така и не нарекуваат другар. понекогаш не нарекуваат “словени“ (како што и други понекогаш се наречени словени, латини, хиспаноси итн) но гледам дека јасно не нарекуваат Македонци. И немаат проблем да не наречат Македонци. Буквално не ми е јасна оваа твоја хистерија ако еднаш употребиле збор словени, како толку да не си сигурен во себе. Или како словен да е навреда - а тоа е твоја култура.
https://www.foreign.senate.gov/imo/media/doc/Baily_Testimony.pdf
Ако имале проблем со именување како Македонци тука немале да употребат Македонци и на милион други места.
кажуваат Македонци, Македонија и кажуваат и Словени - словенски народ, за да не дистанцираат од Македонските граѓани Албанци, во тој контекст. Сите се Македонски граѓани-државјани, како да каже Македонските-Македонци за да ги разликува од Албанските македонци? Во тој контекст кога зборуваат за етнички состав и потекло употребува словени. ништо страшно.
И ти од еднаш употребено збор словени лажеш дека само така ни се обраќале?
НАТО не е темата. фатен во дебели лаги не менувај тема.
Единствен кој е фатен во дебели лаги си ти кој се правиш наудрен, еве баш сега се фати во лага велејќи дека понекогаш не` нарекуваат Словени, како што и другите понекогаш ги нарекуваат латини, хиспаноси итн; а сепак другар ти Џес Бејли од прва ги погоди Ромите - а не ѓупците или циганите, Турците - а не отоманците или селџуците, и дефинитивно од прва ги погоди Албанците - а не шиптaрите или илирите, но нас од прва не` погоди како Словени, а не како Македонци.
Ти рече дека јас го минимизирам признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД, а јас само потенцирав дека не јас, туку американските конгресмени и сенатори, вклучувајќи го и актуелниот американски амбасадор во Македонија, Џес Бејли, го минимизираат таквото признавање.
И еве уште еднаш ќе ти повторам:
Нема причина за човек да се срами од своето потекло или од потеклото на јазикот кој го говори, но како што ние Македонците го говориме македонскиот јазик, исто како Србите кои го говорат српскиот јазик, Бугарите кои го говорат бугарскиот јазик, Хрватите кои го говорат хрватскиот јазик, Словаците кои го говорат словачкиот јазик, па дури и ги имаат Свети Кирил и Методиј на нивната монета од 2 евра, така и американците го говорат англискиот јазик, а сепак не се Англичани по националност, туку се декларираат како американци, исто како што и ние Македонците не сме Словени по националност, туку се декларираме како Македонци.
У филмот по кој можам да се разберам со 300 милиони народ у Европа, а не со некое племе у Каракорам за кое сум чул од гарката и ниче македон.
Кутриот ти, Бог знае како издржуваш и успеваш да се разбереш со 300 милиони народ.
Како и да е Америка потпиша договор за воена помош о пдбрана на Македонија во случај на војна а Кина ни заринка нож во грб ради еден корумпиран политичар
И Велика Британија и Франција беа гаранти на самостојноста и независноста на Чехословачка, па сепак ја фрлија на волците, поточно на нацистите, со Минхенскиот договор од септември 1938.
Еден договор заменува друг договор, едни ветувања и обврски заменуваат други ветувања и обврски, а истото може да ни следува и на нас со договорот за воена помош од нашите американски таканаречени пријатели.
А во Кина важи народната поговорка од Сечуан:
" Не е важно дали мачката е црна или бела, се додека фаќа глувци " .
Благодарејќи на таквите како Циле, ние денес сме глувците за кинеската мачка.