Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.642
Ни Американците не бомбардираат цивилно население, они бомбардираат нешто друго, али сигурно нема да ја откажат акцијата ако дознаат дека има шанси некој цивил да има таму. Русите исто.
Не се човечките животи толку битни, на тоа ниво.
Бомбардирање со конвенционални експлозиви е едно, а бомбардирање со експлозиви кои оставаат долготрајни последици е веќе злосторство против човештвото.

Баш пред некоја недела спомнаа на вести за бомбардирања со касетни бомби - кои се забранети со меѓународни закони - врз Јемен или Авганистан, не помнам точно.

од Случувања во Македонија дојдовте до Русите и Американците и бомби
Па индиректно е поврзано со случувањата во Македонија, бидејќи и САД и Русија имаат оставено траен белег на Балканот.

Русите бетер, дека имаат стратегија на брут форсинг, карпет бомбинг и широка употреба на артилерија.
Имаат помалку толеранција кон цивилни жртви.
А тоа е и поефтино. Една термо-баричка бомба е практично канта со гориво, нема споредба со цена на паметна хируршка бомба на наведување.
А бомбардирањата со напалм и со осиромашен ураниум какви последици оставаат ?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
И како им оди на нив, не беа едно време британска колонија или нешто слично ?
бараше држава која не е вештачки создадена
ти кажав египет, па сега дека во 10.000 години нивна историја биле 2 века нечија колонија е то сега било проблем

кина
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.579
Бомбардирање со конвенционални експлозиви е едно, а бомбардирање со експлозиви кои оставаат долготрајни последици е веќе злосторство против човештвото.

Баш пред некоја недела спомнаа на вести за бомбардирања со касетни бомби - кои се забранети со меѓународни закони - врз Јемен или Авганистан, не помнам точно.

?
Пак ќе те потстеам - Зборевме за бомбардирање на цивили - дали тоа го прават и двете или само едните. Ти викаш дека Русите не го прават тоа, а ја ти викам дека си наивен и дека Русите не се удрени со мокра чорапа.

Значи, не зборевме за тоа дали ги бомбардираат со стејт-оф ди арт водени ракети или со бомби од втора светска кои паѓаат со помош на гравитација.
Бомбардирање на цивили со конвенционални експлозиви или со други, подеднакво може да биде злостор против човештвото. И бомбардирање со кофи полни со камења врз цивили, може да те однесе у Хаг.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.642
бараше држава која не е вештачки создадена
ти кажав египет, па сега дека во 10.000 години нивна историја биле 2 века нечија колонија е то сега било проблем

кина
Секоја држава е вештачки ентитет, единствен природен ентитет се водата, воздухот, планините, долините, рамнините, мочуриштата, реките, езерата, морињата, океаните и живите суштества и растенијата кои ги населуваат.

Пак ќе те потстеам - Зборевме за бомбардирање на цивили - дали тоа го прават и двете или само едните. Ти викаш дека Русите не го прават тоа, а ја ти викам дека си наивен и дека Русите не се удрени со мокра чорапа.

Значи, не зборевме за тоа дали ги бомбардираат со стејт-оф ди арт водени ракети или со бомби од втора светска кои паѓаат со помош на гравитација.
Бомбардирање на цивили со конвенционални експлозиви или со други, подеднакво може да биде злостор против човештвото. И бомбардирање со кофи полни со камења врз цивили, може да те однесе у Хаг.
Ама никој не заврши во Хаг за бомбарирањата со осиромашен ураниум врз Србија и врз Ирак, и никој не заврши во Хаг за бомбардирањата со напалм врз Северен Виетнам.

Не знам која е твојата дефиниција за мокра чорапа, но знам дека Русија ги координира своите воени дејствија со сириската влада со цел елиминирање на терористичките цели во Сирија, а не со цел бомбардирање на цивилно население.

Секако дека нема оправдание за колатералната штета, но тука вината е подеднаква и кај страната која бомбардира, и кај страната која држи цивилно население како заложници, еве на Амнести Интернешенл дури сега им текна да прозборат за катастрофалните последици од ослободувањето на Мосул и за третманот кој борците на ИСИЛ/ИСИС/ИД го добивале во заробеништво. А изминативе 3 години молчеа додека градот беше во рацете на терористи.

САД од друга страна, додека Барак Хусеин Обама беше претседател, одбиваа да ги координираат своите воени дејствија со Русија, тоа го започнаа дури откако Доналд Трамп стана претседател на САД, а можеа многу повеќе цивилни животи да бидат спасени во 2015 и 2016 година.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.579
Па нормално дека не завршил у Хаг.
Ни Русите коа бомбардираат цивили никој нема у Хаг да ги даде, нити пак Американците.
наивен си кога мислиш дека Русите не бомбардираат ако видат дека ќе има колатерална штета.
Зависи кокава е таа колатерална штета и дали политичките негативности кои ќе произлезат од колатералната штета се поголеми од добивките кои би произлегле од успешно изведената акција.
И од прилика тоа е внимавањето и кај едните и кај другите.

Генерално, до сега изминативе две-три децении, Русите беа геополитички пасивни и немаа многу такви активности. Американците обратно. Затоа и они имаа повеќе случаи на цивилни колатерални жртви. Но, сега се сменија работите и Русија се почесто ќе ја гледаме како интервенира.

Целата мудрост на малите земји е да гледаат да не се во центарот или блиску до овие интервенции.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Ама никој не заврши во Хаг за бомбарирањата со осиромашен ураниум врз Србија и врз Ирак, и никој не заврши во Хаг за бомбардирањата со напалм врз Северен Виетнам.
Кога ова ќе го спомнеш како редовно избегнуваш да спомнеш дека:

Никој не завршил во Хаг за Чеченија, Грузија, Украина, Афганистан и Сирија...?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.642
Па нормално дека не завршил у Хаг.
Ни Русите коа бомбардираат цивили никој нема у Хаг да ги даде, нити пак Американците.
наивен си кога мислиш дека Русите не бомбардираат ако видат дека ќе има колатерална штета.
Зависи кокава е таа колатерална штета и дали политичките негативности кои ќе произлезат од колатералната штета се поголеми од добивките кои би произлегле од успешно изведената акција.
И од прилика тоа е внимавањето и кај едните и кај другите.
Значи каде што има сила нема правдина.

Кога ова ќе го спомнеш како редовно избегнуваш да спомнеш дека:

Никој не завршил во Хаг за Чеченија, Грузија, Украина, Афганистан и Сирија...?
И како ти делува тоа, каде што има сила нема правдина, или ... ?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.579
Само вози декстер „хусеин“ у офтопик!
Па за жал, може некако да се најдеме себе си во моментов, како стоиме во зоната на преклопување на интересите кои доведуваат на некои места по светот, до бомбардирање со цивилни жртви. Веќе еднаш беше тоа близу до нас.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.642
Па нормално дека не завршил у Хаг.
Ни Русите коа бомбардираат цивили никој нема у Хаг да ги даде, нити пак Американците.
наивен си кога мислиш дека Русите не бомбардираат ако видат дека ќе има колатерална штета.
Зависи кокава е таа колатерална штета и дали политичките негативности кои ќе произлезат од колатералната штета се поголеми од добивките кои би произлегле од успешно изведената акција.
И од прилика тоа е внимавањето и кај едните и кај другите.

Генерално, до сега изминативе две-три децении, Русите беа геополитички пасивни и немаа многу такви активности. Американците обратно. Затоа и они имаа повеќе случаи на цивилни колатерални жртви. Но, сега се сменија работите и Русија се почесто ќе ја гледаме како интервенира.

Целата мудрост на малите земји е да гледаат да не се во центарот или блиску до овие интервенции.
Е па, макијавелисти се и едните и другите, целта им ги оправдува средствата.

Кога се распадна Советскиот Сојуз, САД и западот имаа одлична можност за да го загарантираат мирот во светот кога Михаил Горбачов предложи расчленување на НАТО и формирање на нов воен сојуз во кој ќе членува и Русија.

Но наместо нови пријателства и нови сојузи, САД повеќе беа заинтересирани за внатрешното уништување на руската индустрија и на руската економија, чии што уништувања ги потпомогнаа со тоа што му помогнаа на пијаницата Борис Јелцин да освои втор претседателски мандат со местење на редовните претседателски избори во 1996 година.

Руската индустрија и руската економија и денес воопшто не се на завидно ниво, но кога Русија се отвори за западот во 1990-те години за нови пријателства и подобри односи, западот се однесуваше како Русија да не постои, а ако ја прифатеа тогаш Русија како рамноправен партнер, можеби денес немаше да постои Владимир Путин.

И еве сега повторно се подготвуваат за нова Студена војна.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
и сега ние треба да одбереме америка или русија? исток или запад? да не останеме во средина па и двете страни да не тепат.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871

Гледај го видеото,

Освен на нашите локални јунаци, на кој друг му одговараше траорот предизвикан од распадот на СФРЈ?

Како според тебе, носителот на Варшавскиот пат, СССР, преку ноќ ќе влезеше во сојуз со Западот?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.579
Jaко е дека не контате оти сте живееле во независна држава. Вистински независна. И не, не верувам дека можете ова да го сфатите, што точно значи.
А сега се тепате и карате околу тоа чиј кур е боље да се пуши, дал руски, дал амерички. Дал српски, дал бугарски. Едни ќе носат руски олигарски, другиве сорос го носат, а чак има и матер му ебеш, тотални морони кои дркаат на Ердоган. Оние горе исто пушат навелико, дал германски, дал руски курови. Па чак покушаваат и два у исто време да пушат и тоа го викаат умешност, као успеал он на две столчиња да седи.
Поима немате колку е целата таа атмосфера различна од атмосфера во една независна држава.

Еве ова ви го кажуе некој кој увек бил за тоа да се распадне СФРЈ и Македонија да биде независна.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.642
и сега ние треба да одбереме америка или русија? исток или запад? да не останеме во средина па и двете страни да не тепат.
Јас велам да бидеме шумари и да ги исфрлиме американците и Русите кои се тепаат во нашата шума. :D

Гледај го видеото,

Освен на нашите локални јунаци, на кој друг му одговараше траорот предизвикан од распадот на СФРЈ?

Како според тебе, носителот на Варшавскиот пат, СССР, преку ноќ ќе влезеше во сојуз со Западот?
Е па Варшавскиот Пакт се распадна, исто како и Советскиот Сојуз.

Во тој период велеа дека и историјата завршила бидејќи престанал да постои и до тогаш најголемиот можен агресор во светот.

Јас лично не верувам дека идејата на Михаил Горбачов за заеднички воен сојуз помеѓу довчерашните идеолошки завојувани страни ќе успееше, но останува фактот дека човекот барем воопшто ја спомна таквата идеја, која од самиот почеток беше отфрлена.

И сега после светската економска криза од 2008 година, некако како светот почнува полека да се буди во нова Студена Војна.

Jaко е дека не контате оти сте живееле во независна држава. Вистински независна. И не, не верувам дека можете ова да го сфатите, што точно значи.
А сега се тепате и карате околу тоа чиј кур е боље да се пуши, дал руски, дал амерички. Дал српски, дал бугарски. Едни ќе носат руски олигарски, другиве сорос го носат, а чак има и матер му ебеш, тотални морони кои дркаат на Ердоган. Оние горе исто пушат навелико, дал германски, дал руски курови. Па чак покушаваат и два у исто време да пушат и тоа го викаат умешност, као успеал он на две столчиња да седи.
Поима немате колку е целата таа атмосфера различна од атмосфера во една независна држава.

Еве ова ви го кажуе некој кој увек бил за тоа да се распадне СФРЈ и Македонија да биде независна.
Какво е ова богохулење за пвеводбениците, а не верувам ни дека на плавите жолтици ќе им се допадне ова што го велиш.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.579
Чак ни мене не ми се свиѓа ова што го зборам, али човек да се самозалажува е заебана работа (на лично ниво) и не верувам дека може на крај да има некој ќар од тоа.
Ја цело време бев против останувањето во СФРЈ, поради хрватско-српските его трипови и желби за доминација, заради што увек Македонија беше задња рупа на свирали.
Али да се лажам дека овие држави се нешто што може да се споредува со таа држава, треба да сум идиот.

Лифтови пешачки премини отвараат денес политичарите у Србија и Македонија (и другде веројатно)
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom