Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.642
дали према тебе државата Македонија е вештачка творба?
Според мене, колку што се вештачки творби сите останати држави на Балканот, во Европа и во целиот свет, толку и Македонија е вештачка творба.

Ова убаво звучи во некоја идила, реалноста не е таква, едно е де факто, друго де јуре дипломатија, прагма е во прашање.

Еве што мислиш, што е поголема опасност, Република Северна Македонија како НАТО членка и ЕУ земја кандидат, или ПЈРМ во некоја недефинирана лимбо ситуација?

Пази, да се избоксува Република Северна Македонија за нас е победа.

Чисто накратко објасни ми во реалноста што е поголема опасност, геополитичките текови се такви какви што се, нашите интереси не се примарни ниту кај САД ниту кај Русија, ниту Запад ниту Исток споредено со нашите соседи.

Не дека не се свесни што се случува, Норвешкиот министер за надворешни неодамна во офицјална посета на МК изјави не би сакал да сум на оваа функција а да ги имам Вашите соседи, и сеа шу праиме?
Јас ги поддржувам тие кои велат дека треба да се прекинат секакви преговори за спорот околу името, повлекување на привремената референца и нејзина замена со уставното име на Македонија во сите организации во кои Македонија членува под таа привремена референца.

Тие на кои не им се допаѓа, нека си трпат, како што веќе спомнав погоре, државата произлегува од граѓаните, или можеби требаше да бидам поконкретен - државата произлегува од своите граѓани, а не од граѓаните на државите со кои се граничи или од некои други држави кои се жалат бидејќи името на туѓа држава не им било по нивен ќеиф.

Декстер, уживаш да паламудиш на едноставни прашања што се одговараат со "да" или "не".
Колку што уживаат троловите, толку и јас.

ова се однесува за чехословачка во 1939
Сакаше да кажеш Велика Британија и Франција. За нив Винстон Черчил ја осовремени изреката на Александар Хамилтон:

" Народите на Европа мораа да бираат помеѓу срам и војна. Одбраа срам, но ќе трпат војна " .
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Дур декстер ве шета офтопик ко овци по планина...

Адвокатон Дуковски ја застапувал Бети Канческа, а гостуваше во 450 "Топ теми" фрлајќи говна врз криминалното здружение чиј член е таа. :facepalm:

Стварно е ѓаволска професија, ама мене ова ми е вон домет.
Чест, достоинство...шта је то?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871

Кеш

Јас ги поддржувам тие кои велат дека треба да се прекинат секакви преговори за спорот околу името, повлекување на привремената референца и нејзина замена со уставното име на Македонија во сите организации во кои Македонија членува под таа привремена референца.

Тие на кои не им се допаѓа, нека си трпат, како што веќе спомнав погоре, државата произлегува од граѓаните, или можеби требаше да бидам поконкретен - државата произлегува од своите граѓани, а не од граѓаните на државите со кои се граничи или од некои други држави кои се жалат бидејќи името на туѓа држава не им било по нивен ќеиф.
Ептен наивно, прво треба да си свесен за силата на јунанистанците, влијанието кое го имаат, не роварат низ ЕУ како сакаат, настрана лобито кое го имаат во САД, Австралија... ние сме дел од Европски континент, колку сакаш биди слободумен, отворен, неконвенционален во размислувањето, од сегашна перспектива не моеш да видиш алтернативен пат за нас...да би граделе после независноста она што го градеше да речеме Словенија, оваа тема сигурно немаше да биде предмет на дискусија.

Ама среќа наша тука сме, каде сега, еве според тебе?

Сметаш дека сме самоодржлива земја?

Ако би имале државен апарат кој може да одолее на надворешни влијанија, пак ова сега не би било предмет на дискусија и повеќето отворени прашања не би постоеле.
Ниту пак потреба за земање во предвид на промена на геостратешки колосек.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Дур декстер ве шета офтопик ко овци по планина...

Адвокатон Дуковски ја застапувал Бети Канческа, а гостуваше во 450 "Топ теми" фрлајќи говна врз криминалното здружение чиј член е таа. :facepalm:

Стварно е ѓаволска професија, ама мене ова ми е вон домет.
Чест, достоинство...шта је то?
Абе професионалец. тоа е.
Ако си пиљар и да не ти се допаѓа политиката на Канчето ќе и продадеш нема да ја избркаш..
Исто и тој
не гледам ништо спорно
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Според мене, колку што се вештачки творби сите останати држави на Балканот, во Европа и во целиот свет, толку и Македонија е вештачка творба.
вештачка држава има вештачко име така да не е никаков проблем да се смени
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.642
Дур декстер ве шета офтопик ко овци по планина...

Адвокатон Дуковски ја застапувал Бети Канческа, а гостуваше во 450 "Топ теми" фрлајќи говна врз криминалното здружение чиј член е таа. :facepalm:

Стварно е ѓаволска професија, ама мене ова ми е вон домет.
Чест, достоинство...шта је то?
Хехехе, јас одам оф-топик, а ти што правиш секој пат кога ќе ме ставиш мене во ист кош со пастирот и пвеводбениците, само бидејќи си останал без аргументи ?

Ептен наивно, прво треба да си свесен за силата на јунанистанците, влијанието кое го имаат, не роварат низ ЕУ како сакаат, настрана лобито кое го имаат во САД, Австралија... ние сме дел од Европски континент, колку сакаш биди слободумен, отворен, неконвенционален во размислувањето, од сегашна перспектива не моеш да видиш алтернативен пат за нас...да би граделе после независноста она што го градеше да речеме Словенија, оваа тема сигурно немаше да биде предмет на дискусија.

Ама среќа наша тука сме, каде сега, еве според тебе?

Сметаш дека сме самоодржлива земја?

Ако би имале државен апарат кој може да одолее на надворешни влијанија, пак ова сега не би било предмет на дискусија и повеќето отворени прашања не би постоеле.
Ниту пак потреба за земање во предвид на промена на геостратешки колосек.
Не сме, но ги имаме сите потребни услови за да бидеме самоодржлива земја - плодна почва и чиста вода.

Е па и начинот на кој гејците постапуваат кон нас е неконвенционален, и секако дека мораме и ние на неконвенционален начин да им возвратиме.

вештачка држава има вештачко име така да не е никаков проблем да се смени
Па и твоето име е вештачко, но никој не може со сила да те натера да го смениш.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Еден објективен историографски осврт на МКД-БГ односи во контекст со контроверзниот (засега) договор за добрососедство од страна на ДР Чепреганов, значи не Ачкова, Србов и слични...

„Трета мајка“ за чествување на Илинден

Најдобар пример за чествување на заеднички празннк од минатото меѓу две соседни држави е денот „Д" на Франција и Германија.
Се користи за давање почит кон сите загинати на тој ден, а воедно и како можност за зближување, поврзување, па и за помирување и простување, но не и за заборавање. Каде во заедничкото чествување на Илинден е чинот на извинување на Бугарија за се` што има направено во и на Македонија низ историјата?!

Еве веќе трет пат се заговара заедничко чествување на Илинден со Република Бугарија. И како што вели народната „трета мајка“, па се наметнува прашањето дали овој пат на Заев ќе му се посреќи?!

Неодамна за време на билатералната средба меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија двајцата премиери излегоа на прес-конференција да соопштат што е договорено. Македонскиот премиер видно возбуден (веројатно од среќа) изјави дека со Бугарија ќе биде потпишан заеднички договор за добрососедство и дека од официјална Софија ќе „добиеме поддршка како што личи сосед со сосед“, и покрај фактот што тој сосед не ја признава македонската нација, јазик и култура. Посебно истакна дека е договорено договорот да се потпише на ден Илинден кога македонскиот народ го чевствува еден од најголемите свои празници – автохтониот, својот македонски Илинден 1903 година. Сигурно дека во тоа треба да има некоја симболика. А каква, може само да погодуваме. Исто така, на прашање на новинар Заев одговори „дека голем дел од историјата е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето се` она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави“. И уште повеќе поради „несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали што се официјални државни материјали“. Сето тоа во духот дека „ние сме братски народ, ние сме един и с'шт народ“. Изгледа како Република Македонија да чекаше на историската сцена да се појави Зоран Заев, па да се решат сите спорни прашања со соседите! Па нели и самиот изјави дека ако имаме проблеми со соседите сигурно дека ние самите сме криви.

Изјавата на Борисов дека „од 1991 година до сега Република Македонија има сопствена историја и таа не е заедничка со Бугарија“ и „ако сакаме да запишеме општа историја влегуваме во нови противречности“, ги покажува „искрените“ намери на бугарскиот премиер. Имено тој кажува дека Македонија како самостојна држава постои од 1991 година?! А ниту збор за тоа која нација живее во таа држава. Ги надмина и своите претходници и историчарите кои барем признаваа македонска држава и нација од 1944 година, како творба на Тито и на Коминтерната. Да не сака Борисов да ни каже дека ние за цело време сме живееле во голема заблуда. Идеологизираниот и политизиран комунистички систем од 1944 до 1991 година тотално не денационализирал и сме заборавиле кои сме и што сме т.е сме ги заборавиле бугарските корени. Но и во Бугарија има рационални политичари кои сигурно ја знаат вистината и не можат да ја премолчат. Тоа го направи министерката за надворешни работи на Бугарија,, Екатерина Захариева која во однос на јазикот ќе истакне: „За јазикот не гледам каков е спорот? Така како што е потпишана декларацијата, така е предлогот. Македонскиот јазик е дел од Уставот на Република Македонија...Ние сме ја признале македонската држава, што значи дека го признаваме и нивниот Устав“ и уште повеќе дека „никој не ја одрекува историјата ниту на Бугарија, ниту на Македонија“, но и дека „никој не одрекува дека имаме заедничка историја, кој историчар ќе го одрече тоа“.

Илинден е автохтон македонски празник

Но, да одиме по ред. За заедничко чествување се потребни двајца, кои пред сé, се респектираат и ги почитуваат своите различности. Илинден е исклучиво македонски празник. Кој мисли поинаку се лаже и себе си и другите. Тоа што голем дел од организацијата на востанието одела преку Бугарија не значи дека тоа е бугарско. Истата ја водат, пред се`, македонски револуционери. Како секоја иегална организација барала помош за реализирање на своите идеи и цели. Во неговото организирање МРО го вложила целиот свој физички и материјален потенцијал за востанието да биде што подобро организирано. Од своја страна Бугарија вети „200.000 штикови“ како помош на македонските востаници. Но, тоа не се случи. Востаниците мораа самите да се борат против Османлиите до крајот на ноември 1903 година. Востанието заврши со неуспех, но му покажа на светот за желбата на еден народ да биде свој на своето, со своја држава, нација, јазик и култура. По востанието, во репресиите страдаше македонскиот народ. И сосема е нормално што Илинденското востание живее единствено во колективната меморија на македонскиот народ, бидејќи само тој (македонскиот) народ ја прифати одлуката на Организацијата да се крене, да учествува и да го води и на крајот да ги трпи последиците од востанието. Ниту еден друг народ на Балканот не учествуваше во ова. И во Бугарија, споменот за Илинден во 20-тите години на XX век започнала да го чествува македонската емиграција бидејќи тој живеел во меморијата на Македонците.

Заедничко чествување
За идејата за заеднички учебници просто човек да не знае што да мисли. До сега не е познато две држави да имаат заеднички учебници. Нема два народи со иста колективна меморија, исти сеќавања. Од тие причини идејата е апсурдна. Постојано се споменува заедничкиот пристап на Германија и Франција во правењето на заеднички учебник, но „објавувањето на француско-германската серија на учебници е успех, не толку економски за издавачите или како образовен чин кој ќе го обедини класот, туку тоа е политички чин, кој покажува дека е можно да се надминат бариерите поставени од политиката на државниот образовен систем и неговите барања. Но добра воља е потребна од двете страни“. Треба да се имаат предвид обидите за алтернативни изворници кои во последните десет години се издаваат под покровителство на Европската асоцијација на историчарите Евроклио и Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа. А решението е многу едноставно, нека се донесат, како во Втората светска војна професори и учебници од Бугарија и проблемот е решен. Ќе има и „нова историја“ и „враќање на корените“- сигурно бугарски. Нели сме „с'шт народ“. А македонската историографија и сé она што е напишано може да оди на гилотиња, македонските историчари во пензија или пак да бидат казнети затоа што одлучиле да се занимаваат со историја.

Во овој контекст спаѓа и барањето за прочистување на учебниците од навредливи зборови, и покрај фактот што тие во годините по осамостојувањето беа прогласени за едни од најдобрите поради фактот што во нив ја има историјата на нејзините соседи и во нив нема говор на омраза. За жал, тоа го нема за Македонија во учебниците на балканските држави. И се поставува прашањето што да менуваме. Дали ќе биде историски оправдано учеството на Бугарите во балканските војни и Првата светска војна да се престави како борба за ослободување на Македонија!? И дали може Бугарија да се стави на страната на антихитлеровската коалиција кога до 9 септември 1944 година беше на страната на хитлеровската коалиција. А тоа што ѝ се даде можност по септември 1944 година од окупаторска да стане ослободителна војска знаат самите тие како и зошто се случи. Во Струмица веќе е направен и првиот чекор. Сигурно дека зборот „фашистички“ ќе се замени со „ослободители“?! А еве како и во практика во Струмица се прави тоа:

ногу едноставно. Како во едно минато време кое мислевме дека нема да се повтори. Се поставува прашањето дали со ваквата сервилност Македонците ќе дозволат сопствена тотална историска амнезија и негација дека сето она што го имаме во учебниците е измислица на македонската идеологизирана и политизирана историја, а бугарската е онаа вистинската или, како што вели Божидар Димитров, дежурниот бугарски историчар, со „ова се става крај на македонизмот“.

Чествувањето на заеднички празници од минатото меѓу две соседни држави секако е за поздравување и почитување. Најдобар пример како другите држави се однесуваат кон заедничките чествувања е чествувањето на денот „Д“ т.е. истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Се користи за давање почит кон сите загинати на тој ден, а воедно и како можност за зближување, за поврзување, па ако сакате и за помирување и простување, но не и заборавање. Без никаква омраза, само како мементо да не се повтори. Каде е овде чинот на извинување на Бугарија за се` она што го има направено во и на Македонија низ историјата?!

проф. д-р Тодор Чепреганов

(Текстот е напишан во рамките на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica. Оригиналната објава можете да ја прочитате тука)
[DOUBLEPOST=1500917553][/DOUBLEPOST]
Не сме, но ги имаме сите потребни услови за да бидеме самоодржлива земја - плодна почва и чиста вода.

Е па и начинот на кој гејците постапуваат кон нас е неконвенционален, и секако дека мораме и ние на неконвенционален начин да им возвратиме.
Ја е*а утката со овој муабет сеа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.642
Ја е*а утката со овој муабет сеа.
Нема никаква утка во болниот и тежок факт дека не функционираме како нормална држава.

Прашуваш дали сме самоодржлива држава, во ситуација каде што 50% - ако не и повеќе - од пченицата ја увезуваме. Не, не сме самоодржлива држава, но можеме да бидеме, само треба некој да ги тргне младите подалеку од телефоните и компјутерите и да ги запознае со еден древен изум кој го хранел човештвото со милениуми - мотиката.

Се разбира не е проблемот само во младите, проблемот е и во тоа што државата им оневозможува да се докажат и да бидат успешни, крвопијците наречени политичари или инспектори не можат да живеат од туѓ успех и од туѓа среќа.

Тоа не ми се случило до сега.
Ти се случува секој пат кога ме спомнуваш мене, а притоа го додаваш и паторот/пастирот, или кога на мене ми реплицираш со твојот/вашиот патор/пастир, иако безброј пати ти имам потенцирано дека не сум партиски определен, ниту планирам да бидам.

Заедничкото чествување на Зебрњак чим може да се праи и ама баш никој не напраи проблем, може и ова у Крушево.
Нека си платат за заедничката прослава и слободно нека слават, ни јас не гледам ништо лошо во тоа - под услов да си платат, а не да доаѓаат на свадба кај нас.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Зaр пoсле oбјaвените рaзгoвoри(бoмбите) сo Oливерa Трaјкoвскa сеуште гледaте Тoп Темa? :facepalm: и aјде сегa пoчнете е не лaтaс ке гo гледaм,нa кoчaн телевизијaтa вaкa,Миленкo oнaкa....
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Дур декстер ве шета офтопик ко овци по планина...

Адвокатон Дуковски ја застапувал Бети Канческа, а гостуваше во 450 "Топ теми" фрлајќи говна врз криминалното здружение чиј член е таа. :facepalm:

Стварно е ѓаволска професија, ама мене ова ми е вон домет.
Чест, достоинство...шта је то?
туку нашава јавност што дебатира кој и бил адвокат!!

А не што 3 месеци поминаа после обид за државен удар, обид за убиства во парламент, организиран терористички напад врз собрание, сите до еден се знаат со имиња и презимиња и никој не помина ден затвор за тоа. сите слободни си се шеткаат.
тоа не е за дебата, ке не загрижува кој и бил адвокат...
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
А кoјa е рaзликaтa пoмеѓу Oливерa Трaјкoвскa и Дрaгaн Пaвлoвиќ?
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.488
Поени од реакции
13.703
туку нашава јавност што дебатира кој и бил адвокат!!

А не што 3 месеци поминаа после обид за државен удар, обид за убиства во парламент, организиран терористички напад врз собрание, сите до еден се знаат со имиња и презимиња и никој не помина ден затвор за тоа. сите слободни си се шеткаат.
тоа не е за дебата, ке не загрижува кој и бил адвокат...
Што може да очекуваш од нашата јавност...
Терорист стана министер за одбрана и на крај претседател на собрание, останатите пратеници...

Не ме чуди сега да се ослободат и оние терористи од Куманово и да добијат извинување...

Се аболицираат криминалци милиони што опљачкале и секако и тие се пратеници, министри, премиери итн. :D
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Дур декстер ве шета офтопик ко овци по планина...

Адвокатон Дуковски ја застапувал Бети Канческа, а гостуваше во 450 "Топ теми" фрлајќи говна врз криминалното здружение чиј член е таа. :facepalm:

Стварно е ѓаволска професија, ама мене ова ми е вон домет.
Чест, достоинство...шта је то?
Овој не беше еден од адвокатите на СЈО? Го имав видено на еден случај, дали беше за шамарите во Центар не ми текнува.
Си лапнал паричка човекот ама го утнал времето. Или па другата варијанта, добил тешки закани.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom