толку и ни треба, некоја година до влез во ЕУ а пред тоа влез во НАТО.
потоа можеме што сакаме да правиме, излеземе од договор и се, ич не не боли отпосле.
нивната можност за уцени е до моментот на влез во ЕУ.
истовремено ако они немаат проблеми, целиот притисок зза решавање се преместува на Грците.
сосема различно е каприц на грците или повеќе соседи да забележуваат пробелматични аботи кај Македонија.
Токму пред тој момент ќе се испроблематизира договоров, којшто во политичкиот дел е асиметричен и штетен за Македонија.
Со таа математика не се постигнува ништо. Знаеш зошто??! Затоа што тие од другата страна не се наивни глупаци, и они си имаат план како да не заебат. А договоров овозможува заебавањето да продолжи колку што ти душа сака.
Дури договоров и дава многу поголема предност на Бугарија отколку во спогодбата иако наликува на едноставен препис на текстот од таму дополнет со заложбата за поголема економска соработка.
1. Овој договор ќе биде правно обврзувачки, а правилата секогаш служат само за уцена на послабите. На пример, иако Грција прва ја прекрши привремената спогодба со ставањето вето за влез на Македонија во НАТО, Европа и САД се фатија за, и постојано го истакнуваа, прекршувањето на Спогодбата од македонска страна поради поставувањето на обележја коишто го прикажуваат античкото македонско наследство. Сите се свесни дека Грција можеби е многу повиновна од Македонија, но секогаш е многу полесно вината да се префрли на послабиот и поневажниот.
2. Асиметричноста во однос на малцинствата ја става Македонија во подредена положба. Зошто членот 5 не се однесува и на двете страни?!
3. Македонија прифаќа проблематизирање на нејзината национална историја. Зошто велам само на македонската а не и на бугарската?!! Затоа што македонската историографија не ја оспорува бугарската историја, дури фактографски не го спори ниту делот којшто се однесува на Македонија, туку само толкувањето и погледот на настаните од тие времиња е различен. Тука проблемот е што бугарската историографија го оспорува македонскиот поглед и толкување на македонската историја. За првпат сега со договорот Македонија официјално ќе прифати нешто што е личен поглед на историјата да биде издигнато на ниво на официјален меѓудржавен проблем.
4. Јазикот останува да постои само во Уставот. Народот никаде не се споменува. Официјално е проблематизиран идентитетот на државотворниот народ.
Верувај ми, Бугарија ќе настојува сето ова погоре да биде разрешено пред и да се помисли на влез на Македонија во ЕУ.
Овој договор најмногу работа ќе им заврши на Американците. Тие успеваат со целосното проблематизирање на сите идентитетски столбови на македонската држава да им удоволат на Бугарите и да го затворат помалиот дел од пречките коишто можат да настанат при реализација на нивиот геостратешки план - Македонија да стане членка на НАТО, односно територија под целосна американска воено-стратешка контрола.
А за ЕУ ќе се сликаме. Со нови договори, со Грција, Бугарија и Албанците.
Се на се, овој договор поради својата асиметричност на штета на Македонија ќе отвори многу проблеми во иднина.