Излишно е да се набројува зошто кај секој христијанин Велики Петок е најтажен ден во годината и зошто овој ден има посебно значење во споредба со сите други.
Знам случаи кај што Албанци муслимани не пуштаат гласна музика и не праат галама на Велики Петок, пошто е најпосен, траорен ден за нивните комшии христијани. Знам доста луѓе кои не се нешто многу по религијата, не постат и не фермаат празници, али на Велики Петок постат, само на тој еден ден во годината.
Има разни луѓе атеисти и друговерци, не се сите христијани, ама никад не би си помислил дека врвот на една загрижена демохристијанска партија, до толку не го ферма ова, па да прави милениумски гозби со секакво месо и алкохол баш на Велики Петок.
Еве на страна тоа што фештата УБК (еј У Б К !) ја прави утре дента по Смилковско. Чисто од христијански аспект, ми е незамисливо. Но тоа сум само ја, другите кур ги боли.