Мигрантите низ Македонија

Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
А ако не сакаат мигрантите да останат тука, како ќе ги задржат?
Колку што знаеме мигрантите викаа тука не сакаат, сакаат Германија.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866

Они имаат пред себе си миљарда срања, али не, они ќе се грижат за нешто што можда ќе се деси.
И така, патетика од 3000 муџахедини, ХААРП, Сорос и што ли уште не. Небото ќе се сруши затоа што господарот што ја колеше Македонија, за нив трошки да им дава од целиот колач, више не е на сцена. Нема трошки више, катастрофа!
Кога магично би се вратил сега у моментов на власт Груевски, сите овие библиски несреќи кои ни се закануваат, одма би ги снемало.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.775
Поени од реакции
37.773
А ако не сакаат мигрантите да останат тука, како ќе ги задржат?
Колку што знаеме мигрантите викаа тука не сакаат, сакаат Германија.
...до сега не сакале (но НОВИ УСЛОВИ предложени од ЕУ на новата Влада), никој не може да ги одбие па ниту тие, оти кога ќе почнат цели населби згради специјално за нив без пари апартмани, кога ќе се вработат без никаков документ за свое образование (но разбира се нема да одат на работа туку само онака ќе фигурираат и ќе земаат плата) , оти оправдано ќе седат дома чувајќи едно 20 души роднини...
кој мигрант не би сакал да остане тука? не се до толку будали...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Цели населби со згради ќе се градат за имигрантите?:eek:
Бргу да го вратиме господинот Груевски на власт, он ќе опраи.
 
Не се будали да, знаат што е Германија и што можат таму да добијат, и знаат што е Македонија.[DOUBLEPOST=1500735875][/DOUBLEPOST]
Цели населби со згради ќе се градат за имигрантите?:eek:
Бргу да го вратиме господинот Груевски на власт, он ќе опраи.
Нов град само за нив.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.775
Поени од реакции
37.773
Цели населби со згради ќе се градат за имигрантите?:eek:
Бргу да го вратиме господинот Груевски на власт, он ќе опраи.
...момченце што ти е? хипнотизиран си? ти си гласал за ТОЈ што сега не потекуваш? ние едно пишуваме ти друго...што се случува со тебе, кој го спомнува предходниот Премиер? :facepalm:
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.639
А ако не сакаат мигрантите да останат тука, како ќе ги задржат?
Колку што знаеме мигрантите викаа тука не сакаат, сакаат Германија.
[/QUOTE]Вдомување, образование и вработување се дел од предиведите мерки напишани предлог-нацртoт на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година на Министерството за труд и социјална политика (МТСП)[/QUOTE]

Не е заебанција работава, па да удриме на тоа вие сте правеле вака, вие сте правеле онака. Ова е веќе сериозно, и паѓаат во вода сите предходни деманти и кажани зборови за тоа како Македонија била транзитна земја.

И да не лежиме на тоа уво дека "бегалците ќе сакаат во Германија, Шведска, Белгија...", ако им се исполни ова погоре што го болдирав, па со крст и кандило ќе неможеме да ги избркаме.

Ова посебно не засега сите нас, а и вие што го мразите режимот на Грујо...ова оди само во негов прилог, ако продолжи Заев со ова темпо на лижење гз на овие од ЕУ, нема долго да се задржи на моменталнава позиција.

Чешка, Словачка, Словенија кои се дел од ЕУ и НАТО одбија да примат бегалци, а ние ќе се правиме големи хуманитарци и ќе ги вдомуваме овде... Боже колку сме клети како народ, абе барем за вакви работи да најдевме заеднички јазик, а не да се троламе по социјалниве мрежи
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.607
Поени од реакции
35.439
после тоа, ваљда ќе ни дојдат црнци да живеат овде.
Сериозно, зошто се срамиш за вакви работи?

Јас немам баш контакти во лгбт заедницата, но можам да прашам луѓе кои знаат луѓе... Ќе ти најдеме црнец за дечко, без притоа да се досели пола Африка. Живеј малку, олабави се. ;)
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ова посебно не засега сите нас, а и вие што го мразите режимот на Грујо...ова оди само во негов прилог, ако продолжи Заев со ова темпо на лижење гз на овие од ЕУ, нема долго да се задржи на моменталнава позиција.
Баш заради ова нема ништо да биде со мигрантиве. Заради тоа дека колку и да е на изглед Заев глуп, до толку не е.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Баш заради ова нема ништо да биде со мигрантиве. Заради тоа дека колку и да е на изглед Заев глуп, до толку не е.
Ќе видиме. Ни за Грујо ни на крај памет не ни беше дека може да ја заебе земјава и народов до толку, али испадна дека можел и повеќе.
Како и да е, Заев сега за сега е ОК, коа ќе напраи срање, нема критика да го одмине, а овоа сендвичиве не ни ги разматрај за макар и малку сериозна дискуија за било што. Они да им кажат дека е добро за Грујо да се ебат у газ, утре сиве овие лицемери вазелин ќе рекламираат на Кајгана.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.639
Јас си реков, ако за тој наводниот камп во Демир Капија имаше демант лично од Оливер Спасовски дека нема такво нешто, ондак за оваа вест демантот беше овој...

Појаснување од Министерството за труд: Тенденциозно ширење страв од бегалците

Демек после сите тие пиздарии што ги направија во Европа, ние овде треба да ги пречекаме со раширени раце. Најчевска vol. 2 е образложениево... :toe:

Баш заради ова нема ништо да биде со мигрантиве. Заради тоа дека колку и да е на изглед Заев глуп, до толку не е.
Јас незнам дали Заев е глуп или паметен, али знам дека гзот му е ставен под хипотека и ќе игра како што ќе му свират одозгора. Грујо не падна ради тоа што беше голем крадец и криминалец ( и Заев е истата приказна како Николче)туку ради тоа повеќе не им идеше по ќефот на Хан, Могерини и компанија.

Зошто го зборам сето ова? Дека живеам во населба кадешто мнозинството жители се бегалците од 98/99 година, и верувајте не ми е дојдено до смеење и тролање кога разговарам на вакви теми.
Јас незнам ти @Zarniwoop во која општина/град живееш али јас лично имам искуство лице в лице како е да живееш со бегалци кои отпрво дошле на привремен престој, за да потоа добијат државјанства и се населат по државава. Јас знам како е кога наеднаш ќе ти се накотат во своето живеалиште, и јас знам (и моиве дома знаат) што маки сум имал живеејќи со нив.

Ќе повторам, ако вас ви е интересно да си го мерите на Заев, Грујо, Бранко и Љупчо, мене со овие постови воопшто не ми е тоа намерата.

И пак ќе речам, не спијте на тоа уво дека нема ништо да биде со бегалциве... Така збореа 99, 2001, 2004 па видовме до каде стигнавме...
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.536
Поени од реакции
9.428
Не е заебанција работава, па да удриме на тоа вие сте правеле вака, вие сте правеле онака. Ова е веќе сериозно, и паѓаат во вода сите предходни деманти и кажани зборови за тоа како Македонија била транзитна земја.

И да не лежиме на тоа уво дека "бегалците ќе сакаат во Германија, Шведска, Белгија...", ако им се исполни ова погоре што го болдирав, па со крст и кандило ќе неможеме да ги избркаме.

Ова посебно не засега сите нас, а и вие што го мразите режимот на Грујо...ова оди само во негов прилог, ако продолжи Заев со ова темпо на лижење гз на овие од ЕУ, нема долго да се задржи на моменталнава позиција.

Чешка, Словачка, Словенија кои се дел од ЕУ и НАТО одбија да примат бегалци, а ние ќе се правиме големи хуманитарци и ќе ги вдомуваме овде... Боже колку сме клети како народ, абе барем за вакви работи да најдевме заеднички јазик, а не да се троламе по социјалниве мрежи[/QUOTE]

на кого му објаснуваш бе брат, на куртони ? јас само се надевам во Скопје да ги населат и тоа во т.н македонски населби, вака лесно им е да се прават глупави.
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
МРАЗАМ ГЛУПИ ПЛУС НЕИНФОРМИРАНИ ЛУЃЕ !

Прво, стратегијава не се подготви у овие 2 месеци дур се СДСМ на власт, туку истата се спрема веќе година-година ипол наназад од страна на МТСП (што значи и од пресветите патриоти на ДПМНЕ), а не беше до сега донесена ради политичката криза, што значи ова не е нешто „комуњарско“.
Друга работа, се е во согласност со меѓународните договори на ОН и другите меѓународни организации што Македонија веќе ги има потпишано и ратификувано. Тоа значи дека исполнуваме обврска на која претходно сме се согласиле !

Второ,
сте прочитале за кого е наменета стратегијава ?
Знаете што значи лице со статус на бегалец, лице под супсидијарна заштита и лице барател на азил ?
Ако еден од вас без да бара прво да прочита, ми објасни што значи еден од овие статуси, ја го частам пиво.

Трето, Конвенцијата на ОН за правата на бегалците од 1951 ако не се лажам предвидуваше олеснета натурализација за оваа категорија на лица. Што е тогаш страшно ако ние стварно воведеме олеснета натурализација ?
За лица со статус бегалец и лица под супсидијарна заштита немало да се бараат документите од матичната земја, no shit Sherlock...
Да знаевте зошто се добива ваков статус и што е заебанцијата некој да ти бара да донесеш документи од матичната земја, ќе сфатевте каква глупост сме имале до сега.

Четврто, знае ли некој што уствари значи интеграција на некого во општеството ?
Друго, знаете дека веќе некои од тие мигранти од Сирија и Ирак живеат во Македонија ?
Пример, жената на полицаецот од Куманово, која бај д уеј е од Ирак !
И зошто таа да не може полесно да стекне државјанство, ако се решила дека сака навистина да остане во Македонија и да основа семејство тука ?

А зошто многу ги спомнувате бегалците од 99та, има случаи на луѓе што од тогаш живеат тука, што значи некои си 18 години, и сеуште немаат државјанство и имаат потешкотии во остварување на нивните права.

Ама зошто појма немате, а се праите генијалци и некакви си стратези, затоа се дига паника за се и сешто.

Ајде сеа гитла на читање, бар да научите што значи „бегалец“ и „лице под супсидијарна заштита“.

@bijons @пунтер @Scirea @Zarniwoop @Vanlok @Con Artist @katinakatalina и мојот омилен @Шкорпион
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.460
Поени од реакции
23.385

Ич не ми е грижа дали СДСМ или ВМРО е на власт, јас не сакам да примаме илегални мигранти. Како што ти имаш право на твое мислење јас имам на мое.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ич не ми е грижа дали СДСМ или ВМРО е на власт, јас не сакам да примаме илегални мигранти. Како што ти имаш право на твое мислење јас имам на мое.
Прво, кој рече дека ќе примаме илегални мигранти ?
Ја убаво викам елементарни работи не разбирате...
Стратегијава се однесува на: лица со признаен статус на бегалец, лица под супсидијарна заштита и лице барател на азил.
Овие 3 категории на лица не се „нелегални мигранти“, баш напротив.
Мешате основни работи, со кои нормално не сте имале допир и нормално е да немате толкаво знаење за оваа материја, ама баш затоа воздржете се од глупи коментари.

Друга работа, пак ќе прашам, знаете ли што значи интеграција на некого во општеството ?

Трето, се тоа ја што го зборам е аргументирано, за разлика од твоето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom