Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
и чехословачка се обедини доброволно со германија, од друга страна јужен виетнам не сакаше да се обедини со северен туку тоа се правеше со децении војни и напади и насилно од север.
чехословачка настана како вештачка држава во 1918 година и во нејзин состав дојдоа голем број на германци кои во чехословачка беа третирани како граѓани од втор ред. желбата на судет да се приклучи кон германија беше огромен а на крај доброволно цела чехословачка влезе во состав на германија
северен виетнам настана како отцепување на комунистичкиот дел, дека тоа не беше желба на цел народ се виде и во период кога доброволно од северен комунистички виетнам во јужен виетнам се иселија над милион жители бегајќи од комунистичкиот режим - егзекуција на над 100.000 северно виетнамски селани кои се противеа на одземање на нивните имоти во процес на национализација на земјата, затварање на стотици иљади севрно виетнамци во работни логори на превоспитување. Од како комунистите го освоиа цел виетнам и испратија во логори и смрт стотици иљади луѓе - ја нападнаа и камбоџа
значи во случај со виетнам америка застана против агресивна и насилна политика на северен виетнам подпомогнат од русија и кина.
Во случај на чехословачка, немаше војн ани агресија туку мирно вклучување на чехословачка во рамки на германија

Ај именувај една држава која не била вештачки создадена, туку природно се создала самата од себеси ?

Секоја војна носи промени со себеси, ретки се војните кои завршуваат со статус кво анте белум.

Никој не ги праша Чесите дали сакаат припојување на територијата на Чешка кон Нацистичка Германија, исто како што никој не ги праша Виетнамците дали сакаат да живеат во две различни држави, исто како што никој не ги праша швабите после Втора Светска Војна дали сакаат да живеат во Источна Германија и во Западна Германија.

Во сите 3 случаи кои ги спомнав, силата си го истера своето, но за разлика од Виетнамската Војна, каде што Северен Виетнам и Јужен Виетнам имаа сојузници на своите страни, Чехословачка немаше вистински сојузници, исто како што и Македонија нема вистински сојузници.

Гледам бомбардирањето цивилно население со напалм воопшто не е агресивна и насилна политика, само Русите и Кинезите не чинеа.

За војната помеѓу Виетнам и Камбоџа виновникот треба да го бараш кај Пол Пот и Црвените кмери, поддржани од Кина и Мао Це Тунг, кои истовремено го подбуцнуваа и Советскиот Сојуз на кинеско-советската граница.

Ова неколку пати го повторуваш како некоја опасна мудрост.
Тоа е принципот на неколонијализмот. Прво се обидува да се поткупи локалниот водач. Ако тоа не успее се оди кон негово демократско симнување од власт. Ако и тоа не успее, се оди кон атентат и последна мерка е воена интервенција. Си открил гоооооолема вистина, браво!
Ај прво објасни ми како е можно, оваа територија (не држава) со овие човечки и географски ресурси да се спротиставува на било која од големите сили? Под „спротиставување“ не мислам она сељачко инаетење на паторот да не им иде на проштални коктели на амбасадорите, туку толерирање ембарга, барање подалечни сојузници (по некој основ), функционирање (релативно) нормално во такви услови.

Што е убавината на изолираните држави и ај докажи го поквалитетниот живот во нив. Тоа ти се такви во кои најчесто владеат тоталитаристички режими конципирани како Северна Кореја или Зимбабве или такви со тотален хаос, баталени од светов како Сомалија, Сиера Леоне исл.

Јас еве дури и би прифатил некој од калибарот на Чавес или Кастро да беше, иако и кај нив народот побааги истрпе и уште трпи и плаќа со сиромаштија, а во државите сепак се формираа елити и тоа повеќе заради харизмата и „левичарскиот“ карактер (кој си е** мајката, ама ај).
Ако добро те разбирам тебе, ти бараш некое инаетење како магаре на мост, у стил на паторот. Еве ја кај е државава од 2006-та до сега. Си баравте „лидер“ и си го најдовте, нели? Покажа некоја елоквенција? Стил? Некаква симпатичност барем со која ќе ги освоеше луѓево? - Лажго, крадец, шо не знае да збори без да чита, без харизма, без претставителност, полн со лудачки идеи и самодоверба. На пола ја подели државава и физички и меѓу народот, нема никаква контрола во западна Македонија - тоа тебе ти е “подобро“. Ако на нешто би работел во оваа земја сериозно, тоа е да го уништам потенцијалот за стварање вакви ликови околу кои ќе се врти се' - а тоа се праи само со едукација со векови. Глеам и кај тебе и кај повеќето од вас од фан-клуб на паторот дека слепо терате по некоја фактографија, а суштински работи не можете да сконтате.
Со напалм бомби поубаво ќе пројдевме.

Го повторувам бидејќи е опасната мудрост на САД, а ако на тебе не ти смета бомбардирањето на цивилно население со напалм, тоа е твој проблем.

Не знам дали постои лек за паторскиот синдром од кој боледуваш, но ме изненади со ова што го кажа за Хуго Чавез и Фидел Кастро, кога токму пастирот беше македонскиот Чавез од глава до пети, со разликата што наместо дебел како мечка, беше патор - како што го нарекуваш ти. Ако не веруваш во ова, тогаш штета што пастирот повеќе не е на власт, ако останеше на власт барем до 2020 година, ќе ти станеше јасно како ден и ноќ дека пастирот беше македонскиот Хуго Чавез, бидејќи како што Чавез даваше бесплатен оброк и социјални станови за сиромашните со парите од извезената нафта, така и пастирот даваше тендери и сендвичи со парите од казните кои ги крена до небо.

Ако некој тука се инаети како магаре на мост, тоа си ти, особено кога ќе останеш без аргументи за дискусија, и секогаш се фаќаш за паторот твој како за сламка.

Инаку не ни требаа напалм бомби, и без нив ги поминавме 1990-те години прво со плавите жолтици предводени од нивниот папа, па потоа со пвеводбениците предводени од нивниот јарец, па денес некогашните индустриски гиганти повеќе не постојат, а ги снема без војна и без напалм бомби.

Или ако сакаш, наречи ги политички напалм бомби кои плавите жолтици и пвеводбениците ги фрлија врз македонската индустрија и врз македонската економија.

За поделбите кои се случуваат во Македонија исто така добредојден си виновниците да ги бараш и кај плавите жолтици и кај пвеводбениците, бидејќи ниту едните, ниту другите немаат направено апсолутно ништо за да воспостават било какво владеење на законот, редот и правото во западна Македонија, како и во други делови од Македонија.
 
Последно уредено:
тончи-блгарчето го „заштитува“ фајром...фала, не треба!

DFffkDgW0AAgB8E.jpg
 
Абе не мојш ти да знајш @Dexter26 , сеа некој пиши тука од Ватиканските архиви, дури истражува таму за третата дисертација, сеа на Кембриџ, тема оправданоста на концентрационите логори од тогашна перспектива.
Пошто една од магистерските тези беше за оправданоста на дискриминирањето врз основа на сексуална ориентација.
Да се надоврзи, згора Ватикан стипендира.
Зато и вака неконвенционални историски извори се негираат, ама јбга, нема секој пристап до такви информации...
 
кога токму пастирот беше македонскиот Чавез од глава до пети, со разликата што наместо дебел како мечка, беше патор - како што го нарекуваш ти.

:lolzz: GTFO Декстер, ти не си у реду!
 
:lolzz: GTFO Декстер, ти не си у реду!

Паторски синдром дете :lolzz: , а температуриве повторно се кренаа, фала му на Бога рекоа дека од утре вечер ќе заладело.
 
Последно уредено:
САД, а ако на тебе не ти смета бомбардирањето на цивилно население со напалм...
Ти смета напалмот на САД од 1970, а не ти сметаат Руски термо барички бомби во урбани средини во Сирија??
Термо-барички бомби измислени буквално за “стерилизација“, со деструктивна моќ на помала нуклеарка, тоа нема проблем а?

http://theconversation.com/vacuum-b...long-history-of-atrocity-from-the-skies-63733
https://en.wikipedia.org/wiki/Thermobaric_weapon
 
Ти смета напалмот на САД од 1970, а не ти сметаат Руски термо барички бомби во урбани средини во Сирија??
Термо-барички бомби измислени буквално за “стерилизација“, со деструктивна моќ на помала нуклеарка, тоа нема проблем а?

http://theconversation.com/vacuum-b...long-history-of-atrocity-from-the-skies-63733
https://en.wikipedia.org/wiki/Thermobaric_weapon

Да де, знам дека рускиот Татко на сите бомби е со поголема разорувачка моќ од американската Мајка на сите бомби.

Инаку, за разлика од Северен Виетнам, кој воопшто не бараше од САД да го бомбардираат со напалм, Сирија од друга страна побара и доби воена помош од Русија во борбата против тероризмот.
 
И нашиот западен сосед не` нарекува ПЈРМ, иако наводно не` има признаено под уставното име.

Но НикојX не се занимава со бранење на нивните политики, се занимава само со бранење на политиките на САД.
Aлбанија го користи називот ПЈРМ секогаш и секаде, освен во меѓусебна комуникација. Тоа е битно.
 
Ти смета напалмот на САД од 1970, а не ти сметаат Руски термо барички бомби во урбани средини во Сирија??
Термо-барички бомби измислени буквално за “стерилизација“, со деструктивна моќ на помала нуклеарка, тоа нема проблем а?

http://theconversation.com/vacuum-b...long-history-of-atrocity-from-the-skies-63733
https://en.wikipedia.org/wiki/Thermobaric_weapon


Тогаш може борбата за влијаније и контрола се водеше преку некој идеолошка доктрина, бар навидум, сеа се е чисто бизнис интерес. И онака не зависи од нас која страна ќе ја фатиме, како ќе си се испазарат меѓу себе. Џабе тупење.
Земи дека во истиот период Афганистан под СССР и Иран под САД беа далеку подобри секуларни опшества со далеку повисок животен стандрад него што и да се денес.
 
Да де, знам дека рускиот Татко на сите бомби е со поголема разорувачка моќ од американската Мајка на сите бомби.

Инаку, за разлика од Северен Виетнам, кој воопшто не бараше од САД да го бомбардираат со напалм, Сирија од друга страна побара и доби воена помош од Русија во борбата против тероризмот.

Претпоставував дека ќе го извртиш прашањето слепо да си тераш про Руска анти западна пропаганда. Тоа не ме чуди.

Те прашав дали на тебе не ти смета користењето на термо-барички бомби од Русија во урбани средини во Сирија?
http://theconversation.com/vacuum-b...long-history-of-atrocity-from-the-skies-63733
Со оглед дека не се изјаснуваш ми се чини дека и не ти смета така многу.. можеби ако беа Амери ќе ти сметаше повеќе?
 
Претпоставував дека ќе го извртиш прашањето слепо да си тераш про Руска анти западна пропаганда. Тоа не ме чуди.

Те прашав дали на тебе не ти смета користењето на термо-барички бомби од Русија во урбани средини во Сирија?
http://theconversation.com/vacuum-b...long-history-of-atrocity-from-the-skies-63733
Со оглед дека не се изјаснуваш ми се чини дека и не ти смета така многу.. можеби ако беа Амери ќе ти сметаше повеќе?

Никогаш не сум поддржувал, ниту планирам да поддржувам бомбардирање на цивилно население.

Русија во Сирија бомбардира исклучиво терористички цели, а не цивилно население.

Немам причина за да терам про-руска или анти-западна пропаганда, претежно се фокусирам на критикување на лицемерите и на агресорите.

Од друга страна, САД имаат бомбардирано цивилни цели со напалм во Виетнам, а бомбардираа и цивилни цели со осиромашен ураниум во Србија - која никогаш ниту им објави војна на САД или НАТО, ниту претставуваше било каква закана за САД или за НАТО, а истовремено ни САД ни НАТО не и` објавија војна на Србија, ниту ја прогласија за било каква закана за нив.

Истото се случи и во Ирак, под лажното оправдание за оружје за масовно уништување кое наводно го имал Садам Хусеин, кого САД го поразија во Првата Заливска Војна во 1990 и 1991 година, но сепак му дозволија да остане на власт, за да се вратат 12 години подоцна и повторно да се ослободат од вишокот бомби со осиромашен ураниум, а од бомбардирањата до денешен ден се чувствуваат последиците во Фалуџа и други ирачки градови, каде што ретки се новороденчињата кои успеваат да го дочекаат живи својот прв роденден поради изложеноста на озрачувањето од осиромашениот ураниум.

па го немаат признаено

Нивен проблем, не ни мораат.
 
Да бе. И Америка исто.
Ептен се води сметка за тоа.

Не сум слушнал досега дали се водела или не се водела сметка за тоа.

Знам дека Барак Хусеин Обама водеше сметка за да ги бомбардира терористите од ИСИЛ/ИСИС/ИД прво со летоци за да ги предупреди да се евакуираат, па потоа напуштените места ги бомбардираше со вистински бомби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom