Па накараа 200000 да се пишуве Македонци. Па Шопи, па Гагаузи, па Помаци, па Каракачани, па Торлаци ... и свите со посебен jазик и посебни народи. Вардарците никогаш нема да разбераат дека Пиринци никогаш нема да им простат овие злосторства, кои нивните и српските комунjаци направија во Пиринско по 44г. и почерниа стотици фамилии. И не само таму. Ние одамна бевме дојдени во Софија од Америка и тие, зашто знаеја кој е прадедо ми дошле - Филипе, еве тука да се пишувааш Македонец. - Абе каков Македонец бре, јас возтание сум дигал, знаме сум носел, од каде го измисливте ова! - А, ќе пишуваш ... инаку за такви како тебе имаме еден остров на Дунав, таму после све потпишуваат. Добро, ама тој беше учел во Солунската гимназија, знаеше 5 јазици и им рекол - Абе кога јас се родив, таму беше турско. Ше да ме пишувате Турчин. Овие се изгребале по главите и реколе - Па ова не се ни рекле, ќе одиме да го прашуваме началникот. Вратиле се и рекле - Началникот рече дека Турчин може. Ние сега тука ќе правиме како во СССР и ни требаат многу народи, та да живеат во братство и сестринство. Сè што може, само не Бугарин. Многу се зборува за Коминтерната во таа работа, но многу малку луѓе знаат дека во генезата на тие срања седи врска со едни руски Евреи, Солун и дури современиот скандал со Крим. Абе се е наврзано во овој свет.