Патор 2.0
http://telma.com.mk/vesti/zaev-vladata-kje-finansira-besplatno-letuvanje-za-35000-rabotnici
Заев: Владата ќе финансира бесплатно летување за 35.000 работници
...и сладолед од скапиот ќе има. Мрш упм!
Прими го моето сочувство ако ти требаа 51 ден за да пристигнеш во реалниот свет, но подобро доцна отколку никогаш.
Како и да е, добредојде во реалноста.
Овој народ освен популистички мерки од друго не се разбира, austerity и fiscal responsibility се непознати ванземалјски зборови. Но такви како што се друго и не заслужуваат.
Воопшто не се странски зборови, македонскиот збор за austerity е буџетско кастрење со цел заштеда на финансиски средства, а македонскиот збор за fiscal responsibility е фискална одговорност и подразбира редовно плаќање на даноците и подмирување на долговите.
И ниту еден од овие два изрази не е непознат за Македонците, ја имавме буџетската дупка која плавите жолтици ја пополнуваа од 2002 до 2006 година со ангажмани од ММФ и Светска Банка, а барем досега не сум слушнал да вриело во македонските затвори од даночни затајувачи.
А кога сме кај (ре)дистрибуцијата на "бесплатниот" оброк, тоа го има насекаде, побарај само колкумина се зависници од социјална помош и бонови за храна во САД, речиси секој имигрант кој доаѓа од Латинска Америка првото нешто што го прави е аплицирање за социјална помош и за бонови, особено во златната Калифорнија, која е самопрогласена држава засолниште за имигранти, каде што легалниот статус на имигрантот не може да биде легален фактор за негово приведување и депортирање доколку нелегално престојува во САД или со истечена виза.
...
тој "патор систем" фати - кај што оној застана, овој продолжи.
Уште еднаш: добредојде во реалноста.