Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Генијално. Вредеше чекањето.

Ова е врв на филмската уметност [emoji122][emoji122][emoji122]
 
Почетната сцена со Ајра беше врв, таман за отскок на нова сезона. Уште од старт да покажат кој е главен.
Исто така, делот со Сем - мајсторска режија, иако досега безброј пати видена, сепак класика која сеогаш задоволува.
Ме интересира како планира Серси да создаде нови сојузи после сите срања со сите кралства. Претпоставувам дека Грејџој ќе направи нешто доволно брутално и гнасно за да и' ги исполни стандардите.
Едвај чекам да видам што ќе бидне со Бран, како ќе се вклопи во сценариото на Џон и Санса.

Многу многу ми се допадна музиката, успеале ептен да ја издраматизираат атмосферата и зголемат монументалноста на случките. (y)
 
Нешто не ми е јасно, џинот умре во замокот, како се најде дури позади ѕидот?

Серси од друга страна само со овој со големиот пенис ќе биде изгледа, кој ја врти дај боже да има понатака како и лета главата ама буквално.
 
Нешто не ми е јасно, џинот умре во замокот, како се најде дури позади ѕидот?
.

Не беше тоа Wun Wun, тоа беа други џинови што умреле од другата страна на ѕидот и Најт Кинг ги нашол оти никој не ги изгорел, hence, станале зомби
 
Ед Ширан и дебелконо што сака да е доктор

giphy.gif
 
А шо креваат галама сите со Ед Ширин не ми е јасно, го донеле оти некоја од актеркиве, Арја или Санса шо знам, била голем фан, голем кур, сите гомна јадат по социјалниве мрежи. Coldplay и Of monsters and Man исто имаа камео па никој ништо не рече.
 
Седма сезона гледате веќе бе. И да не ја сфатите поентата на сцената со Сем и што се прави? :pos:

Иначе Санса верувам дека не е глупа, а секако и нејзината страна држеше вода за тоа со Џон. Има и она доста видено и знае до негде како функционираат работите. Плус бар од тоа како прикажуваат, го има Литлфингер на малото прсте. Се надевам така и ќе испадне, затоа што овој го чека секој момент на слабост за да искористи и да ја сврти против Џон.
 
не знам што не ви е јасно со Арја, девојчето буквално има БОГ на нејзина страна...е сега што подетално не е објаснето сето тоа како фунционира е друга приказна.
 
Сезонава ко што ќе има и доста временски скокови, едвај чекам да почнат и најглупите муабети, дека не можеле во една епизода да стигнат од локација х до локација у :icon_mrgr:
 
Од прва епизода исфураа со ујачаниот феминизам. (n)

Од сцената на Северот кај што Џон вика дека може и жени да се борат, па мини лејди Мормонт повторно ја ставаат во центарот на вниманието, преку Бриен, Санса, Серсеи и на крај Калиси.

Некогаш убаво е да правиш fan pleasure работи, ама некад е нападно, ко со девојчево Мормонт. Сфативме дека е мадафакер и не мора нонстоп да го повторуваат истото. Единствено ќе им држи вода тоа ако се обвистини теоријата дека татко и е the fucker of the Bear. :D

И секако не испуштија да го дојачаат најглупо и највештачки исхајпаниот лик во минатите 2 сезони - Серсеи Ланистер. Па и Јурон, најголемиот мадафакер што морињата на Вестерос го виделе и се потценува на Серсеи дека ќе и го донесе Тирион за она лично да го убие, за да му стане сојузник. Well, штом веќе е способен да го киднапира тирион ваљда е способен и Калиси да ја кокне?

Покрај тоа беше добра епизодата, Hound, Beric и Thoros се фантастична дружина, Сем беше океј, видовме нешто битно, дека таму е сега Џорах.

Исто Ед Ширан беше супер, делот со Калиси беа најдосадните минути во епизодата и така...

The North Remembers. :pijani:
 
Ова со малата стварно доста го тегнеа. Еднаш, двапати, ај и трипати се истопорува над сите, али уште еднаш ако ја искористат нејзе за таква ситуација - (n).
Тормунд и Бриен ќе ги разделат ... :(
 
Одлична епизода. Малку ме зачуди на забавата на Фреј како сите успеаја да јадат/пијат од отруената храна и не остана барем еден да се обиде да ја убие Арја.. Малку преувеличено, но мислам дека досега и требаше да сфатам веќе дека нејзиниот лик е од типот на Џејмс Бонд, што и да биде секогаш вади жива глава.. [emoji19]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom