Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Голи оток е прво работнички камп со строга контрола...ај затвор нека биде. Примарна намена му била да ги реши сталинистите, но и иридентата. Не си ласкајте дека за тие шо "сакале на Солун да идат" е измислен. Лов на вештици и лични реваншизми имало, биле испраќани и невини луѓе, но тоа се вон-системски појави и работи што тешко се контролираат било каде...и во Идризово ги има такви.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.236
Поени од реакции
12.895
Голи оток е прво работнички камп со строга контрола...ај затвор нека биде. Примарна намена му била да ги реши сталинистите. Не си ласкајте дека за тие шо "сакале на Солун да идат" е измислен. Лов на вештици и лични реваншизми имало, биле испраќани и невини луѓе, но тоа се вон-системски појави и работи што тешко се контролираат било каде...и во Идризово ги има такви.
Не е битно тоа, тие шо сакале на Солун да идат биле пратени на Срем.

А и логично е тоа, не е глуп да ги прати на Солун да идат, па да се закачи со енглезите и американците кои што во секој момент сакале да го вратат српскиот крал од англија назад на тронот :)
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Ченто, Брашнаров, Пирузе, Фотев биле сталинисти?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Бејли и неговите сонародници да не` нарекуваат нас Македонци, а не Словени.Еве што велат другар ти Бејли и сенаторот Крис Марфи за тоа кој народ го сочинува мнозинското население во Македонија.Од 48:30 до 51:35 https://www.foreign.senate.gov/hearings/nomination-09-17-14
Кого се обидуваш да го лажеш другар? Мене? Себе?
https://www.foreign.senate.gov/imo/media/doc/Baily_Testimony.pdf
ПДФ од диспозицијата на Бејли.
Македонија, Македонци, нема еднаш употребено фиром или словени.
Зошто лажеш само ти си знаеш.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Да, заблуда е, ако правиш споредба со систем во кој пратениците работеле за државата и систем во кој пратениците работат против државата (ВМРО и СДСМ)...

За што бил наменет голи оток?
Луѓе кои што имале симпатии спрема лидер кој имал други планови со СФРЈ (Сталин)
Националисти
Црвена буржоазија
...

Попрецизирај се шо не ти е јасно?
Во 1948 година странските сили преку странски служби повикале свои подржувачи во СФРЈ да ја сменат власта и државата да ја стават под контрола на странските сили. Нашле свои сојузници во државата на кои сметале дека по насилен пат ќе ја сурнат власта и ќе воспостават марионетска која ќе ги исполнува наредбите на странски сили.
Голи оток служеше да луѓе кои се ставиле на располагање на тие странски сили се тргнат од општеството, од јавноста од работните места за да не се дозволи да земјата подпадне под влијание на тие странски служби. Народот секако застана со демонстрации на страната на власта и му даде подршка на раководството и ги осуди тие странски платеници кои беа спремни да ги извршуваат наредбите од странските центри.

Па сега на тебе оставам да кажеш дали во реакцијата на ВМРО од пред 3-4 години наоѓаш заеднички јазик, појмови, фрази и методи со оние од СФРЈ во 1948?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
@Dexter26 а пред да дојдат у Вевчани од Германија каде живееле Брсјаците? Со Вилијам Валас да не се бореле у Шкотска или ова е многу пред него?
Не знам, ќе ги прашаш нив, знам дека јас и моите сонародници од тие краеви - кои се малку подалеку североисточно од Вевчани - себеси се декларираме како Македонци, а јазикот кој го говориме е македонски јазик.

Тебе сериозно ти е срам да се сметаш за Словен? Човече!
Културата не ли ти е словенска?
Јазикот не ли има словенско потекло?
Писмото на Кирил и Методиј - старо словенско.
Народот културата традициите - словенски.
Буквално нема ништо срамно во тоа.
Треба да си горд, тоа е нашето потекло и нашата култура.
Веќе спомнав погоре дека нема причина за човек да се срами од своето потекло или од потеклото на јазикот кој го говори, но кога веќе го спомнуваш старото словенско писмо, културата, традициите и останатите одлики на еден народ, истото важи и за Србите, Бугарите, Хрватите, Бошњаците, Русите и сите останати народи од источна Европа чии што јазици, култура и традиции потекнуваат од старите Словени, но сепак американците нив ги нарекуваат Срби, Бугари, Хрвати, Бошњаци, Руси итн; па мислам дека и нас можат да не` нарекуваат Македонци, бидејќи ние така се декларираме по националност.

Кого се обидуваш да го лажеш другар? Мене? Себе?
https://www.foreign.senate.gov/imo/media/doc/Baily_Testimony.pdf
ПДФ од диспозицијата на Бејли.
Македонија, Македонци, нема еднаш употребено фиром или словени.
Зошто лажеш само ти си знаеш.
Не бе, види го видео клипот во посочените временски периоди и убаво слушни што велат другар ти Бејли и другар му Крис Марфи.

Едно е напишаното, а друго е кажаното.

Ако гледаш на работите од гледна точка на пишаното, а не од гледна точка на кажаното, тогаш Македонија требаше да добие покана за полноправно членство во НАТО во 2008 година, бидејќи во официјалното коминике за самитот на НАТО во Букурешт, Романија, во април 2008, никаде не пишува дека Гејлада ставила вето на поканата за полноправно членство на Македонија во НАТО.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.150
Поени од реакции
15.130
Значи го прават сето тоа за да не пикнат во ЕУ и НАТО.
Колку значи не мрзат!
.
Во светската политика и геостратегија нема мразење..има само интерес. Моменталниот интерес на западот е ние да влезиме во НАТО, што и ние тоа го сакаме, ноза нив цената што треба ние да ја платиме не им е важна воопшто...тоа е наш проблем со кој ќе си живееме

да се сетиме на филмот Рамбо 2 кој на крајот пишуваше дека филмот е снимен во чест на храбриот авганистански народ кој се бори за својата слобода.................и од ``филмаџиите`` 25 години подоцна добија бомби врз глава и сеуште неможат глава да кренат
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ченто, Брашнаров, Пирузе, Фотев биле сталинисти?
Брашнаров бил информбировец.
Пишав и иридента.

Поентата ми е следна. У тоа време ако работиш против целобитноста на државата - наебуваш. Сега организираш она, ана...идеш у влада. Што не ви е јасно? Подобро е сегашново?

Русија не праи срам од своите комунисти, туку тоа им е дел од историја. Комунистичката партија на чело со Генади Зјуганов е во парламентот на Русија и си има константна поддршка. Само овде ако кажеш дека си комунист е срамота....за разлика од вморони и слични ниски форми на егзистенција.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
60 годишнина од погибието на Методија Андонов Ченто

Методија Андонов - Ченто (17 август 190224 јули 1957)[1]македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.
Исклучително добра документарна емисија за патешествието на Ченто, сето тоа пропратено со изјави на живи сведоци, вреди да се гледа.





 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Дај просветли не, шо бил голи оток според тебе?
место каде беа праќани оние кои биле спремни земјата да ја стават под контрола на странските сили и им дозволат на странските служби да преку нив управуваат со земјата.
(ова личи како некое соопштение од ВМРО ДПМНЕ)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не знам, ќе ги прашаш нив, знам дека јас и моите сонародници од тие краеви - кои се малку подалеку североисточно од Вевчани - себеси се декларираме како Македонци, а јазикот кој го говориме е македонски јазик.
Од каде бе? Збажди, Буринец, Годивје? Кажи си...знам дека не си од Баден Виртенберг.
Ти си бил у "Ниче Македон - Дардан Венетски" филм...кој би рекол...
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.236
Поени од реакции
12.895
Во 1948 година странските сили преку странски служби повикале свои подржувачи во СФРЈ да ја сменат власта и државата да ја стават под контрола на странските сили. Нашле свои сојузници во државата на кои сметале дека по насилен пат ќе ја сурнат власта и ќе воспостават марионетска која ќе ги исполнува наредбите на странски сили.
Голи оток служеше да луѓе кои се ставиле на располагање на тие странски сили се тргнат од општеството, од јавноста од работните места за да не се дозволи да земјата подпадне под влијание на тие странски служби. Народот секако застана со демонстрации на страната на власта и му даде подршка на раководството и ги осуди тие странски платеници кои беа спремни да ги извршуваат наредбите од странските центри.

Па сега на тебе оставам да кажеш дали во реакцијата на ВМРО од пред 3-4 години наоѓаш заеднички јазик, појмови, фрази и методи со оние од СФРЈ во 1948?
Во ред е, не сакав да пишувам толку детали, затоа прво пишав:

Болшевичка методологија(тие користиле слична методологија континуирано како таа што ја пиша ти ) ^^

После тоа пишав политички неистомисленици, тоа не е исто со тоа што го пиша ? ^^

И на крај ги набројав какви затвореници имало таму...

И на крај, би било подобро Сталин да ја окупира Југославија?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
Од каде бе? Збажди, Буринец, Годивје? Кажи си...знам дека не си од Баден Виртенберг.
Ти си бил у "Ниче Македон - Дардан Венетски" филм...кој би рекол...
Бреееј, а ти во кој филм си од гледна точка на твоето потекло ?
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
место каде беа праќани оние кои биле спремни земјата да ја стават под контрола на странските сили и им дозволат на странските служби да преку нив управуваат со земјата.
(ова личи како некое соопштение од ВМРО ДПМНЕ)
По структура казнениците порди кои дела биле таму пратени? Политички прогон чисто, се што се спротивставувало на тогашниот режим, прв пример Ченто го земам?
Како се вклопува во тоа што си напишал?

Види, и нацистите давале слични образложение кога ги формирале работните логори, нема бегање од историјата.

Според мене, некој треба да направи сеопфатна анализа, кој ликвидирал повеќе македонци, Лазо Колишевски или Ванчо Михајлов?[DOUBLEPOST=1500846760][/DOUBLEPOST]
Брашнаров бил информбировец.
Пишав и иридента.

Поентата ми е следна. У тоа време ако работиш против целобитноста на државата - наебуваш. Сега организираш она, ана...идеш у влада. Што не ви е јасно? Подобро е сегашново?

Русија не праи срам од своите комунисти, туку тоа им е дел од историја. Комунистичката партија на чело со Генади Зјуганов е во парламентот на Русија и си има константна поддршка. Само овде ако кажеш дека си комунист е срамота....за разлика од вморони и слични ниски форми на егзистенција.
Фотев бил интернационален комунист исто, проблемот е што голи оток бил место каде се праќале неподбните за тогапниот режим, дисисденти, Милован Џилас пример, како работел против СФРЈ? Тој го започнува со критикување на т.н црвена буржоазија и неуспохето на револуцијата и сл

Ченто пак, по кој основ?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Веќе спомнав погоре дека нема причина за човек да се срами од своето потекло или од потеклото на јазикот кој го говори, но кога веќе го спомнуваш старото словенско писмо, културата, традициите и останатите одлики на еден народ, истото важи и за Србите, Бугарите, Хрватите, Бошњаците, Русите и сите останати народи од источна Европа чии што јазици, култура и традиции потекнуваат од старите Словени, но сепак американците нив ги нарекуваат Срби, Бугари, Хрвати, Бошњаци, Руси итн; па мислам дека и нас можат да не` нарекуваат Македонци, бидејќи ние така се декларираме по националност.
така и не нарекуваат другар. понекогаш не нарекуваат “словени“ (како што и други понекогаш се наречени словени, латини, хиспаноси итн) но гледам дека јасно не нарекуваат Македонци. И немаат проблем да не наречат Македонци. Буквално не ми е јасна оваа твоја хистерија ако еднаш употребиле збор словени, како толку да не си сигурен во себе. Или како словен да е навреда - а тоа е твоја култура. https://www.foreign.senate.gov/imo/media/doc/Baily_Testimony.pdf
Ако имале проблем со именување како Македонци тука немале да употребат Македонци и на милион други места.



Не бе, види го видео клипот во посочените временски периоди и убаво слушни што велат другар ти Бејли и другар му Крис Марфи.
кажуваат Македонци, Македонија и кажуваат и Словени - словенски народ, за да не дистанцираат од Македонските граѓани Албанци, во тој контекст. Сите се Македонски граѓани-државјани, како да каже Македонските-Македонци за да ги разликува од Албанските македонци? Во тој контекст кога зборуваат за етнички состав и потекло употребува словени. ништо страшно.
И ти од еднаш употребено збор словени лажеш дека само така ни се обраќале? :)



...самитот на НАТО во Букурешт, Романија, во април 2008, никаде не пишува дека Гејлада ставила вето на поканата за полноправно членство на Македонија во НАТО.
НАТО не е темата. фатен во дебели лаги не менувај тема.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom