Мој роднина на 40 и кусур години зеде преку стројници жена од Албанија, значи овие девојки (кои се најчесто стари-моми во не баш така млади годинки) се исклучиво наменети за брак, а не за една вечер клацкање, ниту пак за привремена врска !
Потекнуваат од најсиромашните рурални региони на соседна Албанија, претежно се со низок образовен и низок социо-економски статус, а потекнуваат и од исто такви семејства !
Парите инаку семејството на момчето од Македонија му ги дава на стројникот наменет за таа работа, да оди и да ја пронајде девојката во Албанија, стројникот ги зема парите, а не момата, ниту пак нејзиното семејство !
Најчесто ги земаат лица ергени Православни Македонци кои се преку 40 год. и живеат во претежно руралните предели од државава, а најчесто ергените кои ги земаат овие моми за жени живеат во селата во Охридско, Ресенско, Битолско, Прилепско и.т.н.
Девојките инаку се претежно од Христијанска религија, но и покрај тоа што се Христијанки сепак се вистински машини за раѓање на деца, на мојот роднина му роди жената 3 деца за три години едно по друго здрави и прави се сите, а може ќе одат и на 4 кој ги знае !
П.С. Можеби на нас градските деца сево ова ни звучи чудно и смешно, но на некој што живее во село ова погоре опишаново е премија живот !