Абе зошто се правите како од Марс паднати? Сега на тоа се сведе критериумот, распукале ама битно останале? Па за таков критериум дај им на деца од средно градежно, ќе ти го завршат проектот за 10 пати помала сума. Не може плус нова градба туку така да прокишњава, кофи да има внатре и околу вирови да се прават. Кој е крив тоа не знам, си имаше тендери, тие знаат на кого си дале, нека си бркаат одговорност.
Ајде и тебе прост муабет како на овој подоле со културното наследство. Реновираш дома, виаш мајстори кои солено ги плаќаш. После година дена некаде, на првиот посилен дожд мораш да ставаш кофи затоа што плафонот е утоп направен и ти тече на паркет. Ќе викаш па мора така или ќе му се јавиш на главниот нивни се по список ќе му наредиш?
Чика, муабетот беше за она што вие го сметате за културно наследство, а не да одиме градба по градба со муабетов. Прво ти викам дека стиропор глупостите не се културно наследство, ти ми викаш кружните текови дали биле добри. Ти кажувам дека биле добри, ти ми викаш филхармонијата и автобусите какви биле
Во филхармонијата искрено не сум била, автобусите се просек, ни wow ама ни лоши, како за кинеска донација може да пројдат, но за Скопје како град и за Балканците како народ со таква физичка конституција, не се. Тие што ги возат приватњаците подобри се во смисла дека се пошироки, имаш повеќе простор за нозете и повисок човек не би имал проблеми.
Која наредна градба ќе ја дискутираме, обвинителство или стадионот?