На навивачката група на Манчестер Јунајтед од Словенија ѝ се случило нешто сосема друго. На педесетина навивачи кои биле уредно пријавени за доаѓање во Скопје со автобуски превоз, со резервирани и платени хотелски соби, одеднаш нашите хотелиери им вадат информација дека златната картичка на операторот кој ја води групата во Скопје, нема покритие и не може да бидат повлечени пари од сметката. Инаку, се знае како, кому и на кој начин му се издава златна картичка. На оние со дебело банковно конто. Но тоа не важи за скопските хотелиери, кои и во овој случај посакале да се збогатат. На Словенците им е кажано повторно да аплицираат, но со други цени, далеку повисоки од првичните. Секако, нема да се случи тоа и групата „Јунајтед“ од Словенија во моментов бара алтернатива за сместување.
„Да ни ја дадеа цената на почеток, веројатно, ќе платевме, но не на ваков начин“, реагирале Словенците.