Замислувам но замисли и ти дека истите тие припаднички на понежниот пол поголем дел од работното време го поминуваа во WC, па мораше да се најде начин тоа да се регулира на најбезболен начин. За секое зошто има затоа. Не било тоа туку така воведено. Не е тоа државно па ајде ке се куропецаме на работа.
Да поприлично сум запознаен и со стапчето и со условите на работа во тие текстилни фабрики кои ако можеш да забележиш од кога се отвори Кромберг нагло почнаја да се гаснат и да се затвораат баш поради лошите услови за работа, малата плата итн итн. Е сега во Кромберг нема стапче ама има лента , норма и откази па ако некоја е ојдена со намера работното време да го врви во WC наместо да работи нема долго да опстани таму. А условите и платите споредено со текстилните фабрики се каде каде подобри па ете изгледа не им се моча до толку па така нема потреба од стапче.
Така е, не се тие дел од привилегираната каста на партиски војници од кои воглавно е составена јавната администрација, па платени со народни пари во работно време да се занимаваат со лични, партиски и не знам уште какви не активности, ако биле сигурно немало да шијат на машина.
Друго, не знам дали забележа, ама во еден релативно краток пост, покажа дека иако проблемот постоел, ако не ист тогаш сличен, еве самиот наведе пример, е решен на прилично цивилизиран начин. Без стапче и сл изживувања.
Не знам дали си имал прилика да работиш некаде, каде што кога ќе добиеш работна задача, многу ретко имаш потреба од консултација со претпоставен, имаш компаниски систем со бази на податоци и каде што секоја една операција е опишана до детал со компаниска процедура. Се што треба да направиш е на крај од смена во извештајот да наведеш што и како е направено, по процедура или не, и ако нешто е надвор од пропишаното да се образложи.
Се друго што се однесува на работна дисциплина, презентација и сл исто така во писмена форма се регулира по процедура и има тек на настани кои на крај водат до отказ. Нема стапчиња, никој не пражува за партија и сл. Блесава работа.
Со самото дебатирање во врска со тој договор и гласањето на секој поединчено за тој договор доволно јасно кажува кој што мисли за него и не гледам никаква потреба за дополнително доизјаснување околу тоа освен некој ако сака на своја рака да си се доискажи.
Двојното државјанство не е нелегално или противзаконите така да нема што тоа некој да се изјаснува од позиција на бугарски државјанин или македонски пошто ги има и двете истовремено и се додека тоа е легално не гледам никаков проблем околку тоа. А и каква врска има тоа со било што. Ако има само македонско државјанство и гласа за договорот тогаш што?
Тоа е бе уникатен аспект од кој треба да се толкува, како нема потреба?!
Народен пратеник во Собрание на РМ, со тоа и МКД државјанин, значи живее и работи тука, но има и Бугарско државјанство, кое ако веќе не го користи за работа во странство, тогаш мора да се чувствува како Бугарин?
Ако веќе е тука пратеник, нема потреба од БГ пасош поради егзистенцијални причини, која е другата логика да го има ако не се чувствува како Бугарин?
Реков, уникатен аспект и мора секој еден да се бара ако не пред камера, бар телефонски да даде изјава, во спротивно нека тужи за клевета па нека покаже на суд дека не поседува БГ државјанство.
Прилично едноставно.