Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.606
Тие мaси у Идaдијa редoвнo се резервирaни зa Фрчкo,Тoдoр Пендaрoв и екипaтa.Немoј дa лaжеш декa си резервирaл.Или и ти си у тaa екипa?
Тоа е екипата, вистина. Нема што да се срамиме.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Исто мислам.
Со тоа што, најнеповолно од се' е што нашите историчари се дилетанти. Прашање е дали ќе се арбитрира овој процес и кој ќе ги донесува конечните одлуки.
Сепак, ништо не е признаено, ништо не е прифатено и рано е да се каже дека е изгубено, а сендвичите сега ќе удрат главен акцент на ова.
нашите експерти се занимаваат со розета д пред 4000 години, чекај сега се зафатени.[DOUBLEPOST=1501087372][/DOUBLEPOST]
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.227
Поени од реакции
46.535
1.Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер.

2.Ниту една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.

3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.

4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.

5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.

6.Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.

Незнам прочитај ги и кажи ми каде кога и кој ден саат минута Република Македонија имала нешто заедничко со горенаведеното ? Ова е подлога за нешто друго во иднина, нешто како налик на договорот со Грција и привремената референца ФИРОМ. И тогаш немаше ништо страшно но еве не после 26 години се уште ништо не е страшно.
Сменивме име, знаме наредно е историјата да ја потсуредиме како што ќе и одговара на фашистичка татарија а за возврат да си лапнеме подршка за влез во ЕУ и после да ни тече мед и млеко.
i na koja osnova, od ovie tocki, ti izvlece deka gotovo, sme stanale zapadna bugarija, sto ima loso vo gorenavedenoto ? Od edna strana tvrdis deka sme zapdna bugarija, eden narod, dve drzavi, a go pustas slednovo

3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.

2.Ниту една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.

:tvg:

Sam sebe se negiras, na moeto prasanje zasto mislis deka sme zapadna bugarija ti ova mi go odgovaras, so drugi zborovi ja utna bajagi, se izgubi samo za da kontriras i se negirase samiot sebe, ne sakas da prifatis deka dogovorot nema dopirna tocka so muabetite koi prethodea na istiot a bea pustani od milenkofci, filipovci i najdnoto od sajt u RM a i posiroko, infomax, koi u nekolku navrati se dokaza deka laziraa informacii i sliki, ko onaa za wikileaks i zaev so teroristite od kumanovsko, za da si ja isteraat sopstvenata agenda.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
49
Поени од реакции
58
германија и франција исто направија усогласување на книгите и учебници по историја 2004.
факт е дека имале бг документи дека македонија како држава и мк документи во тоа време не постоеле.
нишо страшно
Makedonija i bulgarija ne se Germanija i francija. Istorijata i politichkata ne e isto.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.606
нашите експерти се занимаваат со розета д пред 4000 години, чекај сега се зафатени.
Розета може да почека. Чекала толку векови, ќе почека уште некој месец.
Сега круцијално прашање е дали геоглифот во Овче Поле (кај што е несомнено гробот на Александар), е на ист меридијан со планината Р'тањ во Србија, околу која стално има НЛО.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Јака свињата :D

Untitled.jpg

И уште еден настан ќе пројде нечујно денеска заради договоров

http://sdk.mk/index.php/makedonija/zamrznat-imotot-na-obvinetiot-pomoshnik-minister-od-mvr-sjo-ke-gi-vraka-nelegalno-steknatite-drzhavni-pari/

ЗАМРЗНАТ ИМОТОТ НА ОБВИНЕТИОТ ПОМОШНИК-МИНИСТЕР ОД МВР, СЈО ЌЕ ГИ ВРАЌА НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАТИТЕ ДРЖАВНИ ПАРИ

За кого се работи? Иво Котевски ли беше?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
германија и франција исто направија усогласување на книгите и учебници по историја 2004.
факт е дека имале бг документи дека македонија како држава и мк документи во тоа време не постоеле.
нишо страшно
Германија и Франција направија заеднички учебници за појаснување на некои историски факти. Германија и Франција не беа во ситуација германците да тврдат дека французите се "неосвестени германци" или обратно.

Настрана тоа, мене ми делува дека тука ќе има политичко тргување со историски личности и настани.

Не велам дека ова е катастрофално ама отвара врата за разни игри.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Јака свињата :D

Прегледај го приврзокот 174806

И уште еден настан ќе пројде нечујно денеска заради договоров

http://sdk.mk/index.php/makedonija/zamrznat-imotot-na-obvinetiot-pomoshnik-minister-od-mvr-sjo-ke-gi-vraka-nelegalno-steknatite-drzhavni-pari/

ЗАМРЗНАТ ИМОТОТ НА ОБВИНЕТИОТ ПОМОШНИК-МИНИСТЕР ОД МВР, СЈО ЌЕ ГИ ВРАЌА НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАТИТЕ ДРЖАВНИ ПАРИ

За кого се работи? Иво Котевски ли беше?
Пишува во линкот, Ѓоко Поповски.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
толку и ни треба, некоја година до влез во ЕУ а пред тоа влез во НАТО.
потоа можеме што сакаме да правиме, излеземе од договор и се, ич не не боли отпосле.
нивната можност за уцени е до моментот на влез во ЕУ.
истовремено ако они немаат проблеми, целиот притисок зза решавање се преместува на Грците.
сосема различно е каприц на грците или повеќе соседи да забележуваат пробелматични аботи кај Македонија.
Токму пред тој момент ќе се испроблематизира договоров, којшто во политичкиот дел е асиметричен и штетен за Македонија.
Со таа математика не се постигнува ништо. Знаеш зошто??! Затоа што тие од другата страна не се наивни глупаци, и они си имаат план како да не заебат. А договоров овозможува заебавањето да продолжи колку што ти душа сака.

Дури договоров и дава многу поголема предност на Бугарија отколку во спогодбата иако наликува на едноставен препис на текстот од таму дополнет со заложбата за поголема економска соработка.

1. Овој договор ќе биде правно обврзувачки, а правилата секогаш служат само за уцена на послабите. На пример, иако Грција прва ја прекрши привремената спогодба со ставањето вето за влез на Македонија во НАТО, Европа и САД се фатија за, и постојано го истакнуваа, прекршувањето на Спогодбата од македонска страна поради поставувањето на обележја коишто го прикажуваат античкото македонско наследство. Сите се свесни дека Грција можеби е многу повиновна од Македонија, но секогаш е многу полесно вината да се префрли на послабиот и поневажниот.
2. Асиметричноста во однос на малцинствата ја става Македонија во подредена положба. Зошто членот 5 не се однесува и на двете страни?!
3. Македонија прифаќа проблематизирање на нејзината национална историја. Зошто велам само на македонската а не и на бугарската?!! Затоа што македонската историографија не ја оспорува бугарската историја, дури фактографски не го спори ниту делот којшто се однесува на Македонија, туку само толкувањето и погледот на настаните од тие времиња е различен. Тука проблемот е што бугарската историографија го оспорува македонскиот поглед и толкување на македонската историја. За првпат сега со договорот Македонија официјално ќе прифати нешто што е личен поглед на историјата да биде издигнато на ниво на официјален меѓудржавен проблем.
4. Јазикот останува да постои само во Уставот. Народот никаде не се споменува. Официјално е проблематизиран идентитетот на државотворниот народ.

Верувај ми, Бугарија ќе настојува сето ова погоре да биде разрешено пред и да се помисли на влез на Македонија во ЕУ.

Овој договор најмногу работа ќе им заврши на Американците. Тие успеваат со целосното проблематизирање на сите идентитетски столбови на македонската држава да им удоволат на Бугарите и да го затворат помалиот дел од пречките коишто можат да настанат при реализација на нивиот геостратешки план - Македонија да стане членка на НАТО, односно територија под целосна американска воено-стратешка контрола.
А за ЕУ ќе се сликаме. Со нови договори, со Грција, Бугарија и Албанците.

Се на се, овој договор поради својата асиметричност на штета на Македонија ќе отвори многу проблеми во иднина.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
нашите експерти се занимаваат со розета д пред 4000 години, чекај сега се зафатени.[DOUBLEPOST=1501087372][/DOUBLEPOST]
За мајтап се за ова, ама да знаеш дека едниот беше професор на електро, а другиот на друг некој факултет - не се историчари. Имам гледано дебата во која една професорка од Историја на УКИМ бришеше патос со двајцата, па после мораа да одат кај свињите миленко-јанко да пробаат да обелат образ.Ниедна сериозна историска институција не им го признава „трудот“.[DOUBLEPOST=1501087952][/DOUBLEPOST]
Пишува во линкот, Ѓоко Поповски.
Да, не сум го прочитал внимателно.[DOUBLEPOST=1501088321][/DOUBLEPOST]
3. Македонија прифаќа проблематизирање на нејзината национална историја. Зошто велам само на македонската а не и на бугарската?!! Затоа што македонската историографија не ја оспорува бугарската историја, дури фактографски не го спори ниту делот којшто се однесува на Македонија, туку само толкувањето и погледот на настаните од тие времиња е различен. Тука проблемот е што бугарската историографија го оспорува македонскиот поглед и толкување на македонската историја.
Чекај бе малку! Како може да се различни, да се преплетуваат и нашата да не ја оспорува нивната? Сеа, ти сакаш да збориш објективно или од инает? Штом постојат разлики, значи дека и во нивните толкувања постојат спорни моменти и тие ќе подлежат на прилагодување.
И кажи ми според тебе што е решение за ова, освен да се седне да се разговара? Да влечеме ко волови секој на своја страна?
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Токму пред тој момент ќе се испроблематизира договоров, којшто во политичкиот дел е асиметричен и штетен за Македонија.
Со таа математика не се постигнува ништо. Знаеш зошто??! Затоа што тие од другата страна не се наивни глупаци, и они си имаат план како да не заебат. А договоров овозможува заебавањето да продолжи колку што ти душа сака.

Дури договоров и дава многу поголема предност на Бугарија отколку во спогодбата иако наликува на едноставен препис на текстот од таму дополнет со заложбата за поголема економска соработка.

1. Овој договор ќе биде правно обврзувачки, а правилата секогаш служат само за уцена на послабите. На пример, иако Грција прва ја прекрши привремената спогодба со ставањето вето за влез на Македонија во НАТО, Европа и САД се фатија за, и постојано го истакнуваа, прекршувањето на Спогодбата од македонска страна поради поставувањето на обележја коишто го прикажуваат античкото македонско наследство. Сите се свесни дека Грција можеби е многу повиновна од Македонија, но секогаш е многу полесно вината да се префрли на послабиот и поневажниот.
2. Асиметричноста во однос на малцинствата ја става Македонија во подредена положба. Зошто членот 5 не се однесува и на двете страни?!
3. Македонија прифаќа проблематизирање на нејзината национална историја. Зошто велам само на македонската а не и на бугарската?!! Затоа што македонската историографија не ја оспорува бугарската историја, дури фактографски не го спори ниту делот којшто се однесува на Македонија, туку само толкувањето и погледот на настаните од тие времиња е различен. Тука проблемот е што бугарската историографија го оспорува македонскиот поглед и толкување на македонската историја. За првпат сега со договорот Македонија официјално ќе прифати нешто што е личен поглед на историјата да биде издигнато на ниво на официјален меѓудржавен проблем.
4. Јазикот останува да постои само во Уставот. Народот никаде не се споменува. Официјално е проблематизиран идентитетот на државотворниот народ.

Верувај ми, Бугарија ќе настојува сето ова погоре да биде разрешено пред и да се помисли на влез на Македонија во ЕУ.

Овој договор најмногу работа ќе им заврши на Американците. Тие успеваат со целосното проблематизирање на сите идентитетски столбови на македонската држава да им удоволат на Бугарите и да го затворат помалиот дел од пречките коишто можат да настанат при реализација на нивиот геостратешки план - Македонија да стане членка на НАТО, односно територија под целосна американска воено-стратешка контрола.
А за ЕУ ќе се сликаме. Со нови договори, со Грција, Бугарија и Албанците.

Се на се, овој договор поради својата асиметричност на штета на Македонија ќе отвори многу проблеми во иднина.
Готови сме. :(

Америка направила сојуз со Бугарија за да ја поништи македонската нација сендвичи и да не пикне насила во НАТО.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Сега засега не гледам ништо спорно во договоров.

Она што како заклучок може да се изведе е дека нема да можиме да се грижиме за македонското малцинство во Бугарија, но ние како држава досега само штета му правевме на нашите малцинства во соседните држави. Тие треба сами да си ја истераат битката.

Така да прва добра работа завршена од оваа влада.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Чекај бе малку! Како може да се различни, да се преплетуваат и нашата да не ја оспорува нивната? Сеа, ти сакаш да збориш објективно или од инает? Штом постојат разлики, значи дека и во нивните толкувања постојат спорни моменти и тие ќе подлежат на прилагодување.
И кажи ми според тебе што е решение за ова, освен да се седне да се разговара? Да влечеме ко волови секој на своја страна?
Во право си, само што... Ние не сме економски развиениот Запад.
Ова е Балкан. Цигански менталитет. Оној што е во подобра положба задолжително му мава заушки на послабиот.

Во првиот момент кога нашите членови во таа експертска комисија ќе покажат несогласување со ставовите на колегите од другата страна, Македонија ќе биде обвинета за некооперативност, и ќе има потреба од повторно договарање. Исто како со Грција.

Гледам не ти се познати соседите.
На пример Бугарија и Грција многу го актуелизираат наводниот говор на омраз кон нив од страна на Македонија, и иредентизмот со наводни примеси на територијални претензии (ова се однесува на картата на Македонија со етничките граници).
Но, секој може да потврди дека токму таму каде што ги обвинуваат Македонците за говор на омраза, кон Македонците се говори толку навредливо и со такво потценување и омаловажување што Македонците се сведуваат на некакви умоболни идиоти. И презентирањето на карти во кои тие земји (сите соседни земји) се прикажани во етнички граници, нормално, таму не се смета за иредентизам и за територијална закана.

Затоа кога се потпишува нешто треба да се внимава. Заев и Бојко сакаат ова да го искористата за сопствена промоција, но во суштина ништо не решаваат меѓу двете држави и нашите народи, а во случајот на Македонија проблемите само ќе пораснат.
 
Има само еден маааааааааааааааааааал проблем во муабетов твој, 200 000 и кусур народ во цутот на работоспособноста кои се направија бугари за подобар живот. Тие се реалните проблеми на нашава држава.

Договоров не е никаква пречка, туку пат кон разрешување на нашава статус кво ситуација.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Готови сме. :(

Америка направила сојуз со Бугарија за да ја поништи македонската нација сендвичи и да не пикне насила во НАТО.
Еве бе, лепи. Се знае кој е газдата. ;)
Само изгледа и во Бугарија народот веќе не јаде трици. Прочитај ги коментарите.
Борисов представи договора с Македонија на посланика на САшт
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom