Ништо од ова нема да се реализира се додека нивниот госпдар во Вашинктон ги држи на ланец и не реши поинаку. А ќе служи за интерна дневнополитичка употреба и во двата табора. Но во суштина ништо не е сменето по ова прашање, како досега - така и одсега.
Лоша ти е проценката. Не дека нивниот господар не ги држи на ланец, туку дека сега на тој ланец има и
зајче македонски политички лидер кој без никаква резерва или срам одработува против македонските интереси.
Не велам дека и претходниот премиер не беше во нивни раце. Ама ако ништо друго, барем заради политички поени од Македонците макар праваше претензија дека се залага за националните интереси. Нешто што во реалност остави многу за посакување, но ако ништо друго тогаш барем никогаш јавно не се согласи со работите кои сега ги гледаме дека се реализираат, благодарение на целоснота соработка на новата влада.
Сегашнава политичка постава на власт (од македонската страна) јасно стави до знаење дека очекувањата за опстојување на власт се во рацете на странците и нивното директно мешање во внатрешните работи на државава, не во добивање на доверба од Македонскиот народ.
Нема повеќе дури ни обид да се направи привид на работа за македонските национални интереси. Нивната парламентарна математика е дека малцинството од Македонците, и сите Шќиптари, заеадно се доволни за остварување на вкупно мнозинство.
Затоа нема потреба од работење за националните интереси.
Се игра на картата дека Македонците се доволно незаинтересирани за националните интереси, и дека како мнозинство нема да направат проблеми во државата дури ни заради работи како почнување на процес на (кон)федерализација на државата (или директно мешање однадвор во соборување и поставување на влади под западна контрола). На жалост, излегува дека проценката на западот (и на сдс) е точна.
Пред се вклучат вообичаните осомничени со ситнопартиски препукувања: решението не е да се врати претходната власт, како што решението повеќе од очигледно не е сегашнава власт.
Заев е донесен на власт од истиот тој Вашингтон, за да спроведе одредена политика. Или да не извлечат од калта во која сами влеговме. Нема потреба да се бега од реалноста и да глумиме сувереност.
САД немаат никаков интерес да не „вадат од калта“.
САД имаат за интерес да паднеме што подлабоко во калта. Да не разединат уште повеќе, по можност да ни воведат дефакто (кон)федерализија, во кој случај уште полесно можат да не држат под заложништво и целосна контрола.