Богатите и развиените држави функционираат успешно бидејќи таму власта им дава слобода на луѓето и на капиталот за слободно да се движи, а не да го држи како владејачки талисман.
Редистрибуцијата на капиталот е социјалистичка карактеристика, а одлично знаеме како тоа резултираше во поранешниот Советски Сојуз и во поранешна Југославија.
Па да, имаше доста удобна идила, како бубрег во лој - за партнерите и пулените на пвеводбениците. Проблемот, како што спомнува @
StefusRefus, е во тоа што со продолжување на политиките на претходниците со редистрибуцијата на капиталот, не само зајко кукурајко и плавите жолтици, туку и било која идна влада на Македонија, само ги продолжува досегашните политики кои воопшто не се продуктивни и на ама баш никаков начин не помагаат за економскиот напредок и за развој на бизнисот во Македонија.
Пастирот и пвеводбениците милуваа да ги намалуваат даноците, а да ги зголемуваат казните. Зајко кукурајко и плавите жолтици милуваат да ги намалуваат казните, а да ги зголемуваат даноците.
Со ваква редистрибуција на капиталот го повторуваме истиот круг - во обратен правец, но на крајот пак завршуваме на истиот почеток-крај на кругот.