Con Artist
the man with the key
- Член од
- 1 мај 2012
- Мислења
- 5.342
- Поени од реакции
- 21.700
ДПМНЕ го допреа дното, подолу од ова не верувам дека може да одат.Јас ќе ти кажам дека гласање за тој закон од страна на ДПМНЕ е политичко самоубиство од епохални размери, и никогаш тоа нема да го направат. А ако тие не гласаат, тој закон не може да помине.
Ако законот влезе во Собрание, рачунај дека има сериозна намера за негово донесување, како една од најважните точки во Декларацијата на Албанците. Прашање на време ќе биде кога ќе се реализира.
Да не заборавиме дека ова беше едно од главните ветувања на Заев кон албанците, кога им ветуваше дека Охридскиот рамковен договор не е доволен, дека треба да се оди преку Охридскиот рамковен договор. Благодарение на албанските гласови добиени врз основа на овие ветувања, тој успеа да формира парламентарно мнозинство.
Речиси сигурен сум дека ветеното ќе се реализира, останува само да видиме како и на кој начин ќе се изведе тоа, во спротивно лесно ќе се стопат гласовите од албанците кои ги доби СДСМ на последниве избори.