител на некое мало бугарско гратче, кое видело дека нема иднина у својата земја, попрво да гледа да фати магла од таму и да си живее понормален живот, посебно со можностите кои им ги дава пасошот по влезот во ЕУ, отколку да доаѓа на македонски форум и да им паламуди на фиромјаните дека сме с'штиот народ, несреќно поделен во две земји.
Овие податоци што ќе ги стаам, не мора да значи дека се многу веродостојни, ама на чоек со малку акал ќе му значат многу. Затоа ја напраив паралелата со вморонските сендвичи - фолклорот е сличен, со тоа што романтичарските приказни се поинакви, пошо и контекстот е различен, но суштината е таа. Не би праел паралела со исмејувањето на бандата на паторот со сиромашните Македонци од Пустец и нивното силување за изборни потреби, ама ете и тоа е на некој начин вклучување на проблем со соседна земја за дневнополитички потреби.
https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/bu.html
Повеќе пати имам напишано дека колку и да паламудат, нашите татарски соседи во Втора светска војна ја промашија страната. Моментот кој и како носел одлуки за формирање на Република Македонија во рамки на СФРЈ, дали е наше чувство, дали е според правила на Коминтерната или поедини личности им ја оставам да си ја обесат на ѕид (ај да не речам нешто полошо), затоа што е историска шанса во која како народ сме се произјасниле и со нив приказната е завршена. Не би навлегувал околу тоа од каков тип е владеењето на бугарската фашистичка држава овде од 1941-45-та, затоа што доказите се безбројни и тие воопшто не би спроведувале репресивен систем кога расположението на народот би било наклонето кон нив.
Не би пишувал повеќе за нашата историја, врз која губат како држава влијание по 1945-та и очајно се обидуваат да го вратат, туку повеќе околу нивната скорешна историја. Секако имаме и добри искуства со нивни политичари како Георги Димитров и Стамболиски, кои се нормално од лева проминенција, ама нивните имиња не се највисоките пиедестали во модерна Бугарија.
Бугарија е држава, која во Европа е меѓу првите според катастрофалните демографски параметри. Тоа им е многу малку познато на луѓево овде, посебно на сендвичите - нели они чекаат изџвакано да им каже протуѓер дали надвор врне или е сончево.
Кон крајот на 1980-ти години, во Бугарија живееле повеќе од 9 милиони луѓе. Денес се 7 милиони со ваква структура - вкупно жители - значи етнички бугари се помалку од 5 милиони, скоро преполовено население. Покрај тоа што бележат негативен прираст, имаат и други параметри како број на разводи - деца родени во семејства со еден родител исл. кои не им одат во прилог. Познавајќи го прирастот кај ромската заедница и репресиите кои ги имале во комунистичката ера - убеден сум дека биле во многу помал процент во таа Бугарија отколку денеска - ете и ЦИА вика дека резултатот им е лажиран. Во овие податоци - поимот Македонци го нема, пошо не се ни дава како опција во нивниот попис.
Треба само да се разбуричка по интернетов и лесно е да се врзе два со два, каков романтизам им се ветува на тие малку што се останати таму, наместо економски напредок и иднина. Не е ни чудо јавноста кај нив е преплавена со оние квази-историчари од калибарот на Каракачанов, кој по синдромот на мал полов орган, ствараат псевдо-научни теории за старост на блгарскиот народ, настанат во нано-секунди после биг-бенгот исл., а за жал, добар дел од тоа е влезено во учебниците и децата се трујат на дневна основа.
Тука доаѓа страшниот дел со нас и затоа постов го пишувам, не за фаќање сеир, туку дека ние сме на сличен пат. Секако дека не може да се сведе вината само на национализмот и дека само тој го предизвикува ова, ама тој е еден од главните предуслови. Верувам дека многу слична е сликата со Србија, Албанија и до некаде со Косово.
Еве уште еден текст, а ги има и безброј други на темава.
https://www.washingtonpost.com/news/in-sight/wp/2014/11/10/the-steep-decline-of-bulgarias-population-in-the-post-soviet-era/?utm_term=.f9ea28320b63
Мој личен совет до блгарските сендвичи кои продаваат историја овде на форумов е да си ѕирнат по дома што им се случува и да почне малку од малку да им доаѓа памет, а истото важи и за нашите ќосиња, чии резултати допрва ќе ги видиме од пописот, ако оваа влада успее да го направи.