МРАЗАМ ГЛУПИ ПЛУС НЕИНФОРМИРАНИ ЛУЃЕ !
Има изрека: Ако мразиш некого, поразен си од истиот. Конфучие или некој беше.
стратегијава не се подготви у овие 2 месеци дур се СДСМ на власт, туку истата се спрема веќе година-година ипол наназад од страна на МТСП (што значи и од пресветите патриоти на ДПМНЕ), а не беше до сега донесена ради политичката криза, што значи ова не е нешто „комуњарско“.
Друга работа, се е во согласност со меѓународните договори на ОН и другите меѓународни организации што Македонија веќе ги има потпишано и ратификувано. Тоа значи дека исполнуваме обврска на која претходно сме се согласиле !
Прво - Нека е спремана и од 2006та. Поради ситуацијата со медиумите таква каква што е, сега неодамна дознаваме за истата. Кој кур е битно дали била кувана работава од пред две-три недели, или пред неколку години? Ја оправдува СДСМ како сегашна власт? Да не ја оправдува ВМРО ДПМНЕ како претходна власт (која згора на тоа и криела, ваљда повешто, за истово)? Не знам точно кој ти е аргументот овде, бараш јасност а не ја нудиш.
Која влада се согласила? Во чие име се согласиле? Дали народот имал увид кои се условите за членство во било која од овие организации и дека потенцијално треба да имаме реприза од 99та, како обврска од некоја од овие меџународни фанклубој? Ако тоа е услов за членството, кој бил прифатен од некоја влада за да бидеме дел од ОН, тогаш нема што да бараме не само во ЕУ и НАТО, него и во ОН, треба да си излеземе.
сте прочитале за кого е наменета стратегијава ?
Знаете што значи лице со статус на бегалец, лице под супсидијарна заштита и лице барател на азил ?
Ако еден од вас без да бара прво да прочита, ми објасни што значи еден од овие статуси, ја го частам пиво.
Второ - Според тоа што можам да видам, многу малку разлика има помеѓу лице барател на азил и лице под субсидијарна заштита. Второво ко да е подмножество на првото, ако веќе дефинираме било какви разлики. Ова според ЕУ и ОН. Главната разлика е дека не секое вакво лице може да добие статус на бегалец.
Сега, мене не ме интересира ова правно мамбо-џамбо. Зошто? Затоа што според медиумите кои воопшто имаат некој грам совест или грижа за ситуацијата во своите држави, кога известуваат, најчесто и наведуваат кој статус во таа држава имале одредени лица кои извршиле некој криминал или злодела, а сите три конфигурации што си ги навел се наоѓаат спомнувани. Така да, мене не ми прави разлика дефиницијата, ако на крајот на краиштата се работи лице кое плука и гризе рака која го храни.
Бидејќи Европа од уста не ја вадиш, па затоа да ги спомнам европскиве држави со нивните мигрантски проблеми за кои до вчера се смеевте дека се пренапумпани вести од страна на теоретичари на заговори, а денес некои од тие држави имаат no-go зони и вие ја играте ќутенката. По потреба се изјаснувате на вакви теми и секогаш со некој спин, како тоа луѓето ко нас се глупи и со низок IQ, па не сме ве сфатиле што сакате да кажете (небаре тумачиме literary fiction роман, па шта то хтео автор да нам каже), и што всушност се случува во државава, и како тоа ние по стара навика во наш стил го демонизираме. Само вие знаете се. Вие - тие што ги влечете конците, од министерските столчиња и фотељи.
Конвенцијата на ОН за правата на бегалците од 1951 ако не се лажам предвидуваше олеснета натурализација за оваа категорија на лица. Што е тогаш страшно ако ние стварно воведеме олеснета натурализација ?
За лица со статус бегалец и лица под супсидијарна заштита немало да се бараат документите од матичната земја, no shit Sherlock...
Да знаевте зошто се добива ваков статус и што е заебанцијата некој да ти бара да донесеш документи од матичната земја, ќе сфатевте каква глупост сме имале до сега.
Трето - Што не спомнеш дека со тоа се изоставува и потенцијално полициско досие? Или дека во Европа идеа луѓе и без лична идентификација? Дека лажеа за својата возраст, националност, цел за доаѓање таму? Кога веќе праша што е страшно ако воведеме таква "олеснета натурализација", а се правиш дека не знаеш, а и двајцата знаеме дека не си празна лејка, само ситуацијава ви е таква што малку тешко иде глума.
Ние и без олеснета натурализација, го видовме Господ во танга изминативе 18 и кусур години. Ни н од натурализација, нити и од интеграција. Со олеснетава, има сите девет раја на Данте да ги видиме, може и премногу да ни дојде одеднаш, закочете малку, уште се навикнуваме на Животот што го воведува Заев изминатиов месец.
знае ли некој што уствари значи интеграција на некого во општеството ?
Ти знаеш? Си видел успешен проект од таква категорија во Македонија? Јас не. Во најмала рака, не од страна на доминантната малцинска заедница, иако и повеќето од другите не се нешто за пофалба во таа сфера. Затоа што дефиницијата за интеграција не се совпаѓа со идејата за соживот што и претходната и поготово сегашната Власт ги пропагираат како вредности.
Друго, знаете дека веќе некои од тие мигранти од Сирија и Ирак живеат во Македонија ?
Пример, жената на полицаецот од Куманово, која бај д уеј е од Ирак !
И зошто таа да не може полесно да стекне државјанство, ако се решила дека сака навистина да остане во Македонија и да основа семејство тука ?
Четврто - Тие што веќе се тука се малку во број. Не е проблем да се интегрираат успешно, освен ако не им се сервира друга трпеза од која ќе се приморани да јадат, па да почнат да гунџаат и околу олеснетата интеграција. Инаку имаме и Курди и Египќани во Македонија кои бројат за сега повеќе лица и од Сиријци, и Ирачани и Афганистанци. Зошто некој кој е Курд кој минал низ официјални канали и протоколи за да стекне државјанство овде да му се омаловажува трудот затоа што рандом лице добило "олеснета натурализација" pass во државава? Плус, мешаш луѓе кои заглавија кај нас на граница, со луѓе кои тек допрва треба да стигнат тука. Држи се до темата, ако веќе толку слепо веруваш во неа. Збориме за лица тек допрва што треба да пристигаат.
А зошто многу ги спомнувате бегалците од 99та, има случаи на луѓе што од тогаш живеат тука, што значи некои си 18 години, и сеуште немаат државјанство и имаат потешкотии во остварување на нивните права.
Тоа се решава на индивидуална основа, некаде можеби е нефер третман, не викам не, но негде можеби има добри причини што статусот им е нерешен. А тие со решен статус, па ... видовме многу аир од нив да ти кажам право, ептен ја унапредија државава. Тетово е сега Дубаи. Гостивар Абу Даби. Струга е следеча метропола.
Зошто ги спомнуваме? Па од нив имаше во претходната, сега и во тековната Влада! Политичко наследство станаа. Куферче кое се предава на наредниот кој ќе грее фотеља, само куферчево иде со лисици закачено на рака. Уште се прави наудрен, прашува зошто ... Ти си ојден брат, ојден ...
Како што кажав, стратегијава е правена пред година-година ипол, така да твоите муабети дека ова било тајно сценарио за којзнае си што да се постигне, едноставно не држат.
Исто така не ти држи ни муабетот за натурализација.
Олеснета натурализација ќе биде предвидена за лица со статус признаен бегалец и лица под супсидијарна заштита.
Дали ја знаеш постапката за да го добиеш ти овој статус ?
Очигледно не, ама ти одговара да збориш како тоа немало да има никакви проверки.
Чунки на граница ќе продаваме државјанства 3 за 100...
Глупости.
Нема да е прв пат да се продава тоа на граница, покрај се друго што ни се продава и минува таму .... но тоа е друг муабет за друга тема.
Дај објасни ни ја постапката чим ти знаеш (ете спомна работиш во едно од министерствата)?
Може и во контекст на муабетов, да ни кажеш од кои земји ќе бидат лицата што потенцијално би ги примиле (кад судбина доџе куцајучи на вратама)? Затоа што работиш во министерство за труд и социјала, или (уште побитно), МВР, па би требало да имате листа на земји кандидати (сите земји кои беа приматели или транзитни зони имаа листа таква). Дај презентирај ни ја јавно вака, да знаеме шо гости ќе ни доаѓаат да бидат домаќини.