Мислам дека не си толку глупав. Сакам да верувам.
Ајде чекор по чекор:
Не се злодела само нуклеарките. Ниту пак се многу користени.
Значи те прашувам
Освен нуклеарките, дали Русите се виновни за други конфликти и цивилни жртви, слично како што набројуваш само за Америте.
Ова неколку пати го прашувам, ама некако се правиш глуп па за нуклеарни проби ми одговараш.
Еве може е појасно.
Точно така браос. Значи тоа што го пишуваше за цивилните жртви на војните на Америте, вклучително и Нагасаки и Хирошима е тотална глупост. дека нели сите војни имаат цивилни жртви. Добро што сам си дојде до тој заклучок!
И под ризик да бидам банирам од темата заради off-topic постови од админите, ќе ти реплицирам!
Прв ја начнуваш темата, а бегаш од одговори како ѓавол од темјан! Без разлика...
Дојде до заклучок дека нема војна без цивилни жртви, ама никако да прифатиш дека Американците за разлика од Русите/СССР се користеле атомско оружје врз цивили и тоа го продадоа како херојство пред цел свет. Значи не станува збор за бомбардирање како во Сирија, кога ИД ги држи цивилите како жив штит, за подоцна да префлра CNN/BBC... дека Русија НАМЕРНО УБИВА цивили!
Класичен пример за НАМЕРНО УБИВАЊЕ со УМИСЛА цивили ти е примерот Хирошима и Нагасаки, и тоа со оружје за масовно уништување.
Едно е да убиеш цивили како војник поединец, или како пилот од чија бомба настрадале и околни куќи во кои има цивили, а сосем друго е да фрлиш бомба за масовно уништување врз цивили со извршна наредба (свесно), а тоа да го продаваш како херојство! Тогаш не си само УБИЕЦ, туку си и ГЕНОЦИДАШ! Тоа е разликата што неможиш да ја доловиш, оти си прикриен русофоб...
Русија или
поточно бившиот комунистичко/бољшевистички систем е крив за убивање на сопствениот народ, а владеењето на Сталин е класичен пример за поставен систем кој го ништи сопствениот народ. Ако ти знаеш (а изгледа незнаеш) дека Сталин си убил преку 20 и кусур милиони сожители на СССР, не знам зошто се чудиш за жртвите во Авганистан кој ги направи истиот таков систем. Едноставно системот на СССР беше болен систем, па дури поболен од денешниот западен, кој го убивал и сопствениот народ, за банални причини.
Тој систем конечно умре со распадот на СССР, а се роди нов систем на чело со Путин, кој е целосна спротивност од режимот на СССР. Разликите меѓу двете чеченски војни најдобро сведочат за тоа, а и денешните симпатии на Чеченците спрема Путин и Руската Федерација!
И пред време знам дека ќе се фатиш за интервенцијата во Грузија, Сирија или Украина, и таму ќе бараш цивилни жртви направени до Русите, кои се факт, како што се факт во секоја војна, ама таму нема да најдиш користење на атомски бомби врз цивили, ниту на било какво забрането оружје врз цивили, како што некои сакаат да прикажат! Бидејќи ако го имаше, досега ќе имаше постапка пред белосветските западни судови и Русија и Путин ќе беа уште денес прогласени за геноцидаши!
Оваа слика еден ден ќе се изучува во учебниците, како класичен пример покажан пред светот, да обвиниш држава за поседување на забрането оружје кое не беше најдено, а со исто такво оружје да ја поробиш истата таа држава, во случајот Ирак.
Откако ти дадов одговор дека Русија била виновна за цивилни жртви, еве сега ти одговори на моите прашања, за да се покриеш малку, оти доста те соголив пред учесниците на темата дека си прикриен русофоб!!! Ајде повели...
1. Кога Русите фрлиле атомска бомба врз цивили?
2. Кој ја постави практиката да користи забрането оружје кое го загрозува опстанокот на човештвото?
3. Дали има војна (а не конфликт) во која нема цивилни жртви, ако има кажи овде на сите која е?