Со слобода и демократија кои доаѓаат во облик на напалм, Бог знае какви биле неслободните и недемократските општества во тие делови од светот.
Ова неколку пати го повторуваш како некоја опасна мудрост.
Тоа е принципот на неколонијализмот. Прво се обидува да се поткупи локалниот водач. Ако тоа не успее се оди кон негово демократско симнување од власт. Ако и тоа не успее, се оди кон атентат и последна мерка е воена интервенција. Си открил гоооооолема вистина, браво!
Ај прво објасни ми како е можно, оваа територија (не држава) со овие човечки и географски ресурси да се спротиставува на било која од големите сили? Под „спротиставување“ не мислам она сељачко инаетење на паторот да не им иде на проштални коктели на амбасадорите, туку толерирање ембарга, барање подалечни сојузници (по некој основ), функционирање (релативно) нормално во такви услови.
Што е убавината на изолираните држави и ај докажи го поквалитетниот живот во нив. Тоа ти се такви во кои најчесто владеат тоталитаристички режими конципирани како Северна Кореја или Зимбабве или такви со тотален хаос, баталени од светов како Сомалија, Сиера Леоне исл.
Јас еве дури и би прифатил некој од калибарот на Чавес или Кастро да беше, иако и кај нив народот побааги истрпе и уште трпи и плаќа со сиромаштија, а во државите сепак се формираа елити и тоа повеќе заради харизмата и „левичарскиот“ карактер (кој си е** мајката, ама ај).
Ако добро те разбирам тебе, ти бараш некое инаетење како магаре на мост, у стил на паторот. Еве ја кај е државава од 2006-та до сега. Си баравте „лидер“ и си го најдовте, нели? Покажа некоја елоквенција? Стил? Некаква симпатичност барем со која ќе ги освоеше луѓево? - Лажго, крадец, шо не знае да збори без да чита, без харизма, без претставителност, полн со лудачки идеи и самодоверба. На пола ја подели државава и физички и меѓу народот, нема никаква контрола во западна Македонија - тоа тебе ти е “подобро“. Ако на нешто би работел во оваа земја сериозно, тоа е да го уништам потенцијалот за стварање вакви ликови околу кои ќе се врти се' - а тоа се праи само со едукација со векови. Глеам и кај тебе и кај повеќето од вас од фан-клуб на паторот дека слепо терате по некоја фактографија, а суштински работи не можете да сконтате.
Со напалм бомби поубаво ќе пројдевме.
Да. Ама сами себе да се викаме така?[DOUBLEPOST=1500895683][/DOUBLEPOST]
Сеедно каков е. Ја заштитува Македонија. Принципиелност. Јас како Македонец го почитувам етничкиот и територијалниот интегритет на другите држави. Може да имам симпатии кон некоја држава и/или народ, ама со тоа нема да им дадам за право да „малтретираат“ други, особено мојата држава.
Да земеш и ти, бугарскиот пасош у тутурутка и да си го стаиш кај му е место. „Заштитувал“....не ми се разговара за вакви патетики, посебно не со тебе.