Мене не ми се.
Сакам да ме сфатиш, да се потрудиш. Р'чкање, пикање прст у око, провокации, националистички текстови со омраза, кршење или поставување плочи со сомнителна историска порака јас не ги разбирам ни како имање и покажување сила, ниту како патриотизам, ниту како храброст. Тоа е обично простачко кошкање кое има за цел да држи тензија и назадување на земјава. Да биде изговор дека "некој не мрази и заради тоа не сме добредојдени во ЕУ и други организации".
Кога си бил последен пат накај Софија? Патот личи како да е меѓу Н'џамена и некој друг соседен главен град од третиот свет. Кога ќе ја пројдеш границата, те ловат џандари за да те казнат.
Официјалните политики мора да се нормализираат и да се разговара за економија, врски, инвестиции, енергетика пошо и они и ние тонеме како Титаник. Бугарија има скоро два милиони исселени луѓе од 90-тите наваму. И тие интерно си го лажат сиромашниот народ со историски санстефански бугарии и слична научна фантастика.
Јас очекувам повеќе договоров да е политички, отколку да "решава" историски прашања, ама ПАК ЌЕ ПОВТОРАМ - НЕ СУМ ГО ВИДЕЛ, А И ТИ ИСТО И ДОСТА ВАДИШ ЗАКЛУЧОЦИ НА НЕВИДЕНО!
Да го видиме договорот, па да коментираме.
"Браќа" би станале со нив, единствено ако дозволиме она фашистичко кичевско ѓубре остане во политиката и некогаш пак дојде на власт, наместо да гние по зандани.