Без америчко мешање?
Пушташ војска и полиција да ја прочешла цела држава, куќа по куќа, и да го заплени целото нелегално оружје. Всушност доволно е само во западна Македонија да се направи ова, но ете нека биде нешто без двојни аршини во оваа држава.
Потоа носиш драконски закони за поседување на нелегално оружје (со акцент дека зборувам стрикно за нелегално оружје). И уште подраконски закони за тероризам. Воведување смртна казна за терористи, во амерички стил со електрична столица и можност на роднини и пријатели на убиените/малтретираните да присуствуваат на чинот.
Засилување на контролата на границите, многукратно. Нова доктрина за справување со вооружени терористи кои преминуваат граница. Префрлање на обезбедувањето од гранична полиција, назад кај војската. Зголемување за бројот на граничарите за фактор од 10. Нивно опремување со модерна опрема, комплет со дронови и софистицирани сензори. Награди со 10годнишни плати за војниците кои ефикасно ќе спречат и елиминираат терористи.
Потоа се почнува со спроведување на попис на населението, и применување на законите.
Ова би било доволно. Можам и подетално, ако треба.