ВО што сме ние посебни од во однос на другите, било кои , па да ни воведуваат федерации, конфедерации и други заговори, или што и да е? Кога лојалноста воопшто не е доведена под прашање.
Не сме ништо ни различни ни посебни, од било кој друг. Империите секаде практикуваат dīvide et īmpera. Колку поразделен е субјектот, толку полесен е за контролирање и поцелосна е контролата.
Тоа не е ништо лично против нас, едноставно вообичаен геополитички бизнис.
Не знам од каде тие идеи дека нешто како „лојалност“ постои во тој свет, и влијае врз империјата да не работи за сопствените империјалистички интереси - што во нашиот случај, значи зајакнување на албанскиот внатрешен фактор (кој без нивна помош е банално лесно решлив проблем дури и за една ваква слаба држава како нашата).
Федерации, конфеерации, воопшто нашиов однос со Албанците се наш проблем и без да ги имаме сите тие амбасадори и дипломати како посредници.
„Нашиот“ проблем со Албанците не би постоел како таков, без директно мешање на западниот фактор (читај САД).
Дури и сега, проблемот е лесно решлив без тоа странско мешање. Лесно. Решлив.
И не ми изгледа дека држи тезата дека предходниов нешто многу се залагал за национални или какви и да се интереси освен сопствените. Па истиот тој до последен момент трчаше и бараше приеми кај странски дипломати и политичари и кога никој не сакаше да го прими.
Никогаш и никаде не реков дека претходниот премиер „нешто многу се залагал за национални или какви и да се интереси освен сопствените“. Се обидуваше да направи привид дека го прави тоа, со примарна цел да освои повеќе од македонските гласови.
Јас тоа го споредував со неговиот сегашен заменик, кој ја отфрли макар и претензијата дека се залага за националните интереси. Верува дека како што САД го донесоа на власт, така САД ќе го одржат на власт наспроти интересите на мнозинскиот народ во Македонија.
Ова не значи дека претходниот премиер беше добар за Македонија. Не. Имаше шанса многу да направи, но потфрли (ако воопшто реално се обидел, наспроти работењето на изгледот дека работи на тоа).
Е сега прашање е зошто решија да го откачат Груевски . Сепак излегоа снимени разговори после кои секој политичар на Запад би бил политички мртов.
Те молам немој толку наивно.
Прво ова овде не е запад, а второ, истите тие САД имаат историја на помагање и директна соработка со диктатори како Пиноче, Нориега, итн, итн. Никогаш не биле загрижени за тоа кој е нивниот човек, се додека е корисен и одработува за нив. Еве и една мала листа во тој контекст:
http://www.deathandtaxesmag.com/205411/10-vicious-dictators-supported-by-the-u-s-government/
Да не се правиме сега дека овде некој пие нафта, и дека САД се било како загрижени за моралната и етичка позадина на странските лидери кои ги поддржуваат. Пошто во тој случај снимени разговори има и со Заев, дури и поинкриминирачки од тие за Груевски.
Само да не почнеме сега да ги мериме двајцата на кантар, нема намера да се заглупувам сега со тоа (не мислам на тебе, туку на дежурниве форумски usual suspects). Кој сака нека навлегува во фините поенти на една дискусија од типот, кое гомно повеќе смрди.
Груевски е заменет првенствено затоа што почна да актуелизира соработка со Русија, пред се за изведба на јужен гасовод од Русија кон ЕУ. Нешто што нам ни е од голем интерес пред се заради нашата огромна потреба од поевтин и еколошки чист енергенс - каков би бил рускиот природен гас преку таков гасовод наместо преку гасоводот преку Украина и Бугарија (што е многу поскапо од политички причини).
Потоа тука се и проблемите што Македонија ги направи вп агендата за имиграцијата во ЕУ. И неколку други поситни работи, како приближување до вишеградската група, и слично.
На крај Груевски е заменет и затоа што им се може. Покажаа дека имаат потполна контрола, и неговата замена е попослушна и бара прилично помалку за да одработува за САД.
Целата работа САД не ги фати скапо, инфраструктурата одамна ја имаат преку петтата колона во облик на купот невладини организации, преку кои овде легално се ангажираат локални платеници за одработка на преврат.